Една од sвездите во подем на УФЦ – Хамзат Чимаев, преку социјалната мрежа –Инстаграм“ шокантно објави дека става крај на кариерата. „Сакам да искажам голема благодарност на сите што ме поддржаа на моето патување. Мислам дека тоа беше сè. Многумина можат да бидат вознемирени, но, моето срце и моето тело велат така“ – напиша шведскиот борец со чеченско потекло. 26-годишниот Чимаев кој има сериозни здравствени компликации откако го прележа корона-вирусот, последен пат беше во „кафезот“ во септември 2020 година кога го победи Џералд Мершарт.
Author: dino
Раководството на патека во Бахреин им понуди на учесниците во Ф1 шампионатот да ги вакцинира со „Фајзер“ за заштита од КОВИД-19, но, најверојатно понудата нема да биде прифатена. „Поради временската рамка и пандемијата, голем број на учесници во Бахреин ќе бидат присутни во период од три недели. Тоа ни дава можност со вакцината да обезбедиме дополнителна заштита за сите“ – се вели во соопштението на организаторот на првата сезонска трка. На тоа реагираше Стефано Доменикали, кој рече дека Формула 1 нема план за вакцинација и дека одлуката треба да ја донесат екипите.
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, не планира да прави големи промени во ростерот за наредната сезона доколку остане на кормилото на „црвените“. Германецот кој е на удар на медиумите откако неговите избраници се елиминирани од трката за шампионската титула во Премиер-лигата, нема намера да направи сериозни освежувања во тимот. „Нашиот проблем е што првиот тим играше малку заедно во сезонава. Трансфер пазарот е отворен, но, бидете убедени дека сериозни промени ќе нема“ – изјави Клоп пред денешното гостување кај Шефилд Јунајтед. Мечот ќе започне во 20.15 часот.
Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, ќе остане без услугите на двајца стандардни првотимци за денешното гистување кај Рома во новата рунда во серија „А“. Станува збор за Бенасер и Марио Манџукиќ кои имаат повреди на мускулите и нема да можат да и помогнат на екипата на тешкото гостување од 20.45 часот на „Олимпико“. Французинот кој е составен дел од средниот ред се повреди во четвртокот на мечот со белграѓани во Лига Европа додека Манџукиќ заработи повреда на еден од тренизите пред градското дерби со Интер.
Првиот човек на српскиот фудбал, Славиша Кокеза, денеска бил приведен на информативен разговор во полицијата. Според информациите од соседна Србија, тоа се случило поради обвиненијата од белградскиот угостител, Александар Кајмаковиќ или познат како Аца Босанац. Според медиумите во Србија, Кајмаковиќ на полицијата и посочил за криминални активности во кои наводно бил вмешан актуелниот претседател на Фудбалската федерација кај нашиот северен сосед. Кокеза пред да дојде на функцијата беше дел од раководните гранитури на фудбалскиос состав, Црвена Ѕвезда.
26-годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи, кој има договор до 2022 година може да добие понуда да се пресели во Италија или Шпанија, објави денеска „Дејли меил“. Според наведеното, стоперот на „црвените ѓаволи“ кој во континуитет се соочува со потешки повреди, може да си замине од Англија доколку ситуацијата не се подобри. Весникот –„Сан“ , пишува дека првичните преговори за продолжување на соработката се започнати и дека на фудбалерот му било посочено дека мора да биде здрав во текот на целата сезона за да добие нов договор.
Фудбалерите на Јувентус вчера одиграа дома нерешено со Верона 1:1 а единствениот гол за „старата дама“ беше дело на Кристијано Роналдо кој во еден момент имаше кратка дискусија со главниот судија. Токму тој миг го уловија и камерите а го слушнаа и коментаторите, Дилета Леота и Федерико Балзети, кои беа лоцирани покрај теренот. Португалецот незадоволен од честите прекини на играта побарал од судијата Фабио Мареска да го промени критериумот. „Пушти да се игра повеќе, немој да свириш на секое, – биле зборовите на Роналдо упатени кон судијата.
Двократната олимписка шампионка на 800 метри, Кастер Семења, ќе поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права откако ИААФ донесе одлука за ограничувањето на присуството на тестостерон во телото на атлетичарите. По промената на правилата во 2019 година, Семена не може да учествува во сите дисциплини од 400 метри до една милја без да зема лекови кои го намалуваат нивото на тестостерон. Јужно-африканката претходно ја изгуби битката и со Врховниот суд во Швајцарија. Специјализираниот спортски арбитражен суд исто така ја одби жалбата на Кастер по усвојувањето на правилото во 2019 година.
Фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез, нема намера да го напушти тимот од Милано иако за неговите услуги се заинтересирани неколку екипи од Шпанија и Англија. „Целосно сум фокусиран на клубот без разлика што ќе се случи и затоа ќе потпишам нов договор со Интер“ – потенцираше Лаутаро за- „Газета дело спорт“. Аргентинскиот репрезентативец има одиграно 33 меча во сезонава на кои постигна15 погодоци и направи седум асистенции.
Кирил Лазаров во улога на селектор и воедно капитен на нашата ракометна репрезентација го објави скратениот списокот за квалификациските мечеви против Данска за пласман на Европското првенство во 2022 година. Првиот список кој имаше 35 играчи сега е скратен и има 23 ракометари. Тука се крилата Дејан Манасков и Гоце Георгиевски кои не играа на СП во Египет. Собирот е закажан за 6 март. Дуелите со Данска се играат на 11 март во Скопје и на 14 во Алборг.
