Првиот човек на нашиот фудбал, Муамет Сејдини и претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, денеска имаа конструктивен разговор на повеќе актуелни теми во просториите на ФФМ. Тоа е прва посета на новиот претседател на МОК на нашата најголем спортска федерација откако е назначен на функцијата. „Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, во првата формална посета на „Куќа на фудбалот имаше конструктивен разговор со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини околу продлабочување на воспоставените добри односи меѓу двете спортски инстутуции“ соопштија од ФФМ
Author: dino
Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Муамед Сејдини, денеска на прес – конференција ги изнесе ставовите на ФФМ по повод известувањето од Агенцијата за млади и спорт и уважената тужба на Фудбалската федерација на Македонија. „Најмалку што сакавме во едно вакво време, во денови кога се слави македонскиот фудбал и нашите резултати е да зборуваме за работи кои не се поврзани со играта, лигата или репрезентациите, но некогаш едноставно – немате избор. Во текот на вчерашниот ден и до мене стигнаа шпекулации дека одредени претставници на клубовите од македонската лига се повикувани во државни институции, присилувани да потпишуваат некаква поддршка за…
Италијанскиот фудбалски клуб Рома е најблиску до потписот на дефанзивецот на Далас, Брајан Рејнолдс, тврди новинарот на „Ил Темпо“, Филипо Бјафора. 19-годишниот десен бек ќе добие годишна плата од 800.000 евра и договор на 5 сезони доколку се согласи да ги прифати условите. Медиумите најавуваат дека Тинејџерот прво ќе игра како позајмен во Рома до крајот на сезоната а потоа италијанците ќе платат за неговиот потпис 7 милиони евра.
Нашите ракометни судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, денеска ќе имаат нова задача на Светското првенство во Египет. Тие ќе се појават на средбата од 4-та група меѓу домаќинот Египет и Белорусија. Средбата меѓу „фараоните“ и Белорусите ќе започне од 18 часот во арената во Каиро. Тоа за нив ќе биде шестиот меч на Мундијалите. Во истата група претходно Македонија ќе игра со Русија.
Аргентинскиот фудбалски репрезентативец, Папу Гомез, кој имаше конфликт со главниот тренер, Гасперини, веројатно до крајот на месецов ќе си замине од Аталанта. Неколку клубови од Серија А се заинтересирани за него, но, не сакаат да платат 10 милиони евра. Станува збор за Интер, Милан и Рома. Тоа може да го искористи шпанскиот состав Севилја и да испрати понуда за брзоногиот играч. Во текот на сезоната Папу Гомез има 10 натпревари и 4 голови во Серија А. Тој последен пат беше на теренот на ремито против Јувентус на 16 декември.
Јапонската влада е решена да ги одржи Летни олимписки игри, потврдија организаторите. Пред само неколку часа, „Тајмс“ излезе со сензационален материјал, според кој јапонските власти на таен состанок заклучиле дека најголемиот спортски форум не може да се одржи во 2021 година поради пандемијата со корона-вирусот. Британското издание не го именуваше изворот на неговите информации. Веднаш потоа организаторите на Игрите во Токио објавија дека премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга , изразил решеност Олимпијадата да се реалзира во текот на летото. „Сите наши партнери се целосно фокусирани на организирање на Игрите. Се надеваме дека секојдневниот живот на луѓето ќе се врати во…
Интернационалецот во редовите на Манчстер Сити, Кевин Де Бруин, ја повреди тетивата на мечот со Астон Вила и ќе мора да паузира најмалку четири недели објавија медиумите во Англија. Фудбалерот од Белгија беше принудно заменет во 59. минута од натпреварот откако се пожали на болка во ногата. Де Бруин ќе мора да ги пропушти средбите со Челтенам во ФА купот како и дуелите со ВБА, Шефилд Јунајтед, Барнли, Ливерпул, Тотенхем во Премиер-лигата. Се претпоставува дека искусниот играч од средниот ред ќе му биде на располагање на Пеп Гвардиола за дерби мечот со Арсенал.
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, немаше зборови да го опише поразот на домашен терен од Барнли со што по речиси четири години и 68 мечеви „црвените“ останаа со празни раце на домашното буниште. „Не знам доволно зборови на англиски јазик за да опишам како се чувствувам. Не се чувствувам добро. Добивме бокс во лицето. Имавме доминација, создававме шанси, но не постигнавме гол“ – вели Германецот. „Сега мора да останеме во битката за титулата. Другото нема значење“ – изјави Клоп по сензационалниот пораз од Барнли.
22-годишниот фудбалер на РБ Лајпциг, Упамекано, ќе добие понуда да го облече дресот на Баерн Минхен, изјави Генералниот директор на Баварците, Карл-Хајнц Румениге. Тој треба да биде замена за Давид Алаба кој одби да ја продолжи соработката со клубот бидејќи очекува да направи трансфер во Реал Мадрид. „Ќе ги решиме работите во одбраната не само со тој фудбалер, туку севкупно. Во сегашново време парите имаат значајна улога“ – вели Румениге.
Фудбалерот на Наполи, Аркадиуш Милик, кој многу често мораше да прави паузи поради повреди, до крајот на сезоната ќе ги брани боите на Олимпик Марсеј, објави екипата од Неапол. Корпулентниот напаѓач во тековнава сезона нема одиграно ниту еден дуел за италијанскиот состав кој му дозволи да направи трансфер во елитниот тим од Франција. Доколку луѓето од „Велодром“ бидат задоволни со настапите на Полјакот, тогаш на крајот на сезоната ќе може да му го откупат договорот.
