Светскиот шампион, Фрањо фон Алмен (Швајцарија), победи во спуст од Светскиот куп во алпско скијање реализизран во Квитфил (Норвешка).
23-годишниот ја забележа третата сезонска победа. Доминацијата на Швајцарците ја потврдија Марко Одермат и Стефан Рогентин кои ги пополнија другите две места на подиумот.
Одермат е лидер во трката за малиот кристален глобус пред Фон Алмен и Алекси Моне. Во генералното рангирање во Светскиот куп води Одермарт пред Хенрик Кристоферсен (Норвешка) и Фон Алмен.

