Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Винсент Компани, немаше објаснување за поразот од Бохум иако неговиот тим на „Алијанц Арена“ имаше предност од 2:0. „Можеме да анализираме колку сакаме но, на крајот морам да преземам одговорност“, – изјави Белгиецот. „Црвениот картон не може да послужи како изговор бидејќи водевме со 2:1 и моравме да победиме или барем да освоиме бод“ – рече Компани.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, му даде поддршка на играчот од средниот ред, Јулијан Брант. Германскиот репрезентативец беше критикуван за неговите игри вклучително и за ремито против Лил во Лигата на шампионите. Тренерот на „милионерите“ призна дека Брант имал лош ден но, дека на неколку други натпревари покажал што може да направи. „Реков што мислам за него неколку пати. Тој може да ја направи разликата и затоа ќе ја задржи позицијата“ – рече Ковач.

Read More

Најдобриот македонски одбојкарски стратег, Јошко Миленкоски е назначен за нов предводник на македонската машка репрезентација. Трофејниот стратег по трет пат ќе седи на клупата на машкиот сениорски национален тим. Актуелниот тренер на грчки ПАОК во претходниот мандат стигна до историско осминафинале на европскиот шампионат. Управниот одбор на ОФМ, потврди, дека Стефан Пауновиќ ќе продолжи да ги води одбојкарките заедно со Душко Деспотовски.

Read More

Светскиот шампион, Фрањо фон Алмен (Швајцарија), победи во спуст од Светскиот куп во алпско скијање реализизран во Квитфил (Норвешка). 23-годишниот ја забележа третата сезонска победа. Доминацијата на Швајцарците ја потврдија Марко Одермат и Стефан Рогентин кои ги пополнија другите две места на подиумот. Одермат е лидер во трката за малиот кристален глобус пред Фон Алмен и Алекси Моне. Во генералното рангирање во Светскиот куп води Одермарт пред Хенрик Кристоферсен (Норвешка) и Фон Алмен.

Read More
NBA

Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ, постигна 31 поен, забележа 22 асистенции и имаше 21 скок во победата против Феникс Санс. Србинот со тој ефект стана првиот играч во историјата на НБА-лигата кој остварил трипл-дабл со статистика 30-20-20. Корпулетниот центар го забележа 29-от троен-ефект во сезонава или вкупно 159-от во кариерата. Со неговите 22 асистенции на еден меч, го помина на врвот на вечната листа легендарниот, Вилт Чембрлен, кој го држеше рекордот повеќе од 57 години. 

Read More

Екипата на Баерн Минхен објави дека фудбалерот од средниот ред, Александар Павловиќ, уште е болен и дека ќе ги пропушти претстојните натпревари на Баварците. Тој не играше во Бундес на мечот со Штутгарт и на средбата со Баер Леверкузен во Лигата на шампионите. Павловиќ нема да биде на списокот на тренерот, Винсент Компани и за дуелите против Бохум и Унион Берлин како и за реваншот против „фармацевтите“ во ЛШ. Репрезентативецот на Германија веројатно нема да игра и за „панците“ во мартовските мечеви во Лигата на Нации.

Read More

Капитенот на фудбалскиот состав Тотенхем, Хонг-Мин Сон, се осврна на поразот АЗ Алкмар со 1-0 во првиот меч од 1 /8 финалето во Лига Европа. „Разочарувачки е што се претставивме толку слабо, вклучувајќи ме и мене. Секогаш е тешко да се игра на гости во Лига Европа. Немавме шанси во првото полувреме“ – рече Сон. „Нема оправдување, едноставно не одигравме доволно добро. Ништо не е загубено, не чека реванш“ – рече играчот на „Спарси“.

Read More

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, ја објасни новата улога на капитенот Рис Џејмс кој беше искористен како дефанзивен игра за врска на мечот со Копенхаген во Лига Европа. „Кога дојдов во Челзи му реков дека го гледам како играч од средниот ред. Тој е фантастичен фудбалер“ – вели Мареска. „Тој може да игра на многу позиции бидејќи е добар играч а таквите можат да бидат на секоја позиција на теренот“ – рече Мареска.

Read More

Легендата на англискиот фудбал, Пол Сколс, ја оцени играта на Расмус Хојлунд кој во дресот на Манчестер Јунајтед има серија од 19 натпревари без постигнат  гол. „Не се проблем само головите, тој нема ниту шанси.  Мислам дека премногу трча. Понекогаш треба да го направите тоа, но, подобро е само да застанете напред, во центарот “ – рече Сколс. Интернационалецот од Данска последен пат се запиша во листата на стрелците на 12 декември во 2024 година.

Read More

Екипата на Милан го обезбеди потписот на младиот фудбалер, Естин Мбаје, кој игра за Њујорк Ред Булс. „Росонерите“ го обезбедија 16 годишникот како слободен играч, но ќе му платат на американскиот клуб за неговиот развој во согласност со Статусот и регулативите за трансфер на ФИФА. Мбаје има можност да игра за репрезентацијата на Сенегал.

Read More