Author: dino

NBA

Кошаркарот на Кливленд, Тај Џером, е казнет поради критиките упатени кон судиите по натпреварот со Портланд одигран во НБА лигата. „Ми се чинеше дека судиите денеска завршија многу лоша работа. Особено Натали – таа беше многу лош судија. Тоа се случува – судиите ја губат контролата врз играта. Првото полувреме е едноставно апсурдно. Третата четвртина беше кошмар“ – рече Џером. Тој ќе треба да плати парична казна од 25.000 долари.

Read More

Фудбалерите на Милан ја продолжија лошата серија без победа што дополнително ги налути фановите на „росонерите“ кои на вчерашниот меч со Лацио повторно го манифестираа незадоволството од работата на управата, на играчите и тренерот. На целата ситуација која е крајно непријатна, реагираше тренерот, Серхио Консеисао. Тој вели дека фудбалерите гледаат што се случува и дека тоа им прави дополнителен притисок. „Моментот не е лесен. Мораме да даваме се од себе секој ден за да ги оставиме проблемите во минатото“ – рече тренерот на италијанскиот состав.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Лацио, Марко Барони, вели дека неговите избраници ја заслужиле победата на вчерашното гостување кај Милан во дербито на Серија„А“. Неговиот тим сега се наоѓа на 4 место на табелата. „Играчите покажаа карактер и имаа дваесет шутеви кон противничкиот гол. Создадовме доволно шанси да постигнеме повеќе погодоци“ – вели Барони.„Ќе продолжиме да бидеме офанзивни и секогаш да одиме на победа“ – потенцира тренерот на „римските орли“.

Read More

Бен Фостер ги поддржа критиките кон Манчестер Јунајтед поради купувањето на Андре Онана на местото на Давид Де Геа откако шпанскиот голман се замина во 2023 година. -Доведувањето на Онан да го замени Де Геа е една од најфундаменталните и веројатно најголемите грешки што сме ги виделе во историјата на Премиер лигата, изјави еден од гостите на Фостер во неговата емисија. „Јунајтед е постојано во паника, тоа е проблемот“ – се надоврза на кажаното и поранешниот голман на Јунајтед и на Англија. Камерунецот во летото во 2023 година го напушти италијанскиот Интер и за 47 милиони фунти се пресели во…

Read More

Поранешниот Формула 1 возач Дејвид Култхард верува дека Британецот, Луис Хамилтон, може повторно да ја освои титулата сега со новиот тим – Ферари. „Апсолутно може да го направи тоа бидејќи е седумкратен светски шампион, може да постигне повеќе. Најважно е дали болидот на Ферари ќе биде конкурентен“ – рече Култхард. Според одредени анализи на болидите, како главни фаворити за освојување на титулата се наметнуваат возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, по победата на гостувањето кај Хјустон во текот на ноќта, откри зошто на теренот ја немаше првата ѕвезда на клубот,  Лионел Меси. „Што се однесува до Лео, не познавам ниту еден играч во светот кој го познава неговото тело толку добро како Лео“ – рече Маскерано. „По три натпревари во шест денови, мислевме дека така е подобро. Требаше да се лета до другиот брег околу 2,5 до 3 часа“  – рече тренерот на Интер Мајами.  

Read More

Фудбалерите на Барселона забележаа сигурна победа против Реал Сосиедад и се вратија на челната позиција во Примера Дивизион. Нивниот тренер, Ханси Флик, не е изненаден од одличната серијата која ги однесе Каталонците до 15-от последователен натпревар без пораз во сите конкуренции. „Имаме добар посед на топката и сигурно се браниме. Нашите играчи од средниот ред се на многу високо ниво“ – рече Флик.

Read More

По елиминацијата на Манчестер Јунајтед, екипата на Манчестер Сити се наметнува како најголем фаворит за освојување на трофејот во фудбалскиот ФА Куп на Англија со кој може колку-толку да ја спаси разочарувачката сезона. Избраниците на Пеп Гвардиола, во четвртфиналето ќе гостуваат кај Борнмаут кој има одлична сезона во Премиер лигата. На другите терени, единствениот второлигаш Престон ќе ја пречека Астон Вила додека Фулам ќе игра со Кристал Палас.Брајтон ќе го дознае противникот откако ќе се одигра денешниот натпревар меѓу Ипсвич и Нотингем Форест.

Read More
NBA

Ѕвездата на Филаделфија, Џоел Ембиид бара решенија за повредата на левото колено. Изворите велат дека центарот сè уште се надева на неинвазивна процедура која може целосно да го обнови неговиот повреден зглоб. Сепак, тимските лекари и надворешните експерти консултирани деновиве, наводно, не веруваат дека постои такво решение.Ембиид ќе мора редовно да добива инјекции во коленото за да игра. Во спротивно ќе мора што побргу на операција. Најкорисниот играч на НБА од 2023 година оваа сезона одигра само 19 натпревари.

Read More
NBA

Ветеранот во дресот на Филаделфија, Ерик Гордон ќе пропушти најмалку три месеци од натпреварите во НБА лигата, соопштија од неговиот клуб. Шутерот на Филаделфија бил успешно опериран на десниот зглоб и ќе биде подложен на рехабилитација приближно три месеци. 36-годишниот Гордон оваа сезона има просек од 6,8 поени, 1,2 скока и 1,7 асистенции за 19,7 минути по натпревар.

Read More