Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ристовски, денеска потпиша со екипата на Динамо Загреб откако го напушти португалскиот состав, Спортинг Лисабон. „Горд сум што станав играч на Динамо. Сите знаеме какво реноме има клубот во Европа. Го познавам Адеми, тој ми е соиграч во репрезентацијата“ – потенцираше Ристовски кој во 2017 година со Ријека успеа да се израдува на титулата во хрватскиот шампионат. Според медиумите, Спортинг за трансферот ќе добие 1.300.000 евра
Author: dino
Статистиката во Примера Дивизион покажа дека фудбалерите на Реал Мадрид и на Бетис направиле најмногу пенали. Судиите покажале седум пати на белата точка во шеснаесетникот на „кралевите“ додека во нивна користи биле досудени само два пенала. Голманите на Бетис исто така морале да бранат дури 7 удари на противничките фудбалери од 11 метри додека нивните соиграчи шутирале од белата точка во пет наврати. На врвот на листата е лидерот на Примера, Атлетико Мадрид, со 6 пенали во негова корист и само 1 против. Фудбалерите на Барселона имале можност да ја изведат најстрогата казна пет пати додека против нив биле досудени…
Интернационалецот од БИХ, Един Џеко, кој имаше голем конфликт со тренерот Фонсека и не беше на списокот за претходните два меча во Серија „А“, од денеска повторно тренира со екипата на Рома. Корпулентниот голгетер речиси 10-на дена немаше никакви активности а медиумите веднаш излегоа со информација дека ќе биде продаден во текот на зимава. Откако тоа не се случи, Џеко реализирал средба со тренерот Фонсека и директорот на „волчицата“ , Тиаго Пинто се со цел да се надмине проблемот и тој да се врати во тимот. Според „Кориере дело Спорт“, Џеко ќе биде пријавен за неделното дерби со Јувентуис, но,…
Стоперот на фудбалскиот состав Ливерпул, Вирџил ван Дајк, кој заработи тешка повреда на 17 октомври на мечот со Евертон најверојатно нема да се врати до крајот на сезоната, потенцираше тренерот на „црвените“ , Јирген Клоп. На денешната прес-конференција пред средбата со Брајтон која ќе биде одиграна утре на „Енфилд“, германскиот стратег откри дека не е оптимист во поглед на рехабилитацијата на Холанѓанецот кој имаше операција на предните вкрстени лигаменти. „Што и да се случи со него, мислам дека ќе имаме место за Вирџил на списокот за Лигата на шампионите. Јас велам дека е тоа апсолутно невозможно и веројатно нема да…
Напаѓачот на фудбалскито состав Манчестер Сити, Серхио Агуеро го победи корона-вирусот но, нема да се врати на теренот извесен период бидејќи ја нема потребната форма, изјави менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола, пред утрешното гостување кај Барнли. Агуеро кој е стрелец број еден во историјата на клубот не започнал како стартер од октомври бидејќи покрај со корона-вирусот, мораше да се справи и со операцијата на коленото и повредата на бутот. Тој најверојатно ќе го пропушти и викенд-дербито со Ливерпул. „Кога некое лице ќе добие Ковид-19, треба да поминат неколку недели за да се чувствува подобро. Серхио сè уште не тренира со…
Повторно покажувајќи ја својата транспарентност, отвореност и посветеност за вистинските фудбалски вредности, Фудбалската федерација на Македонија како што најави на прес – конференцијата одржана на 22. јануари го споделува официјалниот допис од генералните секретари на УЕФА и ФИФА во врска со спорот помеѓу Агенцијата за млади и спорт и Фудбалската федерација на Македонија. „Во насока на нашата постојана комуникација, ФИФА и УЕФА ја подржуваат Фудбалската федерација на Македонија, Статутот да биде предмет на разгледување целосно откако ќе се одржи изборното Собрание на ФФМ и ќе биде избран новиот Управен одбор. Согласно праксата на добро раководење, ФИФА и УЕФА силно препорачуваат нивните…
Кошаркарскиот состав на Вардар поради петмина кошаркари и едно лице од стручниот штаб кои се позитивни на Ковид-19 ќе мора да оди во карантин. Проблемот може да стане поголем ако се земе в предвид дека Вардар во саботата во домашното првенство играше против Пелистер. Тоа значи дека Битолчани ќе мора да одат во привремена изолација и да ги чекаат резултатите од тестирањето
Тренерот на фудбалерите на Рома, Пауло Фонсека, по вчерашниот триумф против Верона со 3:1 во 20-то коло во Серија „А“, одби да зборува за неговиот конфликт со босанскиот напаѓач Един Џеко. Корпулентниот голгетер на „римската волчица“ повторно не беше на списокот а медиумите на Апенините проценуваат дека тоа се должи на конфликтот со тренерот Фонсека. „Тимот покажа дека не зависи од еден играч. Сите работиме напорно. Успеавме да погодиме трипати против една од најдобрите одбрани во шампионатот. Одигравме одлично во првиот дел“ – потенцираше Португалецот.
Италијанскиот фудбалски состав Торино успеа да го ангажира напаѓачот на Бетис, Антонио Санабрија, објавија медиумите на „Чизмата“. 24-годишниот интернационалец од Парагвај потпиша четиригодишен договор со „биковите“. Тој ќе мора да помине одреден период во карантин бидејќи на задолжителните лекарските прегледи било утврдено дека е заразен со Ковид-19. Санабрија има искуство од Серија А бидејќи ги носеше дресовите на Рома, Сасуоло и Џeнова. Тој во тековнава сезона во шпанското првенство одигра 16 мечеви за Бетис и успеа да постигне 3 гола.
Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Факундо Пелистри, ќе игра на позајмица до крајот на сезоната во шпанскиот состав Алавес, соопштија денеска официјално – „црвените ѓаволи“. 19-годишниот уругвајски напаѓач кој во октомври го напушти Пењарол за 9 милиони фунти и се пресели на „Олд Трафорд“, сè уште го чека деби мечот за првиот тим на Јунајтед. Фудбалерот кој редовно играше во екипата до 23 години, сега ќе има шанса да се наметне во – Примера дивизион.
