НБА и ФИБА ја истражуваат можноста за партнерство во нова лига во Европа, потврди комесарот на НБА, Адам Силвер. Тој на средбата со генералниот секретар на ФИБА, Андреас Загклис, рече дека лигата оди напред. „ Мислиме дека е време да го направиме тој нареден чекор“ – рече Силвер. „ По најуспешните светски првенства и олимписки игри, веруваме дека е сега вистинско време да го направиме наредниот чекор за клупската кошарка“ – изјави Загклис.
Author: dino
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, по вчерашната победа против Осасуна, потврди, дека фудбалерот Дани Олмо, ќе паузира извесен период. „Во наредните две недели веројатно нема да можам да го користам. Многу сум горд на играчите. Скапо ја плативме победата со повредата на Олмо” – вели Флик. „Гави имаше тешка повреда но, секогаш е подготвен да му помогне на тимот дури и од клупата. Момчето е одличен професионалец“ – потенцираше германскиот тренер на кормилото на Каталонците.
Новинарот на „Атлетик“, Фред Кац, вели дека младиот кошаркар, Еван Мобли, ги потврдува квалитетите и наметнува посебен стил на игра. „Кога ќе ја добие топката во аголот и ќе остане слободен, шутира без двоумење. Тој се обиде да постигне двојно повеќе тројки отколку во која било претходна сезона“ – напиша Кац. „Сега Кавалирс го претворија во плејмејкер. Тоа не е толку забележливо со статистиката но, е видливо на теренот“ – пишува Кац.
Во просториите на МОК, претседателот Даниел Димевски, оствари средба со Ендрју Парсонс. На истата беше потенцирана соработката помеѓу двата комитета и беа предложени идеи за аплицирање на заеднички проекти за афирмација на спортот на лицата со инвалидност преку програмата на Ерасмус+. Претседателот на Македонскиот параолимписки комитет, Бранимир Јовановски им врачи плакети на гостите за долгогодишната успешна соработка на полето на развој на спортот на лицата со инвалидност, со надеж дека таа и понатаму ќе трае и ќе се надоградува. Во „Јане Сандански“ на тренингот на кошаркарите во колички, Парсонс имаше можност да се запознае со активностите на параолимпискиот комитет и…
Поранешниот директор на фудбалскиот состав Милан, Леонардо, вели дека „росонерите“ направиле голема грешка кога ја прекинале соработката со легендарниот дефанзивец, Паоло Малдини. Бразилецот изјави дека кризата во клубот е времена и дека Малдини бил душата на тимот. „Милан се чувствува празен но, тоа ќе помине. Верувам дека клубот ја виде грешката” – изјави Леонардо.
Првите луѓе на Арсенал и тренерот, Микел Аретата, не се задоволни од ефектот на фудбалерот, Рахим Стерлинг, наведуваат дел од медиумите во Англија. Наводно, челниците на „топџиите“ ги информирале колегите од Челзи дека не планираат да ја искористат опцијата на крајот на сезоната и да му го откупат договорот. Англичанецот кој e позајмен за една сезона, досега има одиграно 12 натпревари за Арсенал но, не успеа да се запише во листата на стрелците.
Навивачите на Ливерпул се крајно разочарани од потегот на фудбалерот, Тренд Александар –Арнолд, кој реши во текот на летото да замине во шпанскиот состав Реал Мадрид. Тие преку социјалните мрежи побараа десниот бек да биде избришан од списокот на „црвените“ до крајот на сезоната. „Не дозволувајте да игра уште еден натпревар. Не дозволувајте да биде на „Енфилд“ кога ќе ја подигнеме титулата“, беа дел од коментарите на фановите на Ливерпул.
Чимези Мету ќе биде надвор од терените подолг период. 28-годишниот кошаркар на Барселона на вчерашниот натпревар против Баерн се здоби со пукнатина на Ахиловата тетива на левата нога. Интернационалецот од Нигерија во сезонава има просек од 11 поени и 4,8 асистенции за речиси 20 минути поминати на теренот. Поентерот на Каталонците допрва ќе дознае колку време ќе треба да паузира.
Јуки Цунода ќе го замени Лиам Лосон во екипата на Ред Бул за трката во Јапонија, објавија дел од медиумите. Челниците на Формула 1 тимот не се задоволни од возачот од Нов Зеланд кој на првите две сезонски трки во Австралија и Кина покажа слаби резултати. Тоа значи дека Јапонецот в недела ќе биде прекомандуван од Рејсинг Бул во првата екипа. Ќе потсетиме дека Лосон дојде на местото на Серхио Перез.
Фудбалерот, Раул Асенсио, кој се позиционира во првиот тим на Реал Мадрид, потпиша нов договор до летото 2029 година. 22-годишниот играч максимално ја искористи шансата што му ја даде Анчелоти по серијата повреди на стандардните првотимци. Младиот дефанзивец во сезонава има 30 натпревари од кои дел се во Лигата на фудбалските шампиони.
