Норвешкиот биатлонист, Ларс Биркеланд, објави дека ја завршува кариерата. Веста се појави на неговиот профил на „Инстаграм“. Тој последен пат се натпреваруваше во март во 2020 година кога го освои второто место на трката со масовен старт.
„По една тешка сезона и откако се соочив со болеста, се обидов да се вратам во националниот тим. За жал, не успеав. Со тоа заврши еден период од мојот живот ” – напиша Биркеланд.
32-годишниот Норвежанец кој има сребрен медал од Игрите во Пјон Чанг во 2018 година и стана светски шампион во штафета за мажи во 2019 година, во неговата ризница има и еден златен и четири сребрени медали од европските шампионати.

