Тимоти Фосу-Менсах откако одби да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, кариерата ќе ја продолжи во фудбалскиот состав на Баер Леверкузен. „Црвените ѓаволи“’ се определија да му ја исполнат желбата да си замине во потрага по поголема минутажа. Тој ќе потпише тригодишен договор со „фармацевтите“ а англичаните ќе добијат обештетување од два милиона евра. Младиот фудбалер кој беше купен од Ајакс во 2014 година одигра само 30 натпревари за екипата од – „Олд Трафорд“.
Author: dino
Нашите најдобри ракометари со чартер-лет ќе заминат на Мундијалот во Египет. Селекторот Данило Брестовац се одлучи во нашата експедиција да бидат голманите: Никола Митревски, Мартин Томовски и Никола Даниловски. Крилата: Димитар Димитриоски, Цветан Кузманоски, Мартин Поповски и Ненад Костески. Бековите: Филип Талески, Марко Мишевски, Дарко Георгиевски, Михајло Младеновиќ, Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Горан Крстевски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски и Мартин Серафимов. На пикерската позиција ќе ги имаме: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски. Македонија во групата „Г“ која ќе се реализира во Каиро, првиот меч ќе го има утре од 20.30 часот против Шведска. В петок ќе играме со домаќинот Египет (18 часот) додека…
Фудбалерот, Кевин Стротман, до крајот на сезоната ќе го носи дресот на италијанскиот тим Џенова за кој настапува и нашиот Горан Пандев. Некогашниот играч на Рома кој се наоѓа на платниот список на Олимпик Марсеј, се одлучи да се врати во Серија „А“ откако не добиваше минутажа на „Велодром“. „Без размислување ја прифатив понудата од Џенова бидејќи не играв многу од стартот на сезоната. Разговарав со семејството и сите сакавме да се вратиме во Италија“ – потенцираше Стротман. 30-ет годишниот Холанѓанец со неговото богато искуство ќе треба да им помогне на џеновјани во битката за опстанок.
Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли изјави дека е задоволен од играта и тешката победа остварена на пенали против Торино во 1/8 финалето од Купот на Италија. „Задоволен сум од играта. Тоа беше нашиот четврти натпревар во последните девет дена, но, немавме никакви проблеми со темпото. Штета што не победивме во регуларниот дел“ – вели Пиоли. „Мора да ја одржуваме концентрацијата бидејќи тоа ни носи добри резултати. Има уште многу тешкинатпревари“ – потенцираше тренерот на „росонерите“.
Англискиот фудбалски состав Ливерпул најави дека е заинтересиран за дефанзивецот на Наполи, Никола Максимовиќ. Бидејќи договорот на 29-годишниот Србин истекува во текот на летото пред нас, тој уште сега може да преговара со други клубови. Тренерот на „црвените“ Јирген Клоп, откако остана без повредените стопери: Вирџил ван Дајк, Џо Гомез и Жоел Матип, ќе мора веднаш да побара нивна замена. Максимовиќ кој има 13 натпревари во дресот на Наполи, во еден период играше на позајмица во Спартак Москва.
Шпанскиот весник –„Марка“ објави дека фудбалерот, Муса Дембеле, ќе биде замената за Диего Коста во редовите на Атлетико Мадрид. Францускиот напаѓач откако ја прифатил понудата ќе мора да ги помине задолжителните медицински тестови за да го парафира договорот. 24-годишниот играч поради големите снежни врнежи не пристигна во главниот град на Шпанија и затоа целата процедура ќе треба да ја направи во Валјадолид. Ќе потсетиме дека Дембеле во финишот на минатата година ја скрши раката на еден од тренинзите и мораше да паузира подолг период.
Нашите најдобри одбојкари со победа ги стартуваа квалификациите за Европското првенство. Тие во СЦ Борис Трајковски во Скопје славеа против селекцијата на БИХ со 3:1 по сетови: 27:25, 25:21, 23:25 и 25:19. Во првиот сет аутсајдерот во групата пружи силен отпор и моравме да се измачиме за стартна предност. Во вториот рутинирано дојдовме до 2-0 , но, во третиот попуштивме а противникот тоа го искористи за да внесе неизвесност во мечот. Во последниот сет Македонија одигра колку што требаше за да ги прокнижи првите бодови. Утре ние сме слободни додека в среда од 18.00 часот ќе излеземе на мегдан со фаворизираната…
Фудбалскиот состав Селтик останa без 14 играчи за денешниот меч против Хибернијан откако дефанзивецот, Кристофер Џулиен, имаше позитивен тест за корона-вирусот веднаш по враќањето од тренинг кампот во Дубаи. Точно 13 играчи на шкотскиот шампион имале близок контакт Џулиен и затоа сите ќе останат во карантин започнувајќи од денеска. Менаџерот на шампионите, Нил Ленон и неговиот асистент Кенеди исто така ќе бидат во изолација и нема да бидат на мечот на – „Селтик Парк“.
Нашата најдобра тенисерка на ВТА листата, Лина Ѓорческа, успешно ја започна новата сезона. Таа во 1. коло на ИТФ фјучерсот во Хамбург, Германија, успеа да ја победи италијанката Татијана Пиери со 2-1 по сетови (1-6, 6-2, 10-2). Ѓорческа во наредната рудна ќе ги одмери силите со домашната претставничка, Ела Шајдел, која патем кажано доби „вајлд-карта“ за да настапи на турнирот. Победникот од тој меч ќе си обезбеди место во главната шема на собирот во Хамбург кој се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.
Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, доби добри вести од лекарскиот тим бидејќи Сандро Тонали и Браим Дијаз добија зелено светло да се вклучат во денешниот тренинг на „Сан Сиро“, објавија медиумите во Италија. Двајцата првотимци успеаја да ги надминат проблемите со повредите и да влезат во лесен тренинг процес. Тоа значи дека „росонерите“ за утрешниот меч на домашен терен против Торино во Купот на Италија ќе ги имаат на располагање Тонали, Дијаз и Џанлука ди Марцио.
