Извршниот директор на екипата на – „Mercedes“ во Формула 1, Тото Волф, изјави дека тимот не планира да ги насочи сите ресурси кон болидот кој ќе се користи во 2026 година се додека постојат шанси да се забележи успех во тековнава сезона.
„Во последната година од сегашните технички прописи, со такви значајни промени кои претстојат, тимот секогаш мора да се обиде да одржува оптимален баланс“ – вели Волф.
„Изгледаме многу добро во однос на брзината во квалификациите. Сепак во однос на темпото на долги растојанија, имаме уште многу да откриеме“ – рече Волф.
