Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, нема сериозни проблеми со коленото и ќе биде достапен за утрешниот натпревар со Шефилд Јунајтед во рамките на Премиер-лигата. Голгетерот на „црвените ѓаволи“ принудно го напушти теренот на пет минути пред крајот на дербито со Ливерпул очигледно поради болка во ногата. Вчера му беше извршен преглед на скенер кој покажа дека нема сериозна повреда. Денеска англискиот репрезентативец тренираше заедно со соиграчите. „Маркус е на располагање. Малку го изврте коленото на последниот натпревар но, ќе биде добро” – рече тренерот Оле Гунар Солскјаер на прес-конференцијата.
Author: dino
Некогашниот селектор на нашите најдобри фудбалери, Чедомир Јаневски, набрзо треба да седне на кормилото на Олимпијакос Никозија, најавуваат медиумите на Кипар. Тоа значи дека 59-годишниот стратег ќе се врати во тамошниот шампионат бидејќи има работено во екипите на Енозис Неон Паралимни и на Етникос Ахна. Јаневски досега беше тренер на Вардар, египетскиот Исмаили, Ваасланд-Беверен, Мускрон, Гент, Монс и Клуб Бриж од Белгија а имаше ангажман и во грчкиот Олимпијакос, Ал-Шааб од ОАЕ и Црвена Ѕвезда од Белград.
Маргарет Нијара која го освои бронзениот олимписки медал на 800 метри на Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година, одлучи да се преориентира на патеката од 200 метри бидејќи ИААФ не и дозволува да учествува на 800 метри за жени поради високото ниво на тестостерон. Атлетичарката од Кенија во 2019 година доби забрана да се натпреварува откако Светската атлетика донесе ново правило со кое им се забранува на спортистките со висок тестостерон или антигенизам да се натпреваруваат кај жените од 400 до една милја сè додека не започнат да земаат лекови за намалување на високото ниво на тестостерон. „Се…
Тимот на Ферари ќе се врати во битката за титулата во претстојната сезона 2021 година во Формула 1. Според советникот на Ред Бул, д-р Хелмут Марко, инженерите на Скудерија успеале да ги „пронајдат“ исчезнатите 50 коњски сили од минатата година. Италијанците отворено признаа дека драстично заостануваат зад моќта на Мерцедес, Рено и Хонда. Според Марко, ситуацијата целосно ќе се промени во текот на новиот шампионат и Ферари ќе игра голема улога во борбата за титулата. „Признавам дека имам информации за Ферари што се однесува на сериозно зголемување на моќноста на нивните мотори. Минатата година тие заостанаа далеку зад сите на…
Сопственикот на фудбалскиот состав Челзи, Роман Абрамович, проценува дека има доволно време неговиот тим да се врати во битката за титулата предводен од новиот тренер, Томас Тухел, кој денеска ќе треба да го потпише договорот за наредните 18 месеци. Иако „сините“ се на деветтото место со 11 бода помалку од лидерот Манчестер Јунајтед, Абрамович е уверен дека тимот има доволно квалитет да се бори за шампионскиот пехар во Премиер-лигата. Ќе потсетиме дека лондончани по лошата серија, вчера, ја прекинаа соработката со менаџерот, Френк Лампард.
Капитенот на фудбалскиот состав Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, ќе го пропушти денешното гостување кај Саутемптон во 20-то коло во Премиер лигата. Клубот потврди дека голгетерот ќе биде отсутен од семејни причини. Интернационалецот од Габон пред три дена исто така го пропушти натпревар кај Саутемптон во рамките на ФА купот. Неофицијално, отсуството на Обамејанг е поврзано со смртта на неговата мајка.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, ќе добие понуда да се пресели во редовите на Интер како позајмен до крајот на сезоната, објави денеска весникот – „Мирор“. 28-годишниот играч кој се појави три пати во Куп дуелите и на само 4 средби од Премиер-лигата, ќе добие зелено светло од тренерот, Оле Гунар Солскјер да го напушти тимот. Доколку најавите се остварат, Лингард би му се приклучил на контингентот на „црвените ѓаволи“ на „Сан Сиро“. Таму се активни Алексис Санчез, Ешли Јанг и Ромелу Лукаку кои го напуштија англискиот состав и го обелкоа дресот на Интер.
Фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед доби голем конкурент во трката за ангажман на дефанзивецот на РБ Лајпциг, Дајот Упамекано, бидејќи Челзи, наводно, контактирал со неговиот агент. За Јунајтед се знаеше дека е главниот фаворит за привлекување на 22-годишниот фудбалер за 55 милиони фунти кој според најавите треба да му биде партнер на Хари Мегваер во дефанзивната линија, но, сега информациите најавуваат дека „сините“ исто така ќе притискаат за потписот на црномурестиот фудбалер. Во исто време медиумите во Англија најавуваат дека покрај Манчестер Јунајтед и Челзи, за одличниот одбранбен фудбалер е заинтересиран и германскиот гигант, Баерн Минхен.
Сопственикот на фудбалскиот состав Челзи, Роман Абрамович, потенцираше дека морал да се раздели со тренерот, Френк Лампард, иако со тѕешко срце донел таква одлука. „Јас многу го почитувам Ламард. Тој е икона на клубот. Во сегашнава ситуација се наметнува потребата од нов тренер“ – вели првиот човек на „сините“. „Тој е човек со голем интегритет и има висока работна етика. Лампард секогаш ќе биде добредојден на „Стемфорд Бриџ“ – потенцираше Абрамович без да потврди дали Томас Тухел ќе биде новиот кормилар на лондончани.
Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, вели дека напаѓачот, Герет Бејл, ќе мора максимално да биде активен доколку сака да добие минутажа на натпреварите во Премиер-лигата. „Сите знаеме за тешкотиите со кои се соочуваше во последните неколку сезони, сите знаеме дека пристигна повреден и дека имаше мали проблеми.Тој ќе мора да работи за да добие минутажа“ – потенцираше Португалецот на клупата на „спарси“. Според одредени најави, Велшанецот на крајот на сезоната нема да добие понуда да потпише перманентен договор туку ќе мора да се врати во Реал Мадрид.
