Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Наполи, Џенаро Гатузо, се осврна на честите шпекулации во медиумите дека набрзо ќе заработи отказ. Наполитанците кои се елиминирани од Купот на Италија се наоѓаат на 6 место на табелата во Серија „А“ и речиси се без шанси во трката за Скудетото. Според медиумите, токму саботното дерби со Јувентус може да се покаже како пресудно за иднината на така наречениот пит-бул. На новинарско прашање дали од дуелот со Јуве зависи неговата судбина, Гатузо беше категоричен. „Не знам, мора да го прашате клубот. Јас сум капетан на бродот. Кога работите не одат добро, капетанот ја презема одговорноста“…

Read More

Новиот тренер на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, планира да го ангажира играчот на Баерн Минхен, Жером Боатенг, кој во текот на летото ќе ја заврши соработката со Баварскиот состав. Доколку трансферот се реализира, германскиот интернационалец по втор пат ќе има шанса да се појави во најсилниот шампионат на Англија. Ќе потсетиме дека црномурестиот фудбалер во периодот од 2010 до 2011 година го носеше дресот на Манчестер Сити.

Read More

Италијанскиот елитен состав Јувентус прави планови за нови фудбалери кои ќе бидат купени во текот на летниот период. Едно од имињата на списокот е младиот талент Фоларин Балгун кој е на платниот список  на Арсенал, пренесува „Калчомеркато“. 19-годишниот Американец е напаѓач, но, може да игра и на страничните позиции. Тој е капитен на младинската екипа на Арсенал, но, има одиграно и 5 натпревари за сениорскиот состав и постигнато 2 гола. Договорот на Балгун истекува на лето кога ќе стане слободен агент а „старата дама“ од Торино се обидува уште сега да го обезбеди неговиот потпис.

Read More

Луѓето од Ливерпул размислуваат да го ангажираат фудбалерот на Борусија (Менхенгладбах), Денис Закарија, кој најави дека нема намера да го продолжи договорот кој му истекува по 18 месеци, објави весникот –„Билд“. 24-годишниот играч од средниот ред кој имаше неколку повреди во тековнава сезона, сепак, останува значаен дел од германскиот клуб. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп,  кој има големи проблеми во дефанзивата сигурно во текот на летниот трансфер период ќе се обиде да дојде до неговиот потпис.

Read More

Англискиот фудбалски состав Манчестер Јунајтед не стапил во контакт со дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос. Бидејќи договорот на 34-годишниот ветеран истекува во текот на летото, многу екипи се обидуваат да го обезбедат неговиот потпис. Последниве денови се појавија информации дека Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го привлече одличниот стопер на „Олд Трафорд“. Клубот планира да ја засили одбраната а тренерот, Оле Гунар Солскјер, како идеално решение за тоа го гледа токму играчот на „кралевите“.

Read More

Екипата на ПСЖ вчера го елиминираше Каен во Купот на Франција, но, остана без големата ѕвезда,  Нејмар. Бразилецот мораше да го напушти теренот во почетокот на вториот дел откако се пожалил на болки во слабините. Денеска ќе му бидат направени лекарски прегледи по што ќе се знае дали одличниот голгетер ќе мора да го пропушти мечот со Барселона во Лигата на шампионите или ќе може да излезе на мегдан со шпанскиот состав.

Read More

Фудбалскиот состав на Вардар под диригентската палка на новиот кормилар, Никола Илиевски- Џиџи денеска ги започна мини-подготовките за пролетниот дел од сезоната. Заедно со поголемиот дел од младинскиот погон тренираа и поискусните: Филип Илиќ, Дејан Блажевски, Филип Петковски, Бојан Најденов и Виктор Велкоски. Помошници на Илиевски ќе бидат поранешните капитени на „црвено-црните“, Бобан Грнчаров, Златко Таневски, Никола Глигоров, Филип Ивановски, тренер на голманите останува Саша Илиќ додека за кондициската подготовка ќе биде задолжен Михајло Шејкероски. Првиот тренинг беше одржан на теренот на Фудбалската Академија на Вардар во Градски парк. Претходно беа направени тестови за Ковид-19, стои во објавата на официјалната интернет…

Read More

Европската ракометна федерација одлучи да направи промена во правилата за тековнава сезона во Лигата на шампионите откако поради пандемијата со Ковид-19 беа одложени голем број на мечеви. ЕХФ одлучи сите 16 екипи кои во моментов се поделени во две групи да одат во елиминациите иако според првичниот план требаше од секоја група по шест да одат во наредната фаза. Сега со новата одлука првиот од група А ќе игра со последниот од група Б и обратно, вториот од група А со седмиот од група Б…и така натаму. Тоа значи дека Вардар ќе треба да се изброи само за што подобар…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа денеска составот на Татабања со 21:19 и ги прокнижија новите бодови во Европската Лига. На мечот во Битола победникот практично беше решен во завршницата кога нашиот состав успеа да направи два-три гола предност и да ја задржи до последниот звук на сирената. Кај битолчани, Кушан постигна шест голови додека Мандалиниќ остана на пет. Во редовите на унгарскиот тим се издвои Гјори со шест погодоци. Утре на истата локација во салата – „Боро Чурлевски“ ќе биде одигран и вториот меч меѓу двата тима. Тој ќе биде од седмото коло а Татабања ќе ја има улогата…

Read More

Поранешниот фудбалер и менаџер, Марк Хјуз, ги советува челниците на Манчестер Јунајтед да му понудат на „извонредниот“,  Единсон Кавани, нов договор. 33-годишен играч кој по заминувањето од Париз беше ангажиран на „Олд Трафорд“, успеа да постигне шест голови и да направи две асистенции на 16 мечеви. Сега легендата на Манчестер Јунајтед, Хјуз, верува дека Единсон заслужува продолжување на договорот. „Пред да дојде во клубот, [Маркус] Рашфорд, [Ентони] Марсијал и [Мејсон] Гринвуд беа во средината на нападот, но, видовме дека ниту еден од нив не ја одигра улогата како што треба. Кога Кавани игра, чувствувате дека тимот има повеќе фокус“ –…

Read More