Author: dino

Тимот на Алфа Ромео денеска во полската престолнина Варшава ќе го претстави новиот бoлид со кој ќе се натреварува во претстојната сезона во Формула 1. Екипата чие седиште е во Швајцарија ќе биде првата што ќе направи презентација на новото возило и тоа пред почетокот на сезоната на 28-ми март со трката во Бахреин. Зад воланот во модернизираната верзија на болидот С41 ќе бидат искусниот Финец, Кими Рајконен и Италијанецот Антонио Џованази. Алфа Ромео во претходниот шампионат во Ф1 заврши на осмата позиција во генералниот пласман кај конструкторите.

Read More

Британскиот „Телеграф“ тврди дека англискиот фудбалски состав Лестер се откажал од времен ангажман на  Кристијан Ериксен откако дознал дека Данецот заработува 300.000 евра неделно. Познато е дека „нероаѕурите“ сакаат да го продадат искусниот играч, но, неговите високи примања се главната пречка за реализација на било каков трансфер. Иако имаше одредени најави дека Ериксен може да се врати во Тотенхем, веројатно тоа нема да се случи и тој ќе мора да остане во редовите на Интер.

Read More

Големата ѕвезда на фудбалскиот состав Торино, Андреа Белоти, нема намера да го продолжи договорот бидејќи сака на крајот на сезоната да го напушти тимот, објавија дел од медиумите. Популарните „бикови“ во тековнава сезона се борат да опстанат во Серија „А“ а  Белоти во контактите со раководството побарал да му биде дозволено да си замине иако неговиот  договор истекува во 2022 година. Наводно врвниот голгетер има договор со Милан и сака кариерата да ја продолжи во редовите на „росонерите“ кои во тековнава сезона се борат за титулата во италијанското Калчо.

Read More

Фудбалерот на Интер, Николo Барела, може да добие понуда да се пресели во Премиер-лигата, објави денеска „Газета дело Спорт“. Наводно, за неговите услуги се заинтересирани Ливерпул и Тотенхем. 23-годишниот Барела кој потекнува од школата на Калјари се пресели на „Џузепе Меаца“ за 40 милиони евра. Тој има договор со Интер до 2024 година што значи дека неговата откупна клаузула ќе мора да се активира доколку некој сака да го купи. Медиумот од „Чизмата“ проценува дека  „нероаѕурите“ сепак нема да му дозволат да си замине бидејќи во континуитет покажува одлични партии на теренот.

Read More

Напаѓачот на Саутемптон, Дени Ингс, би можел да се појави на саботниот натпревар против Арсенал во рамките на четвртото коло од ФА купот откако ги пропушти последните два меча поради позитивниот тест за Ковид-19, изјави менаџерот Ралф Хазенхатл. 28-годишниот играч беше позитивен на корона-вирус откако на 4 јануари го одигра мечот со Ливерпул во Премиер-лигата. „ Дени е опција за викендот, тој се врати и го надмина коронавирусот. Ингс е значаен за нашата игра и ќе се обидеме да му дадеме можности“ – вели тренерот на Саутемптон. Ингс во тековнава сезона постигна 7 голови на 13 одиграни средби. Неговиот договор…

Read More

Ракометниот состав на Металург спогодбено ја прекина соработката со црногорскиот интернационалец, Бранко Канкараш кој во изминатато лето беше ангажиран како големо засилување за тимот од „Автокоманда“. -Донесовме заедничка одлука со Канкараш дека е најдобро сезоната да ја доигра во клуб од кој добивме одлична понуда“ – се вели меѓу другото во објавата на Металург. – Лимитираноста во бројот на странци кои можат да настапуваат во домашно првенство беше причината Бранко да ги проследи натпреварите од трибини, што за играч од негов ранг е неприфатливо“ – стои во соопштението на Металурзите.

Read More

Фудбалерот, Амад Диало, кој изминатата недела му се приклучи на првиот тим на Манчестер Јунајтед,  сега ги реалзираше и првите тренинзи со „црвените ѓаволи“. Тинејџерот пристигна на „Олд Трафорд“ од Аталанта за почетна сума 19 милиони фунти а тренерот, Оле Гунар Солскјаер, веднаш го опиша како еден од перспективните млади играчи. „Ќе му треба време за да се адаптира, но, ме радува неговата брзина, визија и фантастична можност за дриблинг. Тој е играч кој во наредните години ќе биде многу значаен за Манчестер Јунајтед “ – изјави Солскјер.

Read More

Легендата на фудбалскиот состав  Манчестер Јунајтед, Брајан Робсон, признава дека би сакал да го види неговиот стар клуб како потпишува договор со Џек Грилиш. „Црвените ѓаволи“ сакаа да го ангажираат фудбалерот и изминатата година, но, тој го продолжи договорот со Астон Вила откако беше обезбеден опстанокот во Премиер-лигата. Робсон сега проценува дека репрезентативецот на Англија ќе биде одлично засилување за тимот од „Олд Трафорд“. „Тогаш донесе добра одлука бидејќи ја доби капитенската лента. Мислам дека е сега позрел и дека треба да одлучи да го облече дресот на Манчестер Јунајтед“ – изјави Робсон за англиските медиуми.

Read More

Екипите на Ливерпул и на Манчестер Сити ќе се обидат да го привлечат фудбалерот на Вулверхемптон, Адама Траоре. Тоа најверојатно ќе се случи во текот на летото бидејќи двата клуба немаат намера да трошат пари во зимскиот преоден рок. Лидс беше заинтересиран за играчот, но, цената од 40 милиони евра го откажа да го купи. Траоре често се користи во центарот на нападот, но, не е многу ефикасен. 24-годишниот фудбалер има само една асистенција а неговиот единствен погодок беше постигнат во натпревар од ФА Купот.

Read More

Италијанскиот шампион Јувентус размислува да и го понуди на Херта (Берлин)  напаѓачот Федерико Бернардески во замена за Кшиштоф Пионтек, тврди деенска „- Кориере ди Торино“. „Старата дама“  се обидува да пронајде уште еден напаѓач а полскиот фудбалер е една од опциите за „бјанконерите“. Пионтек има доволно сериозно искуство во Серија А бидејќи настапуваше за Џенова и Милан. Тој во тековнава сезона има 4 голови и 2 асистенции на 17 натпревари во Бундеслигата. Што се однесува до Бернардески, тој не успеа да се наметне откако направи трансфер од Фиорентина во 2017 година за 40 милиони евра. Од почетокот на сезоната 2020/2021,…

Read More