Author: dino

Дефанзивецот  на Шефилд Јунајтед, Џон Еган, ќе биде надвор од терените осум недели поради повредата на прстот, изјави менаџерот на елитниот англиски клуб, Крис Вајлдер. „Тој ќе биде надвор од игра околу осум недели. Потребна му е операција на прстот. Тоа се случи во ситуација кога се обиде храбро да спречи удар. Загубата за тимот е голема”, рече Вајлдер. Тренерот на Шефил потенцираше дека повредените играчи од средниот ред,  Џон Флек и Сандер Берге, ќе го пропуштат утрешниот меч со Фулам во елитата на Англија.

Read More

Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти, потенцира дека неговите фудбалери се максимално мотивирани за утрешното градско дерби против Ливерпул кое ќе биде одиграно на стадионот –„Енфилд“. „Евертон долго време нема победа против Ливерпул. Дали е утре вистинско време за тоа да се случи? Може. Се зависи од работите што ќе успееме да ги направиме на теренот. Мотивацијата е многу висока“ – потенцираше Анчелоти. Италијанскиот специјалист додаде дека Доминик Калверт-Левин, кој ги пропушти последните два меча, е опоравен и ќе биде на теренот за утрешното дерби.

Read More

Ракометарите на Вардар го претрпеа и шестиот пораз во групата „А“ во Лигата на шампионите откако загубија на теренот на ПИК Сегед со 34:33. Кај Вардарци најефикасен беше Чупиќ со девет голови пред Стоилов со шест додека голманот, Робин Кантегрел, го заврши мечот со 14 интервенции. Кај домаќинот Бодо даде седум а Радивојевиќ шест погодоци. „Црвено-црните“ кои имаат само една победа во тековнава сезона во ЛШ в недела ќе го пречекаат составот на Елверум. Мечот во СЦ Јане Сандански“ ќе започне во 16.00 часот.

Read More

Англискиот фудбалски составТотенхем ќе побара 150 милиони фунти (173 милиони евра) за потписот на Хари Кејн доколку се појави кандидат кој ќе сака да го купи. Ако некој ја плати бараната сума, тоа ќе биде нов трансфер рекорд на Островот и воедно трет најголем во светот по Нејмар (222 милиони евра) и Килијан Мбапе (180 милиони евра) во Пари Сен Жермен. Кејн договор со „мамузите“ до 2024 година и добива неделна плата од 200.000 фунти. Во април во 2020 година, медиумите ја објавија информацијата дека Тотенхем би сакал да добие најмалку 200 милиони фунти за Кејн. Сега таа сума е…

Read More

Нашите кошаркари иако одиграа храбро и максимално мотивирано против големиот фаворит Италија, на крајот останаа без бодови на стартот на квалификацискиот турнирот за Евро-шампионатот кој се реализира во Перм. Во нашиот табор најпрецизен беше Димитријевиќ со 24 кошеви, Вајли во деби настапот дојде до 17 а Војдан Стојановски го заврши мечот со 15 поени. Кај „аѕурите“ се издвоија Теситори со 18, Спици со 13 и Ричи со 11 кошеви. Утре нашите кошаркари на турнирот во Перм ќе излезат на мегдан со домаќинот, Русија. мечот ќе започне во 15.30 часот.

Read More

Нашата фудбалска репрезентација останува на 65-то место на новата ранг листа која ја објави Светската фудбалска федерација (ФИФА). Македонските репрезентативци бидејќи немаа ниту еден меч во претходниот месец, останаа со 1.362 поени. Наредните обврски за избраниците на Ангеловски ќе бидат во март кога ќе ги стартуваме квалификациите за Светското првенство со дуелите против Романија, Лихтенштајн и Германија. На чело на ФИФА останува Белгија, пред Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Аргентина, Уругвај, Мексико и Италија.

Read More

Двајца фудбалери на Торино се позитивни на корона-вирус пред значајниот натпревар против Калјари, потврди денеска елитниот италијански клуб. Имињата на играчите на „биковите“ не се објавени. Тие според протоколите веднаш се ставени во изолација. Торино е 17-ти во Серија А, додека Калјари е веднаш зад него. Натпреварот меѓу двата тима ќе се одржи утре на теренот на Калјари.

Read More

Европската куќа на фудбалот –УЕФА во специјално видео ја претстави нашата репрезентација која преку Лигата на нации обезбеди историски пласман на Европското првенство во текот на летото. УЕФА на официјалната интернет страна наведе дека нашиот капитен, Горан Пандев (Џенова) и Енис Барди од Леванте, се двајцата клучни во селекцијата предводена од Игор Ангеловски. Во материјалот се потенцира дека токму Ангеловски има најдолг стаж на кормилото на А тимот и дека погодокот на Пандев во финалето во баражот против Грузија е еден од најзначајните во нашата фудбалска историја. УЕФА, потсетува и на нашиот премиерен квалификациски меч за Европското првенство во далечната 1994…

Read More

Тренерот на ракометарите на Вардар, Стевче Алушовски, потенцира дека ПИК Сегед  иако имаше слаби резулатти во првиот дел од сезоната останува меѓу кандидатите за место на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. „Имаме уште два дена да се подготвиме. Се надевам дека играчите ќе го исполнат тоа што ќе го договориме. Оптимист сум, сакам да се претставиме во добро светло и  да видиме до каде сме“ – вели стратегот на Вардарци. „Не смее да ни се повторат почетничките грешки од мечот со Порто, кои нѐ чинеа два бода“ – изјави  Алушовски в пресрет на дуелот со Унгарците кој ќе биде реалзиран…

Read More

Црногорскиот репрезентативен бек во редовите на Вардар, Васко Шеваљевиќ, очекува тежок меч в недела против унгарскиот состав ПИК Сегед во новата рунда во Лигата на ракометните шампиони. „Вардар мора да оди на победа. Имаме уште два дена да се подготвиме, се работи за одлична екипа која на секоја позиција има по двајца врвни ракометари“ – вели Шеваљевиќ. „Постои некакво ривалство меѓу Вардар и ПИК Сегед што ќе го направи мечот поинтересен. Ќе одиме на победа и освојување на бодовите како и секогаш“ – потенцираше бекот на „црвено-црните“ пред мечот в недела од 18.00 часот во СЦ Јане Сандански.

Read More