Author: dino

NBA

Паоло Банчеро прикажува одлични партии во континуитет кон крајот на сезоната во најсилната светска кошаркарска лига. Играчот на Орландо дојде до најмалку 30 поени во серија на четири натпревари во НБА лигата. Тој на мечот со Шарлот имаше 32 коша, 7 скокови и 6 асистенции. Статистиката вели дека Банчеро имаше 24 шутеви од поле а погоди 13, од осум обиди имаше две тројки а од линијата за слободни имаше четири погодени од шест удари.

Read More
NBA

Кошаркарот на Мајами, Бам Адебајо, ја коментираше големата победа против Голден Стејт во текот на ноќта. „ Имавме 10 порази по ред но, сега направивме две победи. Игравме енергично. Имаше многу необични емоции околу натпреварот. Очајнички се обидуваме да извојуваме победи“  – рече Адебајо. „Денешниот настап ќе им помогне на момците да повторно да ја вратат самодовербата .Среќни сме што победивме“ – потенцираше центарот на Хит.

Read More

Нашите најдобри фудбалери одиграа нерешено со Велс во второто коло во квалификациите за Мундијалот во 2026 година. Во крајно изедначен меч на Арената во Скопје, вистинска драма се случи во судиското надополнување. Прво Бојан Миовски искористи голема грешка на гостинските фудбалери и погоди за 1-0 по што следеа серија на напади на Велшани кои успеаја да изедначат со погодокот на Брукс буквално на само неколку секунди пред последниот знак на судијата за крај на мечот. Во 59-тата минута од натпреварот присутните на Арената во Скопје со аплауз и блицеви од телефоните им оддадоа почит на 59-те починати во трагедијата во…

Read More

Кочанскиот кошаркарски тим Баскет Дино кој загуби еден играч во трагедијата во дискотеката а еден е на лекување заедно со шефот на стручниот штаб, треба да ги одигра последните два меча во третата лига. Според објавеното, екипите на Шкупи и на Струмица Ролинг, ќе ги организираат мечевите на домашен терен во знак на солидарност, поддршка и помош кон ривалот од Кочани, кој патем кажано според распоредот требаше да му биде домаќин на Шкупи. Затоа влезот за мечот во СРЦ Кале ќе биде бесплатен додека во Струмица ќе се наплаќа влезница од 100 денари а целиот приход ќе биде дониран. Исто…

Read More

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки: -Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за распределба на средствата наменети за солидарна шема на УЕФА за сезоната 2024/25 во висина од 1.811.000 евра. Средствата ќе бидат распределени на клубовите од Прва МФЛ кои ќе ги исполнат критериумите за натпреварувачата сезона (програма за развој и минимум правни информации). Средствата ќе бидат распределени подеднакво, односно секој клуб ќе добие по 150.916,00 евра.  Леонид Јандреоски е назначен за прв оперативец во „Куќа на фудбалот“ со мандат од четири години. Toj е дипломиран економист со магистарски студии на економскиот факултет во Љубљана, во областа спортски…

Read More

Селекторот на фудбалерите на Велс, Крег Белами, на денешната средба со новинарите проговори за трагедијата во Кочани. „Пред се, би сакал да изразам сочувство на семејствата на жртвите на трагедијата во Македонија. Знаеме низ што поминува земјата и целиот народ, ние во Велс се имаме соочено со многу трагедии, па сакам во името на целиот Велс да кажам дека жалиме со вас заради трагедијата“ – рече меѓу другото Белами. Ќе потсетиме дека ФФМ претходно донесе одлука целиот приход од квалификацискиот меч меѓу Македонија и Велс на Арената во Скопје да биде дониран за семејствата погодени од трагедијата во Кочани.

Read More

Соопштение од Фудбалска федерација на Македонија во врска со приведувањето на директорот на репрезентацијата, Данчо Масев.-Истакнуваме дека Фудбалската федерација на Македонија нема информации за неговите лични постапки и активности кои довеле до оваа ситуација. Со оглед на ситуацијата, неговите активности во рамки на Федерацијата престанаа со моментален ефект, односно пред повеќе од една седмица. Како институција која се придржува до принципите на законитост и интегритет, случајот го оставаме на органите на Законот во државата. Нашиот фокус е насочен кон организацијата и подготовката на натпреварот Македонија – Велс, без да се акцентираат личните постапки, а било каква одговорност ќе биде утврдена…

Read More

Фудбалерите на Македонија утре ќе го пречекаат Велс во рамките на втората рунда од квалификациите за Мундијалот. Нашиот селектор, Благоја Милевски, вели дека сме подготвени иако се знае под какви околности го започнавме циклусот. „Треба да бидеме совршени на тактички план и во тркачкиот дел и секако мора да бидеме максимално фокусирани ако сакаме да се надеваме на позитивен резултат. Пред мечот со Лихтенштај и сега, емоциите се тука, мислам дека самата подготовка за овие натпревари е посебна тешка за мене и фудбалерите“ – рече Милевски. „Околностите за жал се тие, се надевам дека никогаш повторно нема да се соочиме со такво…

Read More

Нашиот фудбалски репрезентативен голман Столе Димитриевски, в пресрет на утрешниот меч со Велс во 2 коло во квалификациите за Светското првенство, објасни како се чувствувал пред воведниот дуел во Вадуц. „Пред натпреварот со Лихтенштајн беше тешко поради трагедијата. По случувањата во претходните денови ми беше тешко да заспијам, бидејќи бев емотивен по тоа што го видов. Сега на Македонија и на народот му треба љубов. Треба да бидеме сплотени сите заедно, целиот народ. Во овој момент не помага ништо, па можеме да дадеме само љубов“ – рече Димитриевски. Мечот меѓу Македонија и Велс ќе биде одигран утре од 20.45 часот…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација У 17 одигра нерешено против Шкотска 2:2 и го освои првиот бод на стартот на квалификацискиот турнир за место на Европското првенство. Головите за Македонија ги постигнаа Марковски во 40-та минута и Џаку во 83-та додека стрелци за домаќинот на турнирот беа Бојд во 52-та и Хогард во 80-та минута. Во вториот меч во нашата група селекцијата на Романија го совлада Лихтенштајн со убедливи 10:0. Во второто коло закажано за 22 март, ние ќе играме со аутсајдерот Лихтенштајн додека Романците ќе се сретнат со Шкотска. Ќе потсетиме дека само победникот од секоја група ќе оди на континеталниот…

Read More