Марчело Липи кој на времето седеше на клупата на Јувентус, вели дека очекувал многу повеќе од сегашниот тренер на „бјанконерите“, Тиаго Мота. „Старата дама“ заостанува во трката за титулата во Италија и изненадувачки испадна во елиминациите во Лигата на фудбалските шампиони. „Очекував повеќе во однос на неговиот карактер. Не сакам да го критикувам за сè но, клупата на Јувентус е како дресот, тежи повеќе” – изјави Липи
Author: dino
Тренерот на Лестер , Руд ван Нистелрој, вети дека ќе „продолжи да се бори“ откако „лисиците“ претрпеа пораз од 2-0 од Вест Хем и останаа во зоната за испаѓање во Премиер-лигата. „Сè уште сме во борба, математички сме таму и продолжуваме да се бориме додека можеме. Ја знаеме ситуацијата, ја знаеме табелата, знаеме колку брзо може да се промени“ – рече тренерот на Лестер. „Само треба да мислиме за мечот што доаѓа и мора да почнеме да победуваме бидејќи натпреварите се намалуваат“ – рече Нистелрој.
Неколку имиња се издвојуваат да ја преземат улогата на спортски директор во англискиот елитен состав, Арсенал. На списокот се Ден Ешфорд, Андре Берта, Роберто Олабе и Тиаго Скуро. Советникот на ПСЖ, Луис Кампос, исто така се гледа како еден од фаворитите да се пресели во раководниот дел на „топџиите“. Премиер-лигашот кој втора сезона по ред ја губи битката за титулата, допрва ќе направи интервјуа со дел од споменатите кандидати.
Новиот фабрички возач на Дукати, Марк Маркез, покажа најмногу на тестовите пред трката за Големата награда на Тајланд на отворањето на сезоната во Мото ГП. Шпанецот заврши пред Франко Морбидели (VR46 Ducati) и Фабио Квартаро (Јамаха). Единствено големи проблеми на патека имаше Маверик Вињалес (Tech3 KTM), кој мораше да се откаже во почетокот. Со трката за Големата награда на Тајланд ќе започне новата сезона во Мото ГП за 2025 година.
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, е суспендиран на четири натпревари и казнет парично со 42.000 евра поради критиките кон судиите по натпреварот против Галатасарај, соопшти Фудбалскиот сојуз на Турција. Португалецот доби суспензија на два меча поради „погрдни и навредливи изјави упатени кон турските судии“, како и обвинувања дека фудбалот во таа земја е во хаос. Специјалниот е суспендиран на уште две средби поради „чин против спортскиот дух“. Фенербахче потврди дека ќе поднесе жалба на санкциите што беа изречени на нивниот тренер.
Манчестер Јунајтед во текот на викендот го очекува пресметка со Фулам во рамките на ФА Купот. Португалскиот стратег на клупата „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, соочен со неколку повредени првотимци, се определи да повика играчи од младинската гарнитура на клубот. На неговиот список се ставени: Чидо Оби, Секу Коне, Ели Харисон, Џек Мархаус и Тајлер Фредриксон.
„Про боксинг Македонија“, која е членка на ЕБУ и ВБЦ, за свој менаџер за 2024 година го избра Авдил Салиху, кој во изминатата година се истакна со неговите боксери и освои неколку титули. На Македонија и донесе две меѓународни титули, УБО и УБФ, со Мерсим Зеќири а вредни титули освои и Александар Калаши и други. „Благодарам на „Про боксинг Македонија“ што ме избра за менаџер на годината и ова е моја трета награда во последните 5 години. Сето ова сведочи за професионалната и голема работа што ја работевме во текот на целата година и силно верувам дека ќе имаме такви…
Во однос на последното соопштение на ФК Силекс, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Одборот на судии во рамки на ФФМ на чело со претседателот Александар Ставрев, најостро ги осудуваат непрофесионалните, неетичките, неоснованите и злонамерни напади насочени кон претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон, како претседавач со Комисијата за делегирање на судии. Овие обиди за дискредитација претставуваат неприфатлив притисок врз стручните тела во ФФМ што работат исклучиво во интерес на македонскиот фудбал. Како водечка институција во македонскиот фудбал, ФФМ ќе продолжи со професионално и одговорно управување, без да подлегне на надворешни притисоци или било какви други влијанија…
Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Тиаго Мота, по елиминацијата во Купот на Италија, вели дека сите сили треба да се насочат кон топ 4 во Серија „А“ и обезбедување на пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона. „Верувам во овој тим затоа што има класа. Но, тоа не е доволно. Во фудбалот потребни се други елементи а една од главните работи е односот на теренот“ – рече Мота. „Играчите мора да си помагаат и да ја почитуваат историјата на клубот. Проблемот не беше технички или тактички“ – рече тренерот на „старата дама“ по елиминацијата од Емполи во Купот…
Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, беше разочаран по вчерашното реми без голови на теренот на Нотингем Форест во меч од Премиер-лигата. „Доминиравме во играта и се обидовме да дојдеме до победа на секој начин. Требаше да упатиме повеќе шутеви и да имаме добра завршница“ – рече Артета. „Гледаме напред и работиме со тоа што го имаме. Ситуацијата е иста како пред една недела или пред три месеци” – рече Артета.
