Author: dino

Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Френк Лампард, по лесната победа во ФА купот процени дека на тимот му требаат голгетери  -„убијци“. „Треба да бидеме супериорни во нападот како што се другите екипи. Младите мора да покажат квалитет“ – вели Лампард. „Тие мора да бидат убијци, се надевам дека луѓето ќе разберат што сакам да кажам“ – потенцираше тренерот на „сините“.

Read More

Дефанзивецот на Арсенал, Сократес Папастатопулос е пред трансфер во екипата на Бетис, пренесува денеска – „Скај Спорт“. Пред неколку дена, грчкиот фудбалер доби понуда од Џенова, но, веднаш ја одби со надеж дека ќе пристигне подобра. Папастопулос со тековнава сезона нема одиграно ниту еден меч во дресот на „топчиите“ како во Премиер лигата така и во Лигата на Европа. Неговиот договор истекува во јуни. Тој се надева дека деновиве ќе замине во Шпанија како позајмен играч и дека Бетис на крајот анс езоната ќе му понуди перманентна соработка.

Read More

Репрезентативецот на Хрватска, Стипе Мандалиниќ, официјално ја продолжи соработка со нашиот ракометен состав Еурофарм Пелистер. Левиот бек кој одработи шест месеци во Битола, вели дека е задоволен од постигнатото. „Мојот впечаток е многу позитивен. Градот е мал, но, има душа и живее за спортот, посебно за ракометот. Среќен сум во Битола, затоа ја договоривме соработката за наредната сезона. Клубот се стреми за големи цели почнувајќи од тренерот и стручниот штаб“ – вели Маналиниќ кој се насочи и кон наредните предизвици и отсуството на навивачите. „Ќе има многу натпревари, но,не ме плаши збиениот календар бидејќи играв во Бундеслигата каде што се…

Read More

Околу 80 проценти од Јапонците сакаат Олимписките игри во Токио да бидат откажани или повторно одложени покажува анкетата организирана од агенцијата – Кјодо. Според бројките,  35,3 проценти бараат откажување на Игрите, додека 44,8 проценти сакаат ново одложување. Ќе потсетиме дека Олимпијадата требаше да се реализира во 2020 година, но, поради пандемијата КОВИД-19 беше префрлена за претстојното лето. Првото пролонгирање  на Олимписките игри донесе дополнителни трошоци од 3 милијарди долари за организаторите.

Read More
NBA

Кошаркарот на Шарлот, Ламело Бол се запиша во историјата на НБА како најмлад играч кој направил трипл-дабл ефект. Неговиот состав ја победи Атланта со 113:105 а 19 годишниот играч запиша 22 поени, 12 скокови и 11 асистенции што беше доволно да ги надмине легендите Меџик Џонсон, Леброн Џејмс и така натаму. Бол првиот двоцифрен ефект во три статистички категории го оствари со 19 години и 140 дена што е за речиси шест месеци подобро од Маркел Фулц и Лука Дончиќ.

Read More

Пол Погба на крајот на сезоната дефинитивно ќе си замине од „Олд Трафорд“, објавија дел од медиумите во Англија. Според наведеното, францускиот фудбалски интернационалец и член на Манчестер Јунајтед се наоѓа на списокот на желби на новиот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино. Аргентинецот побарал од  „светците“ да ангажира неколку нови фудбалери а на листата било заведено и мето на Погба. Иако имаше одредени шпекулации дека црномурестиот играч може да се врати во Јувентус, сепак пореална е опцијата тој да са врати во татковината и тоа на „Паркот на принцовите“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по вчерашното реми без голови на стадионот на Осасуна, изјави, дека средбата требало да се одложи поради лошиот терен. Домаќинот со крајни напори успеа да обезбеди какви такви услови и покрај обилните снежни наноси. „Направивме што можевме  иако играњето на таков терен е компликувано. Тие бараа да се игра, Не знам кога ќе можеме да се вратиме во Мадрид поради времето, дали утре или задутре иако имаме нов меч в среда“ – вели Французинот. „Средбата мораше да се одложи. Дефинитно тоа не личеше на фудбалски меч“ – потенцираше изнервирано тренерот на „кралевите“.

Read More

Нашите најдобри ракометари денеска од 17.30 во СЦ „Јане Сандански“ против селекцијата на Чиле ќе го одиграат и вториот контролен меч во рамките неделата на ЕХФ. Селекторот Данило Брестовац откако повика неколку поискусни репрезентативци најави дека ќе направи одредени промени во однос на првата средба. Ние се надеваме дека некоја од селекциите на Мундијалот во Египет во последен момент ќе се откаже поради проблеми со корона-вирусот и дека нашите играчи ќе го заземат нејзиното место. Тука се алудира на селекцијата на Чешка која има многу заболени.

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со денешните два тренинга ги започна подготовките за вториот дел на сезоната. Во тимот ги нема репрезентативците на Македонија, Црна Гора и БиХ кои имаат активности со нивните селекции. Битолчани две недели ќе работат во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола а потоа во зависност од мерките и протоколите во земјата и соседството ќе одлучат каде продолжат да ја темпираат формата. Приоритет се домашните пехари, Ф4 во СЕХА Гаспром лигата и пласман во нокаут-фазата на Лига Европа. Првиот натпревар во 2021 година, екипата на Еурофарм Пелистер ќе го одигра на шести февруари против ППД Загреб во СЕХА…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Андреа Пирло, очекува сигурна победа на утрешниот меч со Сасулоло во рамките на Серија „А“. „Не чека тежок натпревар бидејќи Сасуоло е многу добар тим кој игра заедно неколку години. Роберто Де Дерби е одличен тренер. Пред се, мора да бидеме фокусирани кога тие се со топката. Јасно е дека чувствуваме притисок“ – вели тренерот на „старата дама“. „Милан е победнички тим и лидер. Победата беше значајна, но, ако не победиме утре, се тоа ќе биде залудно. Ако не постигнеме добар резултат, направеното на „Сан Сиро“ ќе нема значење“-  рече Пирло на денешната прес-конференција.

Read More