Хрватските ракометари, Јосип Шарац (22 год, 201 см) и Анте Кудуз (25 год, 202 см) од наредната сезона ќе бидат дел од екипата на Вардар. Со нивниот ангажман, „црвено-црните“ драстично ќе ја засилат левата бековска позиција. Шарац е член на словенечкиот тим Целје а за селекцијата на „коцкестите“ има одиграно 11 средби и постигнато пет погодоци. Корпулентниот Кудуз сега ги брани боите на Динамо Букурешт од Романија.
Author: dino
Шефот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, одговори на гласините дека го користи добриот ефект на Џорџ Расел на трката за Големата награда на Бахреин кога го замени болниот Луис Хамилтон како адут во преговорите со седумкратниот светски шампион. Британецот во првите денови од јануари го одработи договорот со шампионскиот тим на Мерцедес. Познато е дека преговорите за продолжување на соработката се водат повеќе од половина година. „Не е точно дека го користам името на Расел, нема такво нешто. Двајцата сакаме да продолжиме да работиме заедно и прашање на време е кога ќе ги финализираме преговорите. Тоа ќе се…
Нашата фудбалска репрезентација У 21 година ги доби противниците во квалификацискиот дел за пласман на Европското првенство 2023 кое ќе се игра во Романија и Грузија. Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе играат во група со Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија. „Групата е исклучително тешка. Франција е топ фаворит, Србија и Украина отсекогаш имале одлични млади фудбалери и секако ќе се борат за висок пласман. Фарски Острови е репрезентација во подем, тоа го потврдија во претходните квалификации во кои славеа против Црна Гора, Израел и Казахстан. Ерменија е исто така незгоден противник“-вели Милевски во изјавата за официјалниот сајт на ФФМ.…
Сопственикот на фудбалскиот состав Борец, Кочо Анѓушев, го напушти клубот. Одлуката е соопштена денеска по завршувањето на пријателскиот натпревар Борец – Тетекс. Тој на играчите им соопштил дека прекинува да го спонзрира клубот и им порачал да си бараат нови клубови. „На денешниот состанок донесовме одлука дека Брако како компанија не треба да продолжи да финансира во спортски федерации, чии раководства немаат респект кон спонзорите и онака како што слушаме од Агенцијата за млади и спорт, истите не се усогласени со законите на Р. С. Македонија. Во таа смисла, објавуваме дека Брако ќе престане да го финансира клубо и во…
Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, не се согласува со одлуката на Роман Абрамович, да го отпушти Френк Лампард. Според Германецот, поранешниот играч за врска на Ччелзи требаше да добие повеќе време. „Искрено, тоа беше навистина тешка одлука. Мислам дека Челзи заврши неверојатна работа на трансфер пазарот во текот на летото и привлече добри играчи. Сепак, потребно е време“ – вели Клоп. „Абрамович дава можности како што се пари и играчи … но, тој не е најтрпеливиот човек во светот. Сочувствувам со Френк затоа што тој е млад и многу, многу талентиран менаџер“ – изјави тренерот на „црвените“ .
Крилото на Олимпик Марсеј, Марли Аке пристигна во Торино за да се подложи на лекарски прегледи пред неговиот трансфер во Јувентус, објавија италијанските медиуми. Во исто време 18-годишниот фудбалер за врска на италијанскиот шампион, Франко Тонга, ќе му се приклучи на францускиот клуб. Аке, кој неодамна наполни 20 години, за Марсеј одигра 26 натпревари. Четири од нив се во Лигата на шампионите – против Олимпијакос, Манчестер Сити и Порто а токму „змејовите“ се наредниот противник на „бјанконерите“ во елитата на Европа. Сепак, Французинот барем првично ќе игра за вториот тим на „Старата дама“.
Поранешниот германски фудбалски репрезентативец, Макс Мајер, се врати во Првата Бундес-лига потпишувајќи договор со Келн до крајот на сезоната. Претходно во јануари, играчот за врска се раздели со англискиот Кристал Палас. 25-годишниот Мајер играше за Шалке 04 до летото 2018 година кога му се приклучи на тимот од Лондон. „Најважно за мене беше да играм редовно. Сакам да ја искористам мојата шанса во Келн. Имам желба да настапам на највисоко ниво и да му помогнам на тимот да остане во елитата” – изјави Мајер кој има четири средби за германската репрезентација. Неговиот нов тим се наоѓа 16-то место на табелата…
Нашиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски се согласил да ја продолжи кариерата во Галатсарај, објавија денеска неколку турски интернет портали. Според наведеното, договорот на Алиоски му истекува во јуни годинава и засега нема најава дека ќе започнат преговорите за негово продолжување. Наводно, Алиоски не е задоволен од финансиските услови во Лидс и по завршувањето на сезоната сака да ја промени средината. Турците тврдат дека Галатасарај и Алиоски постигнале начелен договор и тој за неколку месеци треба да се пресели во Истанбул.
Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, вели дека е задоволен од подготовките во Загреб и прикажаното на контролните мечеви. „Ракометарите одлично се ангажираа деновиве. Во текот на сите натпревари покажавме задоволителен интензитет. Задоволен сум, иако ни недостасуваше реализација. Очекувам во наредните 10-15 дена да играме во подобра форма. Тоа е очекувано, со оглед на големата пауза. Исто така ни фалат неколку играчи, кои беа дел од репрезентацијата. Верувам дека за првиот дуел во пролетната полусезона во СЕХА лигата ќе бидеме комплетни. Се надевам дека ќе започнеме успешно. Добро се презентиравме на овие натпревари против силни противници“ – вели…
Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, доби суспензија од два меча и парична казна од 20.000 евра откако беше исклучен на дуелот против Удинезе во серија „А“. Судијата Фабио Мареска му даде црвен картон на Конте поради приговор а стратегот продолжи со недолични коментари додека го напушташе теренот како и во делот под трибините. Затоа, Дисциплинската комисија одлучи да го суспендира Конте за наредните два меча во Серија А против Беневенто и Фиорентина.
