Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, очекува тежок меч утре против Парма иако неговиот состав ќе ја има улогата на голем фаворит. „Нероаѕурите“ се во трка за титулата во Серија „А“ и секој бод им е максимално значаен. „Парма отсекогаш претставуваше проблем за нас. Во моментов тие не се во добра позиција, но, имаат искуство и добар тренер. Ни треба вистински пристап. Ќе треба да бидеме поефикасни“ – вели Конте. „Создаваме многу шанси, но, мора да постигнуваме повеќе голови. За мене, секој натпревар е значаен. Не ми е грижа за глупави пресметки. Ако некој добие жолт картон, друг ќе…

Read More

Францускиот фудбалски интеранционалец, Пол Погба, нема намера да си замине од „Олд Трафорд“ иако во повеќе наврати се шпекулираше дека може да замине во Реал Мадрид или да се врати во Јувентус. Сега последните вести велат дека 27-годишниот играч е подготвен да ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед. Неговиот активен договор е валиден до 2022 година. Погба наводно е подготвен да седне на преговарачката маса со газдите на клубот за да издејствува продолжување на соработката.

Read More

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, верува дека Бруно Фернандеш треба да има поголема помош од соиграчите доколку сака да ја освои наградата за најдобар играч во Премиер-лигата. Португалецот во 40 натпревари постигна 23 голови и направи 17 асистенции. И покрај тој ефект на играчот на „црвените-ѓаволи“, Сколс тврди дека Фернандеш сè уште не заслужува да освои индивидуална награда. „Тој постигнува голови, но, тоа не се случува на големите дерби мечеви. На крајот на краиштата, секој игра во Манчестер Јунајтед за да освојува титули. Бруно треба да има поголемо влијание кај другите фудбалери“ – нагласи Сколс.

Read More

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, откри кога планира да стави крај на богатата фудбалска кариера. Легендарниот чувар на мрежата на „аѕурите“ дебитираше во професионалните води во ноември во 1995 година во дресот на Парма. Потоа поголемиот дел од кариерата го помина во Јувентус. „Имам замислено во мојата глава дека тоа ќе биде во јуни во 2023-та година. Тоа е максимумот, иако можам да престанам да играм и по четири месеци “ – изјави Буфон за весникот -„Гардијан“. Буфон со „старата дама“ успеа да освои 10-ет титули во Серија „А“. Тој е светски шампион со италијанската репрезентација. Во еден период од…

Read More

Одличниот напаѓач на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, со досегашните 77 асистенции го има 10-то место гледано во историјата на Премиер-лигата. Во тој показател лидер е Рајан Гигс со (162) пред Сеск Фабрегас (111), Вејн Руни (103) и Френк Лампард (102). Денис Бергкамп е петти со 94 асистенции пред Давид Силва со 93. Стивен Џерард е седми со 92 успешни додавања а го следат Џејмс Милнер со 85 асистенции и поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам. Де Бруин кој го затвора Топ 10 според бројот на асистенции, најверојатно ќе успее да се пробие и повисоко на списокот бидејќи дел…

Read More

Откако Англија достигна бројка од 20-ет милиони вакцинирани против Ковид-19 и најави дека набрзо ќе се укинат рестриктивните мерки, Премиерот, Борис Џонсон, еуфорично изјави дека неговата земја може да го организира Континенталниот фудбалски собир. „Ние секако сме домаќини на полуфиналето и финалето. Ако сакаат може да го организираме цело првенство, ние сме за“ – порача премиот Џонсон. Познато е дека УЕФА се определи ЕП да биде во 12 градови, но, доколку не се поправи ситуацијата со пандемијата на Стариот континент, лесно може да се случи да биде прифатен предлогот на Англија.

Read More

Фудбалерот Факијо Томори кој во јануари пристигна во Милан како позајмен од Челзи, успеа со неговите одлични партии во континуитет да ги воодушеви сите во Милано. Клубот од Италија има опција да го откупи неговиот договор во текот на летото за 28 милиони евра. Медиуми на „Чизмата“, откриваат, дека „росонерите“ наскоро ќе започнат преговори за начинот на плаќање. Нивна желба е тоа да биде на две-три рати доколку се согласат „сините“ од Лондон. Во исто време, 23-годишниот дефанзивец потенцира дека има желба да остане во Милан и да потпише долгогодишна соработка.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Евертон, Карло Анчелоти, вели дека е потполно задоволен од вчерашната победа против  Саутемптон (1:0) во натпреварот одигран во рамките на 26. коло во Премиер лигата. „Карамелите“ сега имаат 43 бодови и ја имаат седмата позицијана табелата. „Имаме одлична можност да влеземе во топ 4 и сакаме тоа да го направиме. Секако, мораме да вложиме максимални напори и на мечот против Челзи“ – вели Анчелоти. „До крајот на сезоната ќе ни претстои голема борба и треба да бидеме среќни. Несомнено, ако сакаме да бидеме во трката за ЛШ ќе мора да ја подобриме играта“ – изјави италијанскиот…

Read More

Фудбалерите на Јувентус денеска ќе излезат на мегдан со Специја а нивниот тренер, Андреа Пирло, нагласува дека не смее да се потцени противникот. „Старата дама“  заостанува во трката за титулата во Серија „А“ и затоа секој бод е драгоцен. „Специја постигнаа неочекувани резултати против големите екипи. Ќе биде навистина тежок меч кој има големо значење за нас бидејќи мораме да продолжиме во битката за Скудетото“ – вели Пирло. „Моите фудбалери тренираат напорно и сакаат да ја освојат титулата. Тука не треба да се сомнева никој“ – изјави тренерот на Јувентус.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, јасно стави до знаење дека само најподготвените ќе добијат шанса на теренот да ја продолжат фантастичната серија од 20-ет последователни победи во сите конкуренции. Иако „граѓаните“ се повеќе ја зголемуваат предноста во однос на конкурентите во Премиер-лигата и чекорат кон титулата, шпанскиот стратег вели дека не смее да има опуштање. „Колку повеќе победуваме, толку повеќе треба да бараме од нашите фудбалери.  Ако почувствувам дека некој размислува дека работата е готова, тој нема да игра“ – потенцираше Гвардиола.  

Read More