Раководството на патека во Бахреин им понуди на учесниците во Ф1 шампионатот да ги вакцинира со „Фајзер“ за заштита од КОВИД-19, но, најверојатно понудата нема да биде прифатена.
„Поради временската рамка и пандемијата, голем број на учесници во Бахреин ќе бидат присутни во период од три недели. Тоа ни дава можност со вакцината да обезбедиме дополнителна заштита за сите“ – се вели во соопштението на организаторот на првата сезонска трка.
На тоа реагираше Стефано Доменикали, кој рече дека Формула 1 нема план за вакцинација и дека одлуката треба да ја донесат екипите.