Поранешниот Формула 1 возач Дејвид Култхард верува дека Британецот, Луис Хамилтон, може повторно да ја освои титулата сега со новиот тим – Ферари.
„Апсолутно може да го направи тоа бидејќи е седумкратен светски шампион, може да постигне повеќе. Најважно е дали болидот на Ферари ќе биде конкурентен“ – рече Култхард.
Според одредени анализи на болидите, како главни фаворити за освојување на титулата се наметнуваат возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри.

