Author: dino

Поранешниот фудбалер, Масимо Карера, проговори за шансите на Аталанта во трката за шампионската титула во тековнава сезона од италијанската Серија А. Неговата изјава доаѓа по убедливата победа на тимот од Бергамо на гостувањето кај Јувентус (4:0) во натпревар од 28. коло. „Дали Аталанта може да се бори за шампионската титула? Победата против Јувентус покажа дека ги има сите потребни квалитети“ – изјави Карера кој играше за Аталанта од 1996 до 2003 година.

Read More

Манчестер Јунајтед би можел да добие само 20 милиони фунти за продажбата на Маркус Рашфорд. 27-годишниот фудбалер игра на позајмица во Астон Вила а клубот од Бирмингем кој покрива 75% од неговата плата, има опција да го купи за 40 милиони фунти. Јунајтед за да го надомести намалувањето на платата при евентуалниот трансфер, ќе мора да му плати одредена сума на играчот, пишува Дејли Мејл. Висината на отштетата би можела да достигне 20 милиони фунти што значи дека приходите на клубот од продажбата на фудбалерот ќе бидат намалени за половина. 

Read More

Поранешниот претседател на фудбалскиот состав Јувентус, Андреа Ањели би можел да се врати во клубот на чело на група инвеститори кои ќе ја преземат контролата од Ексор, пишува – „Corriere dello Sport“. Тој со целиот одбор на директори поднесоа оставка во ноември 2022 година по истрагата за финансиски малверзации. Ањели доби двегодишна суспензија додека Јувентус доби казна од 10 бодови за сезоната 2022-2023 и беше исклучен од европските натпреварувања.

Read More

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне зборуваше откако неговиот тим беше елиминиран од Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите. „Не би зборувал за среќа. Повеќе би сакал да зборувам за тоа колку сум горд на нашиот тим“ – изјави Симеоне. „Одлично ја контролиравме играта и имавме можности да го зголемиме резултатот, но ни недостигаше завршница. Противникот го имаше поседот на топката, но не создаде прилики за гол“ – рече Симеоне.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета се осврна на ремито со ПСВ во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Неговиот состав по триумфот во Холандија со 7-1 и нерешените 2:2 на домашен терен, сигурно влезе во наредната фаза во елитата на Европа. „Втора последователна сезона стигнуваме до четвртфиналето на Лигата на шампионите. Почнавме добро, постигнавме гол, двапати бевме во предност, но за жал не можевме да победиме. Играчите изгледаа уморни во вториот дел“ – изјави Артета.

Read More

Ал Хилал од Саудиска Арабија дал првична понуда од над 20 милиони евра за капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк, пренесува француското издание – „L’Equipe“. Според изворот, фудбалерот не донел конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата иако договорот му истекува кон средината на оваа година. 33-годишниот дефанзивец сезонава во Премиер лигата одигра 29 натпревари за Ливерпул.

Read More

Фудбалерот на Ливерпил, Трент Александер-Арнолд, сигурно ќе го пропушти неделното финале на Карабао против Њукасл но, во  неговата состојба не е загрижувачка покажале последните тестовите. Aнглискиот репрезентативец заработи повреда на скочниот зглоб на мечот од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен. Се очекува Трент по кратка пауза да се врати на терените и да ја доигра сезоната.

Read More

Нашите најдобри ракометари го забележаа и вториот пораз во квалификациската група за пласман на Европското првенство во 2026 година. Тие денеска загубија на домашен терен од Словенија со 32-26. Избраниците на селекторот, Кире Лазаров, добро го отворија мечот и заминаа на пауза со минимална предност 16:15. Сликата тотално се промени во вториот дел кога Словенија наметна брз експлозивен ракомет и успеа да направи одлична позитива со која ги освои бодовите. Кај нас Филип Кузмановски беше најефикасен со десет голови, Митев имаше пет додека  Пешевски застана на четири. Во вториот меч во нашата група Литванија славеше убедливо на теренот на Естонија…

Read More
NBA

Мо Бамба ќе добие шанса да се пробие во првиот тим на Њу Орлеанс Пеликанс. Центарот (26 години, 213 см) се откажа од ангажман во Јута откако беше трејдуван од Клиперс. Бамба во сезонава има просек од 4,6 поени, 4,3 скока и 1 блокада. Претходно беше објавено дека кошаркарот остатокот од сезоната ќе го помине во вториот состав на Пеликанс, но, сега ќе добие можност да се покаже во ротацијата на главниот тим. Бамба имаше просек од 21 поен, 14,5 скока и 1,8 блокади на четири натпревари во Г-лигата.

Read More

Менаџерот на Интер, Симоне Инзаги размислува да го остави  Лаутаро Мартинез на клупата за претстојниот реванш со Феенорд во Лигата на шампионите. Нероаѕурите победија со 2-0 во првиот натпревар во Холандија и менаџерот може да го одмори аргентинскиот напаѓач кој вчера не тренираше. Инзаги може да им даде одмор и на Хакан Чалханоглу и Стефан де Фриј. Мечот со Феенорд поради повреда сигурно ќе го пропуштат:  Пјотр Зиелински, Федерико Димарко, Матео Дармијан и Никола Залевски.

Read More