Author: dino

Челниците на фудбалскиот состав Вест Хем сакаат да го ангажираат напаѓачот на Ремс, Булае Диа, објавија медиумите во Англија. Популарните „чекани“ сакаат да го купат репрезентативецот на Сенегал  како замена за Себастијан Але кој му беше продаден на Ајакс. 24-годишниот Диа предизвика големо внимание уште од почетокот на сезоната во Лига 1. Африканецот постигна 12 гола на 17 натпревари и го запоседна врвот на листата на стрелците заедно со Килијан Мбапе од ПСЖ. Трансферната вредност на Диа е 11 милиони евра.

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Интер, Ромелу Лукаку,  се надева дека ќе постигне голем успех како на клупско ниво така и на репрезентативно со неговата Белгија. Репрезентацијата  има сериозно искуство. На СП 2018 сите не пофалија затоа што игравме убаво, но, загубивме во полуфиналето од Франција. Понекогаш не игравме спектакуларно, но, продолжувавме да победуваме” – рече Лукаку. Напаѓачот кој дебитираше во Андерлехт со само 16 години, досега ги бранеше боите на Челзи, Вест Бромвич, Евертон и Манчестер Јунајтед.  

Read More

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го потврди новиот договор со селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски. – Со Игор лесно се договоривме за сите детали околу продолжување на соработката бидејќи и кај него и кај нас владееше позитивно расположение. Ние сме професионалци и знаеме дека добрите резултати даваат поголема шанса за задржување на некоја позиција. Горди сме на сѐ што направивме како репрезентација и федерацијата ќе продолжи да обезбедува најдобри услови за работа, како што впрочем беше и досега“ – изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини. – Благодарност до претседателот на федерацијата и Управниот одбор за довербата. Како…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Лацио, Симоне Инзаги, верува дека неговата екипа ќе биде крајно мотивирана во градското дерби со Рома кое ќе биде одигран в петок од 20.45 часот во Серија „А“. „Сите знаеме што значи дерби меч. За нас е секогаш значајно да ги победиме. Гледам дека сите се свесни за предизвикот“ – вели Инзаги. „Рома е стабилен тим, треба да бидеме агресивни и одлучни. Немаме право на грешка, свесни сме за тоа“ – потенцираше тренерот на „лацијалите“.

Read More

Хрватскиот фудбалер во Реал Мадрид, Лука Модриќ, кој ја освои „Златната топка“ за 2018 година, вели дека е оптимистички расположен околу продолжувањето на соработката со тимот од „Сантијаго Бернабе“. „Преговорите одат во вистинската насока. Во принцип, ништо не се промени. Работам напорно на тренинзите и сакам да бидам што е можно поконкурентен“ –​​рече Модриќ цитиран од  -„Goal.com“. Тој во сезонава има одиграно 23 натпревари на кои постигна  4 голови и направи 1 асистенција. Неговиот договор ќе заврши во текот на летото.

Read More

Американскиот тенисер, двократен четвртфиналист на Австралија опен, Тенис Сандгрен, иако имал позитивен резултат на Ковид-19 сепак ќе се појави на терените во Мелбурн. Спортистот објави на социјалните мрежи дека го прележал вирусот уште во ноември и дека е изненаден од резултатот на неговиот последен тест. Како и да е, играчите и членовите на нивните тимови ќе бидат тестирани секој ден во Австралија. Турнирот  ќе се одржи од 8 до 21 февруари.

Read More

Најдобриот стрелец на Алжир кој е истакната африканска ракометна ѕвезда, Месуд Беркус, ќе ја предводи неговата селекција на  Светското првенство во ракомет во Египет. Алжирците беа ставени  во групата Ф заедно со Португалија, Исланд и Мароко . Зборувајќи за веб-страницата Египет 2021, Беркус изјави, дека неговата земја е среќна што конечно се врати со учествот на светските шампионат. „Последен пат учествувавме во 2015 година. Моите спомени од Египет се убави, јас бев тука со репрезентацијата на Алжир неколку пати а играв и за Замалек. Видов колку нè сакаат Египќаните и многу им благодарам за тоа.Нашата група е тешка,  ние сакаме…

Read More

Британскиот тенисер, Енди Мареј, е изложен на ризик да го пропушти Австралија опен поради инфекција со коронавирус.Тестот кој го помина  пред неколку дена даде позитивен резултат. Поранешниот прв рекет на светот сè уште има шанси да учествува на првиот Грен Слем во 2021 година доколку австралискиот медицински тим даде зелено светло. Тенисерот ќе може да пристигне на Зелениот континент подоцна од другите учесници а неговиот карантин може да трае речиси до самиот почеток на турнирот за кој доби вајлд-карта од организаторите.

Read More

Одбојкарите на Македонија и на Турција денеска од 18.00 часот ќе го затворат првиот дел од квалификациите за пласман на Европското првенство кои се оддржуваат во Скопје во СЦ Борис Трајковски. Двете селекции претходно успеаа да слават  против БИХ што значи дека претстои меч за првото место. Веднаш по првиот турнир на истата локација ќе стартува и вториот. Пласман на Континеталниот собир ќе обезбедат победниците од седумте групи како и најдобрите пет второпласирани селекции.

Read More

Францускиот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, кој беше творец на вчерашната победа од 1:0 на теренот на Барнли во одложениот натпревар од Премиер лигата, вели дека сега сите мисли се насочени кон дербито со Ливерпул. „Знаевме дека мечот ќе биде многу тежок. Мора да бидеме професионалци. Не знам зошто го поништија голот на Хари Мегваер. Чудна одлука“ – вели Погба. „Сите сме  среќни што победивме со добра игра. Ни претстои уште долг пат и серија на големи натпревари. Треба да се фокусираме на нив “ – изјави Погба.

Read More