Кошаркарот на Олимпијакос, Томас Вокуп, ќе паузира на одредено време откако не успеа да ја санира повредата на грбот. Претходно беше објавено дека играчот ќе помине без операција и ќе пропушти околу еден месец но, неговото закрепнување не оди според планот. Дефанзивецот замина на рехабилитација во Бостон. Вокуп во Евро-лигата има просек од 4,7 поени, 4,7 асистенции и 1,1 украдена топка.
Author: dino
Фудбалерите на Атлетико Мадрид, Родриго де Пол и Клемент Ленгле, може да го пропуштат утрешниот меч со градскиот ривал Реал во рамките на 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Аргентинецот беше заменет на полувремето на викенд-дуелот со Гетафе додека Лангле не учествуваше на натпреварот бидејќи се повреди на загревањето. Де Пол пропушти само три натпревари во сезонава додека Ленгле ја има довербата на тренерот Симеоне и во континуитет добива шанса во првата постава.
Тренерот на фудбалерите на Бенфика, Бруно Лаге, верува дека неговите избраници може да ја анулираат негативата од еден гол откако загубија на првиот меч од Барселона со 1-0. Португалците денеска ги очекува реваншот во Шпанија. „Барселона е полна со играчи од светска класа и нема пораз во 2025 година“ – изјави Лаге пред денешниот меч од 18.45 часот. „Претходно кога игравме против Каталонците создадовме многу шанси за гол. Мислам дека можеме многу повеќе“ – рече тренерот на Бенфика.
Фудбалерот на Милан, Лука Јовиќ, сигурно ќе биде ставен на трансфер-листата во текот на летото бидејќи за неговиот потпис се заинтересирани неколку екипи од Италија и од Саудиска Арабија. „Росонерите“ сакаа да се разделат со српскиот фудбалер во изминатото лето но, тој имаше желба да остане на „Сан Сиро“ и да се наметне за првиот состав. Сега Италијанците дефинитивно сакаат да го продадат. Јовиќ има настапувано за Црвена Ѕвезда, Ајнтрахт Франкфурт, Реал Мадрид, Бенфика и Фиорентина.
Италијанските медиуми наведуваат дека луѓето од Јувентус размислуваат да се разделат со тренерот, Тиаго Мота, бидејќи „старата дама“ има разочарувачка сезона. Откако се појави веста дека Игор Тудор може да седне на кормилото на екипата од Торино, денеска се шпекулира за уште две имиња. Италијанците тврдат дека Јуве сака да го врати Антонио Конте а размислува и за актуелниот тренер на Аталанта, Гасперини. Проценките се дека Јуве ќе почека да заврши сезоната а потоа ќе бара нов стратег.
Нашите најдобри ракометари ја очекуваат два меча против Словенија во квалификациите за Европското првенство. Првата средба ќе биде в среда во Скопје а втората веднаш потоа во Копер. Крилото, Ненад Костески, очекува поддршка од трибините и поволен резултат. „Знаеме за каква репрезентација станува збор. Треба да бидеме подготвени за првиот дуел пред полна сала. Одиме на победа“ – рече Костески. „На сите позиции се покриени добро, играат брз и модерен ракомет. Треба добро да ги анализираме“ – рече нашиот репрезентативец пред мечот во СЦ „Борис Трајковски“.
Селекторот на нашата машка ракометна репрезентација, Кире Лазаров, се насочи кон двата меча со Словенија во рамките на квалификациите за Европското првенство. Ние в среда ќе бидеме домаќини а веднаш потоа ќе гостуваме во Копер. „Гледате и самите дека нацијата е желна за квалитетен ракомет. Играме против квалитетен противник кој играше полуфинале на ЛОИ и заврши на 5. место на последното ЕП. Ќе се бориме до последен момент и веруваме во позитивен резултат“ – изјави Лазаров. Македонија во досегашниот дел од квалификациите има победа против Естонија и пораз од Литванија.
Луѓето од Хонда планираат да направат нов мотор според новите правила на ФИА за да бидат во игра за титулата во Формула 1. Јапонците ќе учествуваат во сезоната во 2026 година. Тогаш Хонда официјално ќе се врати во „циркусот на тркала“ и ќе биде партнер со Астон Мартин.Се очекува новите погонски системи да имаат 1.000-1.100 коњски сили. Водачот на Формула 1 проектот на HRC (Honda Racing Corporation), Тецуши Какуда, рече дека компанијата постигнала „значаен напредок“ на моторот со внатрешно согорување и дека претстои тестирање.
Новак Ѓоковиќ доживеа неочекува пораз од Ботик Ван Де Заншлуп на тенискиот АТП Мастерс во Индијан Велс. „Се мачам да играм на посакуваното ниво. Ништо не може да те подготви за вакви моменти и треба да ги живееш и да излезеш од нив посилен“ – Ѓоковиќ. „Имав неколку шанси во првите три, четири гема во третиот сет, но, направив многу грешки. Тој одигра одлични поени на брејк топки“ – изјави Србинот.
Челниците на фудбалскиот состав Барселона планираат да му понудат нов договор на Рафиња кој има фантастична сезона. Тој доколку се согласи на новите услови, ќе биде еден од најплатените играчи во клубот. 28-годишниот крилен напаѓач кој има тековна соработка до летото 2027 година, сега ќе добие понуда да остане на „Камп Ноу“ до 2030 година. Рафиња во тековнава сезона одигра 40 натпревар со ефект од 25 голови и 18 асистенции.
