Нашиот тенисер, Калин Ивановски, влезе во финалето на турнирот во Опатија кој има награден фонд од 15.000 долари. Тој денеска славеше против Михаел Врбенски со 2-1 откако ги доби првиот и третиот сет со 6:4 и 6:3. Ивановски утре ќе игра со Лука Микрут. Хрватот денеска немаше тешка задача против Перез Контри и успеа да слави лесна победа со 2:0 во сетови.
Author: dino
Екипата на Манчестер Сити по подолг период е надвор од трката за титулата во Премиер-лигата бидејќи има крајно разочарувачка сезона. Избраниците на Пеп Гвардиола згора на тоа ќе мора и грчевито да се борат за да обезбедат место во Лигата на шампионите за наредната сезона. Тоа максимално влијае кај фудбалерите кои не кријат дека се разочарани од досегашниот ефект. Тоа го потенцира и Фил Фоден. „ Значајно е да ја научиме лекцијата. Треба да останеме позитивни и да веруваме во се што сме направиле “ – рече играчот на „граѓаните“.
Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, се соочува со одредени проблеми во ростерот пред утрешниот меч со Удинез во новото коло во Серија „А“. „Нероаѕурите“ кои се во трката за титулата ќе ги немаат на располагање: Лаутаро Мартинез, Дензел Дамфрис и Пјотр Зиелински. Тие не се појавија на вчерашниот тренинг. Мартинез лекува стара повреда, Дамфрис има мускулен проблем на десната нога и ќе отсуствува од терените неколку недели. Зиелински веројатно нема да игра до крајот на наредниот месец.
Италијанските медиуми тврдат дека челниците на Милан ќе направат голема реконструкција во текот на летото. Тие тврдат дека тренерот, Серхио Консеисао, ќе си замине и дека „росонерите“ со ново име на клупата ќе ја започнат наредната сезона. Италијанскиот тим сака да направи и големи промени во ростерот и планира да купи 5-6 фудбалери. Прв на листата е Сандро Тонали од Њукасл. 24-годишниот играч од средниот ред беше дел од Милан пред да се пресели на „Сент Џејмс Парк“ во 2023. Покрај него се споменуваат и Самуел Ричи од Торино , Лоренцо Лука (Удинезе) и Џовани Фабијан од екипата на Болоња.
Селекторот на нашата женска репрезентација, Кристијан Грчевски, го објави списокот на ракометарки за баражот со Полска за место на Светското првенство. Првиот меч ќе биде одигран во Полска на 9 април додека реваншот ќе биде три дена подоцна во Битола. Еве го списокот на ракометарки:
Тренерот на ракометарите Алкалоид, Кире Лазаров, иако се соочува со одредени проблеми во ростерот, верува дека неговите избраници ќе успеат да ја остварат целта на реваншот со Баја Маре и да го продолжат престојот во Европскиот Куп на ЕХФ. „Овој меч е со големо значење како за клубот, така и за македонскиот ракомет и спорт и многу претпазливо ќе влеземе во реваншот со Баја Маре. Сакам да ја искористам приликата да им честитам на моите играчи за сето она што го доживеаја и поминаа пред, за време и по мечот против една незгодна романска екипа и начинот кој се функционира…
Ракометарот на Алкалоид, Марко Стојковиќ, очекува со помош на публиката да се забележи поволен резултат на реваншот со Баја Маре и да се обезбеди место меѓу најдобрите четири во Европскиот Куп на ЕХФ. „Најпрво сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите во Кочани, на повредените им посакувам брзо опоравување, во мое име и во името на сите ракометари на Аклкалоид. Го анализиравме противникот и максимално се подготвуваме за да извлечеме позитивен резултат. Ја повикувам публиката да дојде во голем број и да ни даде поддршка, за на крајот заедно да славиме“ – вели Стојковиќ. Алкалоид доколку ги помине Романците,…
Италијанскиот новинар, Џанлуиџи Лонгари, објави дека Стефано Пиоли нема намера да го продолжи престојот во Саудиска Арабија и дека очекува повик од Рома. Поранешниот тренер на Милан и Лацио не е задоволен како се одвиваат работите во Ал Наср и размислува да се врати во Европа. Познато е дека „Римската волчица“ интензивно бара тренер кој ќе го замени Клаудио Раниери. Искусниот стратег од јуни ќе се активира во раководниот дел на клубот од Рим.
Италијанскиот елитен фудбалски состав Јувентус ќе се обиде да ја засили дефанзивата со ангжман на играчот на Реал Мадрид, Дани Себаљос, наведуваат дел од медиумите на „Чизмата“. Според нив, 29-годишниот играч има отворена врата да си замине од стадионот – „Сантијаго Бернабе“ и да се пресели во Италија. Шпанците за неговиот потпис бараат 15 милиони евра што не би требало да биде проблем за „старата дама“ од Торино.
Фудбалерот на Вест Хем, Мохамед Кудус, може да добие понуда да се пресели во Саудиска Арабија во екипата на Ал Наср. Клубот во кој игра Кристијано Роналдо е подготвен да понуди 84 милиони фунти за играчот од средниот ред на „чеканите“. Интернационалецот од Гана во тековнава сезона во Премиер лигата одигра 24 натпревари, постигна 3 гола и направи една асистенција.
