Author: dino

Фудбалскиот состав на Динамо Загреб за кој настапуваат нашите репрезентативци, Стефан Ристовски и Аријан Адеми, ќе ги одмери силите со екипата на Тотенхем во рамките на 1 / 8 финалето во фудбалската Лига на Европа. Хрватскиот тим во првиот меч на 11 март ќе биде домаќин во Загреб додека реваншот ќе биде одигран седум денови подоцна Во другите средби ќе играат: Рома- Шахтјор Донецк Ајакс – Јанг Бојс Динамо Киев- Вилјареал Олимпијакос-Арсенал Манчестер Јунајтед- Милан Славија Прага- Глазгов Ренџерс Гранада-Молде

Read More

Крилниот ракометар на Вардар, Гоце Георгиевски, пред заминувањето на мечот со Мотор Запорожје во СЕХА лигата вели дека Украинците играат добар ракомет. „Имавме многу средби за краток период, тешко е за нас но, верувам и за другите екипи. Мотор игра добро и во Лигата на шампионите, третопласиран е во тешка група. Од тоа што можевме да видиме, тие многу трчаат, постигнуваат многу голови и имаат квалитетна екипа“ – вели Георгиевски. Вардарци досега во СЕХА лигата имаат максимален ефект со двете победи остварени дома против Нексе и Војводина

Read More

Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, очекува тежок меч со Татран Прешов во 3 коло во регионалната СЕХА лига. Средбата ќе биде одиграна утре во Битола од 17.45 часот. „Татран Прешов е добро водена екипа од поранешниот хрватски селектор, (Голужа)  кој е долго време таму. Имаат добра транзиција и контра напад и многу добар посед на топка.Тоа им го нагласив на моите ракометари“ – вели Бабиќ. „Ако сакаме да победиме ќе треба да одиграме е агресивна одбрана, посебно во средината и брзо да се враќаме назад“ – изјави Бабиќ пред мечот со шампионот на Словачка.

Read More

Фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед е подготвен да се раздели со голманот Дин Хендерсон тврди денеска  – „Manchester Evening News“. 23-годишниот чувар на мрежата не е задоволен од минутажа што му ја дава тренерот, Оле Гунар Солскјер и затоа сака да замине во друг тим уште во текот на наредното лето. Тој има одиграно 13 натпревари како стартер и тоа два од нив беа во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ за младиот голман поставија цена од 40 милиони фунти и немаат намера да ја намалат. За потписот на Хендерсон се заинтересирани: Тотенхем, Челзи и Борусија (Дортмунд).

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Барселона би можеле да се вклучат во трката за потписот на дефанзивецот на Норич, Макс Аронс, тврди денеска весникот – „Дејли меил“. 21-годишниот талент влегува во радарот на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Баерн (Минхен), Рома и Евертон а сега според последните информации и Барса може да се обиде да го купи. Аранс во тековнава сезона одигра 32 меча за „канаринците“ на кои постигна 1 гол и направи три асистенции. Според проценките, неговата трансферна вредност е околу  35 милиони фунти.

Read More

Фудбалерот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг, кој постигна два гола на вчерашниот меч со Бенфика и му помогна на тимот да замине во наредната елиминациска фаза во Лигата на Европа, вели дека победата од 3:2 треба да биде пресвртница во тековната сезона. Напаѓачот кој потекнува од Габон вели дека лондончани треба да влезат во победничка серија која ќе им ги донесе посакуваните резулатати. „Покажавме карактер како екипа. Одигравме тежок меч и покажавме дека од тука можеме да градиме позитивен пристап за во иднина.“ – изјави напаѓачот на „топчиите“.

Read More

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, по елиминацијата од Гранада во Лига Европа, ги обвини шпанските фудбалери дека премногу лежеле на теренот со што ја задржувале играта на вчерашниот реванш кој беше одигран во Италија. „Доколку италијански клуб се обидеше да го направи тоа што вечерва го правеше Гранада и начинот на кој трошеше време, ќе бевме на насловните страници на сите весници“ – вели Гатузо. „Во првото полувреме, имаше активна игра само 16-17 минути а во второто полувреме беше уште полошо.Судијата не смееше да го дозволи тоа“ – потенцираше Гатузо.

Read More

Денеска од 13 часот во Нион ќе биде извршена ждрепката за новата рунда елиминации во Лига Европа. Во трката за победничкиот пехар остануваат: Милан, Ајакс, Арсенал, Динамо Загреб, Динамо Киев, Гранада, Манчестер  Јунајтед, Молде, Олимпијакос, Глазгов Ренџерс, Рома, Шахтјор, Славија Прага, Тотенхем, Вилјареал и Јанг Бојс. Првите осминафинални натпревари се играат на 11 март а реваншите се сеум денови подоцна.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Црвена Ѕвезда, Дејан Станковиќ, не е задоволен од одлуката на главниот судија на вчерашниот меч со Милан кога на неговиот тим не му дозволи да изведе корнер во последените секунди. Мечот во Италија заврши нерешено 1:1 а Белграѓани кои 20-тина минути играа со фудбалер помалку на крајот се елиминирани со вкупен резултат 3:3 или поради помалку постигнати голови на гостински терен. По мечот Станковиќ не криеше дека сите во тимот биле бесни на одлуката на судијата. „Требаше да ни дозволат да го изведеме корнерот! Да беше обратна ситуцијата, Милан сигурно ќе изведеше корнер. Требаше да бидеме…

Read More

Ракометарите на Вардар дојдоа до втората победа во групата „А“ во Лигата на шампионите откако го совладаа составот на Елверум со 35 спрема 32. Мечот се одигра во СЦ „Јане Сандански“ а норвежаните на хартија ја имаа улогата на домаќини. Прв стрелец кај „црвено-црните“ беше Дибиров со 9 погодоци пред Георгиевски со шест. Чупиќ, Шеваљевиќ и Гаџа реализираа по пет голови. Во гостинскиот тим се издвоија Пујол и Мате со по 5 успешни реализации. Според распоредот, Вардар во наредниот меч на 4 март треба да биде домаќин на Мешков Брест.

Read More