Јувентус вечер на домашен терен ќе се обиде да ја анулира негативата од првиот меч со Порто и да продолжи во наредната фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Сите погледи на домаќинот ќе бидат насочени кон големата ѕвезда на тимот Кристијано Роналдо. Тоа го потенцираше и тренерот на „старата дама“, Андреа Пирло, алудирајќи на искуството на Португалецот акумулирано токму низ големите мечеви во фудбалската елита на Европа. „Тоа се натпревари на кои Кристијано Роналдо, секогаш го покажува најдоброто. Тој е максимално мотивиран и подготвен за мечот со Порто“ – потенцираше Пирло.
Author: dino
Стратегот на клупата на Аталанта, Жан Пјер Гасперини, вели дека е задоволен од играта на неговите фудбалери на вчерашното дерби со Интер иако екипата од Бергамо остана со празни раце. Интер упати само еден прецизен шут и победи со 1-0. „Уште 100 пати да играме против Интер, сакам да го видам тоа што го покажавме“ – потенцираше Гасперини. „Одигравме добро и во двете полувремиња. Загубивме поради наше невнимание по корнер. Само еден момент го реши победникот“ – изјави тренерот на Аталанта.
Тренерот на Интер, Антонио Конте, по вчерашната победа на дербито со Аталанта и понатаму не сака да размислува за Скудетото иако неговиот тим се наоѓа на лидерската позиција на табелата. „Направивме значајна победа. Успеавме да освоме три бода против одличен тим, кој според мене има квалитет да се бори за титулата“- вели Конте. „Точно е дека упативме само еден удар, но, имавме неколку добри шанси. За жал, не ги искористивме“ – потенцираше тренерот на „нероаѕурите“.
Екипата на Челзи синоќа го победи Евертон со 2:0 во меч од 27. коло од Англиското фудбалско првенство со што германскиот тренер, Томас Тухел, успеа да влезе во историјата на Премиер лигата. Тој е првиот што воведните пет домашни натпревари ги завршил без примен гол. Одличната серија на „„сините“ под диригентската палка на Тухел започна против Вулверхемптон на 27 јануари кога беше 0:0. Потоа лондончани победија со 2:0 против Барнли и Њукасл и ремизираа без голови со Манчестер Јунајтед.
Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, вели дека Герет Бејл ја надминал психолошката бариера и затоа во последно време покажува одлични партии на теренот. „Ние само му дадовме поддршка. Кога во неколку сезони имате повеќе повреди, психолошките лузни ви носат страв и нестабилност – вели Мурињо за весникот – „АС“. „Има момент кога сите ви даваат поддршка до максимум. Во тој момент психолошката бариера се руши а Бејл го направи токму тоа“ – потенцираше Португалецот.
Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, проговори за неговото останување кај „росонерите“. Договорот на 39-годишниот напаѓач истекува на 30 јуни и тој е подготвен да го продолжи. „Јас сум Златан, се чувствувам одговорен како лидер. Милан е единствениот клуб од кој бев воодушевен. Сакам да му дадам нешто“ – вели Ибрахимовиќ. „Дали ќе останам во Милано и наредната сезона? Ќе видиме. Ако техничкиот директор, Паоло Малдини, го побара тоа, јас сум подготвен“ – прокоментира Ибрахимовиќ
Фудбалската Асоцијација на Англија заедно со судиската асоцијација ја разгледува можноста сите разговори меѓу главниот судија, неговите помошници и луѓето во ВАР собата да се слушаат на ТВ преносот при користењето на ВАР техонологија. ФА верува дека со ваков чекор ќе се зголеми довербата во судиите кои во последните неколку сезони назадуваат на ФИФА и на УЕФА судиската ранг листа. Во исто време по воведувањето на ВАР технологијата во Премиер лигата, судиски одлуки честопати се на мета на критики од јавноста, од фудбалските легенди и поранешните арбитри.
Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Марин Вегар, имаше успешна операција во Загреб откако подолго време се соочуваше со пвреда на рамото. „РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека зафатот помина во најдобар ред. Клубот му посакува брзо заздравување и враќање на терените“ – информираше клубот од Битола. Вегар кој ја реализира третата сезона во екипата од Битола претходно настапуваше за Стеауа. По операцијата практично ја заврши сезоната.
Нашата најдобра футсал селекција денеска одигра нерешено кај селекцијата на Србија 1:1 во рамките на 3. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство. Пршиќ им донесе водство на домаќините по што Крстевски израмни на 1-1.За три дена во С.Ц. “Јане Сандански” ќе го одиграме и возвратниот дуел со Србија. Македонија претходно загуби со 2:1 против БиХ на гости а на домашен терен одигра 2:2 против Романија.
Дефанзивецот, Серхио Рамос, може да остане во редовите на фудбалскиос тим Реал Мадрид уште две сезони, објави денеска весникот „Марка“. Според наведеното, капитенот на „белите“ кој ги одбиваше сите понуди за нов договор и сакаше да си замине, сега се предомислил и најверојатно ќе ја продолжи соработката со клубот. Доколку тоа се случи, искусниот ветеран ќе заработи околу 20 милиони евра за наредните две сезони.
