Author: dino

Каспер Руд откако го победи Роберто Баутиста и се пласираше во третото коло на тенискиот Мастерс во Монте Карло, вели дека не чувствува посебен притисок. „Мислам дека сфатив ако бркаш рејтинзи секоја недела, во одреден момент тоа ќе те здроби. Веќе постигнав многу во однос на рејтингот“ – рече Руд. „Знам дека можам да се претставам добро и на тврди терени но, земјената подлога е мојата омилена . Има многу значајни турнири“ – рече Руд.

Read More

Македонија обезбеди лесна победа против Јужна Африка на стартот на Били Џин Кинг купот кој се реализира во Ларнака – Кипар. Магдалена Стоилковска за само четириесетина минути ја совлада Дона Ле Ру со убедливи 6-3 и 6-0 додека Лина Ѓорческа беше сигурна против Мари Луи ван Зил и победи со 6-2 и 6-1.Со тоа мечот во двојки ќе нема значење. Нашите тенисерки утре во второто коло ќе се сретнат со селекцијата на Норвешка. Скандинавките на стартот очекувано ја добија пресметката со Косово.

Read More

Европски младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025 ќе се одржи во Македонија од 20 до 26 јули. За подготовките околу најголемиот спортски настан во државата досега, разговаравме со Извршниот директор на ЕМОФ, Александар Богоевски. „Деновиве ќе организираме семинар на кој претставниците од 48 делегации ќе имаат можност да се запознаат со градовите-домаќини, спортските објекти и целокупната организација. В сабота ќе организираме и хуманитарен меч во баскет 3х3. Влегуваме во завршната фаза од подготовките за големиот настан кој треба да донесе бенифит за Македонија и за Скопје од економски и туристички аспект“ – вели Богоевски во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.…

Read More

Легендарниот фудбалер, Гери Невил, проценува дека тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, мора да купи најмалку 4-5 играчи ако сака да ја користи неговата омилена шема со тројца напаѓачи. „ Жозе Мурињо, Оле Гунар Солскјаер и Ерик тен Хаг дојдоа со намера да играат фудбал со висок пресинг, но, на крајот сите се потпираа на дефанзива. Аморим виде дека го нема потребниот квалитет“ – рече Невил. „Мислам дека ќе мора да купат повеќе играчи доколку сакаат да бидат добри во напаѓачка формација“ – потенцираше Невил.

Read More

Весникот – „Сан“ објави дека Андреа Берта, новиот спортски директор на Арсенал, сака да купи најмалку тројца фудбалери во летниот преоден рок. Според наведеното во текстот, станува збор за  Мартин Зубименди од Реал Сосиедад (50 милиони фунти), напаѓачот на Спортинг (Лисабон) Виктор Ѓокерес, (84 милиони фунти) и брзоногото крило на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, (49 милиони фунти). Претходно беше објавено дека „топчиите“ планираат да се разделат со неколку играчи меѓу кои се Жезус, Тросар, Зиченко и Парти.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Рома, Клаудио Раниери, вели дека е задоволен по ремито со Јувентус иако поделбата на бодовите не му одговара ниту на неговиот тим ниту на „старата дама“. „Очекував да играат по страничните позиции. Мислам дека Јуве може да заврши во топ-4“ – вели Раниери. „Имавме шанси и успеавме да изедначиме. Иако ја посакувавме победата, добро е што не го загубивме мечот“ – рече Раниери по ремитот со Јуве.

Read More

Напаѓачот на Милан, Тами Абрахам, проценува дека „росонерите“ се подготвени да направат одличен финиш на сезоната и да се изборат за место во европските фудбалски купови за наредната сезона. „Секој натпревар ќе биде како финале и ќе има големо значење. Милан секогаш има амбиции да игра во меѓународната конкуренција и да освојува трофеи“ – рече Абрахам. Неговиот тим по 31 коло во Серија „А“ се наоѓа дури на 9-то место на табелата со теоретски шанси да избори евро-виза.

Read More

Екипите на Јанта Волеј и Наковски Волеј ќе играат во финалето во женска конкуренција во одбојкарскиот Куп на Македонија. Наковски Волеј ја потврди фаворитската улога против Фит Фан Волеј со 3-0 со 25:14, 25:21, 25:18 додека Јанта Волеј беше подобар од Работнички со 3-0 (26:24, 25:11, 25:19) Финалните мечеви во двете конкуренции се закажани за в сабота. Од 16.00 ќе играат Јанта Волеј и Наковски Волеј додека од 19.00 часот кај мажите ќе се сретнат Штип УГД и Струмица.

Read More

Пивотменот од Полска, Виктор Јанковски, се согласил да дојде во Скопје и од наредната сезона да го носи дресот на ракометниот состав Вардар, објавија „црвено-црните“ на официјалниот веб-портал на клубот. 23-годишниот играч кој е висок 200 сантиметри треба да биде големо засилување како во нападот така и во одбраната. Тој во моментов игра за полскиот состав Квиџин а претходно бил дел и од екипата на Висла во Лигата на шампионите. Јанковски во последниве неколку години се појавува на поширокиот список на селекцијата на Полска

Read More

Македонската фудбалска репрезентација остана на 67-то место на новата ранг листа на светската фудбалска асоцијација – ФИФА. Избраниците на селекторот, Благоја Милевски, во последните два меча го совладаа Лихтенштајн на гостински терен и ремизираа со Велс на Арената во Скопје. Еве ги и позициите на нашите противници во тековните квалификации за Мундијалот во 2026. Првиот фаворит во групата, Белгија го има осмото место. Велшаните се 29-ти, Казахстан е 113 –ти а Лихтенштајн е рангиран на 205-то место. Листата на ФИФА ја предводи  светскиот шампион Аргентина пред Шпанија, Франција, Англија и Бразил.

Read More