Холандската фудбалска легенда, Марко ван Бастен, го пофали Ерлинг Холанд и го опиша како подобар од Полјакот, Роберт Левандовски, кој беше прогласен за најдобар фудбалер во 2020 година. Младиот норвежанец собори повеќе рекорди и продолжува да постигнува голови во дресот на Борусија (Дортмунд). Тој има 17 голови на 17 натпревари во сезонава во Бундес-лигата а постигна и 8 голови на 5 средби во Лигата на шампионите. „Дали е Холанд новиот Левандовски? Мислам дека е подобар, тој е многу интелигентен, има добра техника, постигнува многу голови. Тој е многу посебно момче “ – рече Ван Бастен за Халанд.
Author: dino
Управата на фудбалскиот тим Тотенхем сериозно размислува да го раскине договорот со Жозе Мурињо и да ангажира нов тренер откако клубот влезе во резултатска криза. Португалецот по првите 50 натпревари на клупата на „Спарси“ има полош ефект од Анде Вилја Боаш, Хари Реднап и Маурисио Покетино. Португалецот има и најлош резултат со Тотенхем во однос на претходните негови тимови во воведните 50 натпревари во домашни рамки. Англискиот тим по 24 кола во Премиер лигата е на деветото место со 36 бода или на минус 23 во однос на лидерот Манчестер Сити.
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, ќе се обиде да издејствува размена на играчи со Севилја и тоа Такуми Минамото да замине во Шпанија а на Островот да допатува Лукас Окампос. Минамото не успеа да се докаже во дресот на „црвените“ по што Ливепрул ќе го стави на трансфер листата или ќе направи напор да го размени со Окампос. Извесно е дека Севилја покрај Минамото ќе бара и пари за Окампос кој игра одлично во Ла Лига.
Италијанскиот фудбалски состав Калјари го отпушти тренерот Еузебио Ди Франческо по неговиот 14-ти пораз на 23 натпревар од почетокот на сезоната во Серија А, објави клубот од Сардинија. Во петокот, Калјари загуби дома од Торино со 1:0 и сега се наоѓа на 18-то место во поредокот со само 15 бодови. Ди Франческо кој ја работеше првата сезона во клубот од Сардинија претходно беше отпуштен од Сампдорија и тоа по само седум натпревари. Според медиумите, поранешниот тренер на СПАЛ, Леонардо Семпличи, најверојатно ќе го преземе кормилото на Калјари.
Нашите најдобри кошаркари остварија пирова победа на мечот со Естонија со 86:84 и го завршија патот кон Европското првенство. Во решавачкиот меч на турнирот во Перм, избраниците на Тодоров не успеаја да обезбедат најмалку двоцифрена предност за да одат на континтелниот собир. Ненад Димитријевиќ беше предводник на Македонија со 23 поена и 5 асистенции пред Трајковски со 21 кош и 6 скокови. Џејкоб Вајли оствари дабл-дабл ефект со 18 поени и 14 скокови.
Ракометарите на Вардар испуштија предност од 4 голови во финишот на мечот со Елверум и одиграа нерешено 34:34 во СЦ Јане Сандански во новата рунда во Лигата на шампионите. Тренерот на „црвено-црните“, Стевчо Алушовски, вели дека се повторуваат грешките. „По секој натпревар доаѓаме на истото дека промашуваме клучни шутеви. Знаеме дека Елверум игра одлично во транзиција. Во првото полувреме тоа го спречивме. Во вториот дел благодарение на Кизиќ дојдовме и до позитива од четири гола, но, повторно нашите грешки не чинеа многу“ – изјави Алушовски. Вардарци в среда ги чека нова пресметка во елитата на Европа против норвешкиот состав.
Нашите најдобри кошаркари го претрпеа и вториот пораз на квалификацискиот турнир во Перм и тоа од домаќинот Русија со 94 спрема 77 со што драстично ги намалија шансите за место на Европското првенство. Избраниците на Тодоров по вчерашниот минимален пораз од Италија во крајно неизвесен и изедначен меч, денеска беа надиграни од „Зборнаја“. Русите наметнаа агресивен и брз ритам за кој ние немавме решение. Згора на тоа имаа тотална доминација и под кошевите. Во нашиот табот Војдан Стојановски постигна 18 а Џејкоб Вајли16 поени. По утрешниот ден за одмор, мечевите ќе продолжат в недела а Македонија ја очекува пресметката со…
Фудбалскиот состав на Штутгарт го обнови договорот со тренерот, Пелегрино Матарацо до 30 јуни во 2024 година. 43-годишниот специјалист пристигна кај популарните „шваби“ на крајот на 2019 година и успеа да го однесе тимот во Бундес-лигата. Штутгарт во тековнава сезона е десетти и далеку од зоната за испаѓање. Матарацо е роден во Њу Џерси (САД) а пред да стане тренер играше во пониските дивизии на Германија. Тој пред да го преземе кормилото на Штутгарт му беше помошник на Џулијан Нагелсман во екипата на Хофенхајм.
Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, изјави дека играчот за врска, Исмаел Бенасер се повредил на првиот натпревар од 1/16 финалето во Лига Европа против Црвена Ѕвезда (2:2). Тоа ќе го спречи да учествува на дербито со Интер од 23-то коло во Серија А. „Го изгубивме Исмаил, тој има проблеми со мускулите“ – потенцираше кратко Пиоли. Бенасер во сезонава запиша 20 натпревари за Милан и направи 4 асистенции. Градското дерби меѓу Милан и „нероаѕурите“ ќе биде одиграно в недела од 15.00 часот.
Челниците на Манчестер Јунајтед се заинтересирани за португалскиот напаѓач на Ајнтрахт (Франкфурт) Андре Силва, објави –„ Скај Спорт“. Англискиот фудбалски клуб е во потрага по централен напаѓач а актуелниот договор на Португалецот истекува во 2023 година. Силва во тековнава сезона има одиграно 22 меча за Ајнтрахт на кои постигна 19 погодоци. Фудбалерот за Португалија има одиграно 37 натпревари и постигнато 16 голови. Тој беше дел и од Светското првенство во Русија во 2018 година.
