Фудбалскиот клуб Тиквеш отвори книга на жалост во чест на трагично загинатиот фудбалер во пожарот во Кочани, Андреј Лазаров. 25-годишниот Андреј кој потекнува од Кочани до трагичниот настан го носеше дресот на Шкупи а во нашава земја има играно и за Металург, Тиквеш и Работнички. Лазаров во еден период од кариерата играше за Горица и Рудеш од Хрватска кои исто така се огласија преку социјалните мрежи и му одадоа почита на нашиот фудбалер.
Author: dino
Извршниот директор на екипата на – „Mercedes“ во Формула 1, Тото Волф, изјави дека тимот не планира да ги насочи сите ресурси кон болидот кој ќе се користи во 2026 година се додека постојат шанси да се забележи успех во тековнава сезона. „Во последната година од сегашните технички прописи, со такви значајни промени кои претстојат, тимот секогаш мора да се обиде да одржува оптимален баланс“ – вели Волф. „Изгледаме многу добро во однос на брзината во квалификациите. Сепак во однос на темпото на долги растојанија, имаме уште многу да откриеме“ – рече Волф.
Легендарниот фудбалер, Андрес Иниеста, се наврати на времето поминато во дресот на шпанскиот гигант, Барселона, кога тренер на Каталонците беше Пеп Гвaрдиола. „Гвардиола стана наш тренер во 2008 година. Од самиот почеток почувствував дека ни претстои апсолутен успех. За мене лично, беше неверојатна вест. Чувствував огромна посветеност, убедување, неопислива мотивација“ – рече Иниеста. „Пеп размислуваше за се, од одбраната и позициите во средниот ред до тоа што требаше да направат напаѓачите“ – рече поранешниот играч за врска на Барселона.
Во пресрет на натпреварот Лихтенштајн -Македонија на 22. март во Вадуц, прв од квалификациите за Мундијалот во 2026 година, нашиот репрезентативец, Јован Манев, зборуваше за претстојниот предизвик и за тешките моменти низ кои поминува тој и целата нација по големата трагедија што ја потресе јавноста. Манев во изјавата за официјалниот сајт на ФФМ, со емоции истакна дека доколку добие шанса ќе даде се од себе на теренот, посветувајќи го настапот на оние кои повеќе не се со нас.
Фудбалскиот состав на Шкупи на социјалните мрежи објави дека денешниот тренинг бил одложен по барање на играчите. -Со голема празнина и бескрајна болка по загубата на Андреј Лазаров, денес се обидовме да се вратиме на тренингот. Сепак, денешниот тренинг беше откажан на барање на играчите! -Вежбањето и продолжувањето на сезоната ќе ни биде најтешко понекогаш, но ќе играме за тоа, со неа и во негова чест. -Андреј секогаш ќе биде дел од нашето семејство!
Ракометната федерација на Македонија одлучи да има шест вонредни кола до крајот на сезоната и истата да заврши една недела пред првично планираното или во терминот 24/25 мај. Измените во распоредот се направени поради одложените мечеви додека трае седумдневната жалост по трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица а преку 140 беа повредени. До крајот на сезоната треба да биде одиграно последното коло од регуларниот дел и групната фаза во плеј-оф и плеј-аут. Секако, тука ќе бидат и мечевите во завршницата на Купот и настапите на ракометарките во ЕХФ неделата.
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, влезе во осминафиналето на турнирот во Maрибор.Таа денеска успеа да ја совлада Петра Марчинко од Хрватска со 2-0 и тоа идентично во двата сета со 6:4 за нешто помалку од два часа игра. Ѓорческа во наредната рунда ја очекува тешка пресметка со четвртата носителка, Џесика Понше од Франција. Ќе потсетиме дека Лина Ѓорческа заедно со Грузијката, Болквадѕе, успеаја да влезат во 1 /4 финале во игра на двојки. Лина Ѓорческа
Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, се понуди да помогне на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани. Тој на социјалните мрежи испрати порака до сите семејства на кои децата им се на лекување во Италија. Што и да треба во Милано, каква било помош, слободно контактираjте ме тука, објави Димитријевиќ.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во нашава земја. „Невидена трагедија во Македонија. Сакам да изразам сочувство до луѓето и семејствата на жртвите. Ќе му предложам на ФСС да стапи во контакт со Фудбалскиот сојуз на Македонија за да можеме евентуално да одиграме натпревар со нив во иднина. Секако, сето тоа би имало хуманитарен карактер. По нашите трагедии што ги имавме, ова е уште една – рече Стојковиќ на прес-конференција во Стара Пазова в пресрет на натпреварите со Австрија во баражот за останување во А дивизијата од Лигата на нации.…
Владата на вчерашната вонредна седница по повод големата трагедија во Кочани во која згаснаа 59 млади животи а повеќе од 100 лица се хоспитализирани, донесе одлука за седумдневна жалост на целата територија. Сите национални знамиња ќе бидат спуштени на половина копје. „Секој да се придржува до одлуката бидејќи казните за непочитување ќе бидат ригорозни. Во овие денови Министерството за надворешни работи ќе отвори книга на жалост во рамки на Министерството за огромната несреќа која се случи“ – соопшти владината прес-служба. Аналогно на Владината одлука и пред се гледано од човечки и морален аспект, сите спортски активности во нашава земја се…
