Фудбалскиот магазин – „Франс Фудбал“, на насловната страница објави фото на кое Лео Меси го носи дресот на ПСЖ, што веднаш предизвика реакција кај фановите на Барселона. Аргентинецот кој ја одработува последната сезона на – „Камп Ноу“, често се поврзува со можен трансфер на „Паркот на принцовите“ а магазинот кој ја доделува наградата – „Златна топка“, очигледно алудира дека тоа ќе се случи многу брзо. Доколку Меси не го продолжи договорот со Каталонците, тогаш на лето ќе биде слободен играч и без обештетување ќе може да замине во друг состав.
Author: dino
Василије Калуѓеровиќ кој е дел од ракометната репрезентација на Црна Гора, во иднина ќе го носи дресот на нашиот Металург. Корпулентниот играч треба да ги покрие бековските позиции во тимот од Автокоманда и да биде квалитетно засилување за наредните предизвици. Тој може да игра како среден или лев бек. Калуѓеровиќ кој дојде од шведскиот Гуф, ќе биде во таборот на „металурзите“ до крајот на наредната сезона.
Тенисерите на Русија ја совладаа Италија во финалето на АТП Купот во Мелбурн и за прв пат во историјата ја освоија шампионската титула . Победникот беше решен во само два меча откако Андреј Рубљов го победи Фабио Фоњинин со 2:0 (6:1 и 6:2) додека Данил Медведев го совлада Матео Беретини со 6:4 и 6:2. Бидејќи Русите направија недостижна предност, мечот во двојки не се одигра. „Зборнаја“ го презеде шампионскиот пехар од Србија која иако беше предводена од најдобриот играч на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, не успеа да се избори за место во завршницата.
Тренерот на фудбалерите на Наполи, Џенаро Гатузо, изјави дека континуираните грешки во средината на теренот влијаеле на вчерашниот пораз на теренот на Џенова. Токму во една таква ситуација „наполитанците“, примија гол и на крајот останаа со празни раце. Тој момент посебно го изнервира така наречениот пит-бул кој не крие дека е крајно бесен на неговите фудбалери. „Не е првпат да ни се случува истата работа, да креираме шанси, да промашуваме и да примаме наивни голови. Немам што да кажам, се повторуваат истите глупави грешки“ – потенцираше тренерот на Наполи.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед примија гол во судиското продолжение на вчерашниот меч со Евертон во Премиер лигата и останаа покуси за два бода во трката за шампионската титула. Иако домаќините имаа предност од 2-0 и 3-2, на крајот популарните „карамели“ си заминаа непоразени од „Олд Трафорд“. По мечот тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Сослкјер, не криеше дека е разочаран од резултатот. „Кога ќе примите гол во 95. минута секако дека ќе се чувствувате многу лошо. Требаше работата да ја завршиме многу порано. Реалноста е дека освоивме само еден бод“ – потенцира Норвежанецот.
Нашиот фудбалски интернационалец, Горан Пандев, со двата гола на вчерашниот меч против Наполи во Серија „А“ и донесе големи три бода на Џенова во трката за опстанок. Тренерот на неговиот тим, Давиде Балардини, на шега вели дека ќе го тепа Пандев доколку реши да оди во пензија. Македонецот по дуелот изјави дека планира ја заврши кариерата по Европското првенство, но, меѓу редови ја остави вратата отворена и за уште eдна сезона. „Со Горан планираме да ни оди добро до крајот на сезоната а потоа ако реши да се пензионира, ќе го тепам, нема да кажам на никој, ама ќе го…
Ракометарите на Еурофарм Пелистер доцна синоќа загубија на теренот на ППД Загреб со 26 спрема 23 во меч од регионалната СЕХА конкуренција. Нивниот тренер, Жељко Бабиќ, кој од непознати причини го остави на клупата Стипе Мандалиниќ, вели дека домаќинот имал крајно расположен голман. „ Ашанин беше одличен а неговите одбрани беа клучни. По тој период паднавме, домаќинот нè казнуваше. Мораме да бидеме компактни во текот на сите 60 минути“ – изјави Бабиќ. Битолчани сега ќе се насочат кон дуелите со Татaбања во рамките на Европската лига.
Нашата фудбалска репрезентација У 21 го дозна распоредот за квалификациите за Европското првенство во 2022 година. Ние сме во групата со Франција, Србија, Украина, Фарски острови и Ерменија. Новиот циклус ќе го започнеме на 2 септември на теренот на „триколорите“ а ќе го завршиме кај Украинците на 7 јуни догодина. Еве го комплетниот распоред за македонските фудбалери кој го одреди УЕФА. 02.09.2021 Франција – Македонија 07.09.2021 Македонија – Србија 07.10.2021 Фарски острови – Македонија 12.10.2021 Ерменија – Македонија 11.11.2021 Македонија – Украина 16.11.2021 Македонија – Франција 24.03.2022 Србија – Македонија 29.03.2022 Македонија – Фарски острови 01.06.2022 Македонија – Ерменија 07.06.2022…
Нашите најдобри кошаркари од 18 до 22 февруари треба да се појават на квалифиакцискиот турнир во Перм за место на Европското првенство во 2022 година. Селекторот Александар Тодоров, првично го објави поширокиот список од 24.кошаркари кои ќе бидат ангажирани во текот на подготовките. Ззадолжителното тестирање за Ковид-19 ќе биде на 8. и 9. февруари во Скопје. На списокот се запишани: Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром) Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром) Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром) Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром) Лука Савичевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка) Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка) Андреј Митревски (ТФТ) Виктор…
Ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ, на крајот на сезоната ќе се врати во татковината во редовите на ППД Загреб, потврди денеска хрватскиот состав. Во информацијата лиферувана до медиумите, ППД Загреб наведува дека крилото на селекцијата на „коцкестите“ се согласило за тригодишна соработка. Чупиќ кој со Вардар освои две титули во Лигата на шампионите, се израдувал и на седум медали со репрезентацијата и тоа четири бронзени и три сребрени. Тој досега ги бранеше боите на: Кјелце, Рајн-Некар Ловен, РК Горење Велење, СД Октавио Виго, РК Медвешчак и РК Метковиќ.
