Author: dino

Нашиот репрезентативен голман, Мартин Томовски, повторно остави добар впечаток на ракометниот Мундијал во Египет иако доживемвме убедлив пораз од Словенија (31:21) на стартот на втората фаза. „Започнавме добро, но, во вториот дел направивме многу технички грешки. Словенија нè казни. Ќе мора да одиме на изненадување против Русија и Белорусија“ – изјави Томовски. Нашите ракометари утре ќе имаат ден за одмор а наредниот меч ќе го одиграат в петок против Русија. Почетокот е во 15.30 часот.

Read More

Нашите најдобри ракометари по ден одмор, од утре ќе ги започнат мечевите во главната фаза на Мундијалот во Египет. Селекторот, Данило Брестовац, вели дека првичната цел е остварена и дека треба да им се даде поддршка на младите играчи. „Искрено да кажам, не се сомневав дека ќе го победиме Чиле. Кога ќе повлечеме една црта, тоа беше тимска победа. Задоволен сум и од одредени млади ракометари кои носат позитивен притисок затоа што настапуваат за националниот тим“ – изјави Брестовац  за медиумите пред стартот на новата фаза на СП.. Термини за натпреварите од Група 4 во која ќе игра нашата селекција.…

Read More

Легендарниот фудбалер Џејми Карагер, го советува тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, да го промени напаѓачкото трио кое функционира повеќе од 4 години. Станува збор за Мане, Салах и Фирмињо. „Најдобрите напаѓачки формации обично функционираат 2-3 години. Можеби треба да се направат промени во Ливерпул. Тие имаат по 30-тина години и порано или подоцна работите ќе мора да се менуваат“ – вели Карагер. „Се разбира, за две години не можете да купите повеќе нови играч. За тоа ќе биде потребно време. Мислам дека Мане и Салах може да се вратат во ритам, но, ме загрижува Фирмињо“ –  прокоментира поранешниот дефанзивец на…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Сиемоне, најверојатно ќе добие понуда да ја продолжи соработката со шпанскиот елитен состав до 2024 година , објавија дел од медиумите на Пиринеите. Сегашниот договор на 50-годишниот аргентински специјалист е валиден до 2022 година. Симеоне се активираше во клубот во  2011 година и досега успеа да се израдува на шампионската титула (сезона 2013/2014), во Купот (сезона 2012/2013) и Супер Куп на Шпанија. Тој имаше шанса да ги подигне трофеите и во Лигата на Европа на УЕФА (сезона 2011/2012, 2017/2018), Суперкупот на УЕФА (2012, 2018 година). Атлетико Мадрид во тековнава сезона во Примера се…

Read More

Напаѓачот на Ремс, Булаје Диа, може да ја продолжи кариерата во руската Премиер лига. Според „Le10Sport“, Краснодар размислува за ангажман на 24-годишниот Французин. Порталот – „Трансфермаркет“ го проценува Булаје на 12 милиони евра. Исто така е објавено дека Кристал Палас и Фулам се заинтересирани за напаѓачот. 24-годишниот Диа во тековнава сезона одигра 18 натпревари и постигна 12 гола во француската Лига 1. Тој го дели првото место на листата на најдобрите стрелци со напаѓачот на Пари Сен Жермен Килијан Мбапе. Буле Диа се пресели во Ремс во летотово 2018 година.

Read More

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, откри дека ги започнал  подготовките за претстојната сезона иако сè уште нема потпишано договор. Се проценува дека Британецот најверојатно ќе ја продолжи соработката со Мерцедес за две или три сезони. Според одредени извори, причините за продожувањето преговорите се прекумерните барања на возачот кој преку – „Инстаграм “ објави дека активно се подготвува за шампионатот во 2021 година. „Здраво, јас сум на планина и тренирам секој ден, се подготвувам за новата сезона. Секое утро се искачувам на врвот кој е околу 3400 метри, што е навистина смртоносно“ – напиша светскиот шампион.

Read More

Англискиот фудбалски клуб Брајтон на официјална веб-страница, објави, дека дефанзивецот Бернардо ќе го помине остатокот од сезоната на позајмица во австрискиот состав Салцбург. 25-годишниот Бразилец ќе биде на позајмица во тимот за кој  играше од јануари до август во 2016 година. Потоа беше регрутиран од РБ Лајпциг и играше за германскиот клуб две години пред да биде купен од Брајтон во 2018 година. Бернардо во тековнава сезона има реалзирано седум натпревари за Брајтон во сите натпреварувања на кои постигна и еден гол.

Read More

Голманот на нашата ракометна репрезентација, Мартин Томовски, побара мобилизација од соиграчите за утрешниот меч со Чиле на Мундијалот во Египет. Победникот од тој дуел ќе го продолжи престојот на Светското Првенство. „Треба да дејствуваме заеднички. Мораме да бидеме агресивни и ангажирани на секој натпревар“ – вели Томовски. „Египет е навистина одлична репрезентација, но, ние им дозволивме да играат лесно. Сега мораме добро да се подготвиме за средбата со Чиле“ – изјави нашиот репрезентативец.

Read More

Селекторот на ракометарите, Данило Брестовац, по вчерашниот тежок пораз од „фараоните“ на Мундијалот во Египет, вели дека треба да учиме од домаќинот како се прави генерација за големи резултати. „Светското првенство треба да ни биде показател како треба да се работи со младите во клубовите. Не очекував таков пораз. Имаме многу грешки и треба да учиме. За мене генерацијава е најдобра, намерно ги одморив поискусните играчи кои ни требаат за дуелот со Чиле“ – вели Брестовац. Македонија и Чиле утре од 15:30 часот ќе го одиграат решавачкиот меч за пласман во втората фаза. Потоа Шведска и Египет ќе имаат битка…

Read More

Легендарниот фудбалер, Гери Линекер, го потенцираше најдобриот играч во редовите на Челзи во тековнава сезона. Поранешниот напаѓач на англиската репрезентација верува дека тоа е младиот играч за врска Мејсон Маунт. 22-годишниот талент му донесе победа на Челзи против Фулам од 1:0 во саботата со гол во 78-та минута. Тинејџерот на „сините“ од западен Лондон има 3 гола и 6 асистенции на 25 натпревари во сите конкуренции. „Значаен гол за Челси и Френк Лампрад, постигнат од Мејсон Маунт. Со сите потрошени пари за трансфери, тој е нивниот најдобар играч. Одлична техничка, фантастична енергија и перформанси“, напиша Линекер на „Твитер“.

Read More