Author: dino

Тренерот на ракометарите на Еурфарм Пелистер, Жељко Бабиќ, вели дека  играчите се мотивирани за утрешното гостување кај ППД Загреб во рамките на СЕХА лигата. „Добро е што ќе играме против одличен тим со одличен тренер. Во перспектива за натпреварите против Татабања, дуелот многу ќе ни значи. Се работи за екипи со приближен квалитет. Се радувам што ќе играме, што започна СЕХА лигата. Што се однесува до подготовката, четири играчи од ростерот нема да патуваат заради физички проблеми“ – вели Бабиќ. Мечот со нетрпение го очекува и крилото, Гоце Олјески. „ Одработивме добри подготовки, бевме во Загреб и игравме тест натпревари.…

Read More

Денеска во Софија се одржа ждрепката за втората фаза од кошаркарската БИБЛ лига. Вкупно шест екипи беа распоредени во две групи. Македонските преставници Куманово и ТФТ нема да се сретнат бидејќи ТФТ е во групата „Ф“ заедно со Хапоел Галил и Берое додека Куманово е во групата „Г“ во друштво на Хапоел Холон и Академик Пловдив. Според правилата, првите два тима од секоја од групите ќе играат вкрстено во полуфиналето. Распоред допрва ќе биде направен во корелација со сите тимови и националните федерации од земјите од кои доаѓаат.

Read More
NBA

Големите кошаркарски ѕвезди на Бруклин Нетс и на Лос Анџелес Лејкерс, Кевин Дурент и Леброн Џејмс, имаат најмногу гласови од фановите на НБА во првото собирање на резултатите за 70-то издание на Ол-стар мечот што ќе се одржи на 7 март во Атланта . Кеј Ди е лидер на истокот со 2.302.705 гласови додека „кралот“  со 2.288.676 е лидер на Западот. Еве како изгледа рангирањето досега. КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЗАПАД: КРИЛА И ЦЕНТРИ: Леброн Џејмс – 2.288.676 Никола Јокиќ – 1.477.975 Каваи Леонард – 1.285.777 Ентони Дејвис – 1.192.881 Пол Џорџ – 549.280 Зајан Вилијамсон – 411,668 Ендру Вигинс – 264.781…

Read More

Норвешкиот биатлонист, Ларс Биркеланд, објави дека ја завршува кариерата. Веста се појави на неговиот профил на „Инстаграм“. Тој последен пат се натпреваруваше во март во 2020 година кога го освои второто место на трката со масовен старт. „По една тешка сезона и откако се соочив со болеста,  се обидов да се вратам во националниот тим. За жал, не успеав. Со тоа заврши еден период од мојот живот ” – напиша Биркеланд. 32-годишниот Норвежанец кој има  сребрен медал од Игрите во Пјон Чанг во 2018 година и стана светски шампион во штафета за мажи во 2019 година, во неговата ризница има…

Read More

Бразилскиот фудбалски интернационалец, Нејмар, потврди дека нема намера да го напушти тимот на ПСЖ со што стави крај на шпекулациите дека ќе си замине од градот на светлината. „Ме мотивираат само победите кои ги имам остварено во животот и кариерата. Знам какво е чувството да ја освоиш Лига на Шампиони и уверен сум дека повторно ќе го остварам тоа, но, како фудбалер на ПСЖ“ – потенцираше Нејмар кој се осврна и на приватниот живот надвор од стадионите. „Сите знаеме како да поминуваме со фамилијата, пријателите или едноставно да се забавуваме. Пандемијата не натера да размислуваме различно“ – додаде фудбалерот на ПСЖ.

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Манчестер Сити, Серхио Агуеро се надева дека во текот на летото ќе добие повик од Барселона и дека ќе се пресели во Примера Дивизион. Каталонците откако се разделија со Луис Суарез се обидуваат да пронајдат нов голгетер а на нивна страна оди и податокот дека договорот на  Агуеро истекува во јуни и тој ќе може без обешетување да ги напушти „граѓаните“. Иако имаше  најави дека првите луѓе на „граѓаните“ ќе се обидат да го убедат Агуер да остане на „Етихад“, медиумите проценуваат дека е поголема веројатноста тој да си замине од тимот.

Read More

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито,  ќе му исплати на секој фудбалер по 400 илјади евра доколку биде освоена титулата во Серија „А“. „Сино-белите“ од Рим сега се наоѓаат на петото место на табелата и заостануваат 9 бодови во однос на лидерот Милан. До крајот на сезоната остануваат уште 18 кола. Лотито решил да ги стимулира играчите и за добар настап во Лигата на шампионите во 1/8 финалната рунда против бранителот на титулата Баерн (Минхен). Тој вети дека неговите играчи ќе делат бонус од вкупно 3 милиони евра ако го елиминираат тимот од Германија.

Read More

Раководството на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед започнало преговори со Бруно Фернандеш за продолжување на неговиот договор, тврдат неколку медиуми во Англија повикувајќи се на извори од клубот. Португалецот кој пред само една година пристигна на „Олд Трафорд“  веднаш стана голема ѕвезда во составот на Оле Гунар Солскјаер. Шефовите на „црвените ѓаволи“  се свесни дека тој заслужува многу подобри финансиски услови со оглед на неговиот ефект на теренот. Сегашниот договор на Фернандеш е валиден до 2025 година.

Read More

Германскиот фудбалски стратег, Томас Тухел, кој освои седум бодови од можните девет откако го презеде кормилото на Челзи, вели дека неговите избраници сосема заслужено се израдуваа на победата на вчерашното дерби со Тотенхем во Премиер-лигата. „Навистина екипата има потенцијал. Убаво е чувството да се работи со нив. Задоволен сум како се вклопив меѓу нив“ – потенцираше Тухел. „Не се работи само за тактиката, се работи за начинот на кој игравме. Никогаш не ја загубивме вербата и храброста. Тоа е добитна комбинација“ – потенцираше тренерот на „сините“.

Read More

Фудбалерите Челзи со голот на Жоржињо од пенал славеа вчера против Тотенхем со минимални 1:0 во дербито на Премиер лигата. Решавачкиот момнет се случи откако Даер сакаше да ја исфрли топката надвор од шеснаесеникот но го удри Вернер а судијата покажа на белата точка. По мечот тренерот на „Спарси“, Жозе Мурињо, ги обвини судиите дека досудиле непостоечки пенал за противникот. „Tие постигнаа гол од пенал кој не е пенал. Не беше тоа опасна ситуација, еден на еден, тоа беше пенал кој е тешко да се прифати. Болно е кога ќе загубите меч на таков начин“ – потенцираше Португалецот.  

Read More