Франција ќе биде домаќин на Зимските Олимписки Игри во 2030 година откако беа потврдени сите финансиски гаранции. Земјата на „галските петли“ беше условно избрана во јули минатата година а потврдата дојде откако се исполнети сите барања на ИОК.
„Исклучително сме задоволни. Разговаравме за повеќе услови кои се исполнети со обезбедени дополнителни гаранции. Тоа овозможи да се потпише договорот“ – рече Кристоф Дуби.
Франција ги организираше Зимските игри во Шамони во 1924 година, Гренобл во 1968 година и Албервил во 1992 година.

