Author: dino

Арсенал ја разгледува можноста да го привлече фудбалерот за врска на Пари Сен Жермен, Јулиан Дрекслер, тврди Франс Фудбал. Лондончани имаат реални шанси да дојдат до неговиот потпис во текот на зимскиот период бидејќи Германецот има мала минутажа на „Паркот на принцовите“ и најверојатно ќе добие дозвола да си замине. Според медиумите, за услугите на Дрекслер се заинтересирани и екипите на Херта (Берлин) и Баер (Леверкузен).

Read More

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, направил список со фудбалери кои во јануарскиот трансфер период треба да го напуштат стадионот – „Камп Ноу“. Холанѓанецот појасни дека сегашната финансиска состојба во фудбалот не им дозволува на тимовите да трошат големи суми за купување на атрактивни имиња. „Секој тренер сака да го засили тимот. Јас лично направив список на играчи со кои можеме да се разделиме, како и на тие што можеме да ги привлечеме. Сепак, тоа зависи од клубот“ – рече Куман пред денешното гостување кај  Атлетик Билбао.

Read More

Ибрахим Конате кој покажува одлични партии во дресот на РБ Лајпциг, може да добие понуда да се пресели во Премиер-лигата. Според одредени наводи во медиумите, екипите на Ливерпул, Лидс и Манчестер Јунајтед се заинтересирани да го ангажираат црномурестиот фудбалер во текот на зимскиот преоден рок. 20-годишниот Конате кој може да игра на неколку позиции, е трансферна цел и на уште неколку фудбалски гиганти од Шпанија.

Read More

Репрезентативецот на Австрија, Давид Алаба, ќе го напушти Баерн Минхен откако пропаднаа и последните преговори за продолжување на соработката. 28-годишниот фудбалер бара плата од 12 милиони евра, дополнителни бонуси и плус одредена сума за неговиот менаџер, Пини Захави. Германците не сакаат да му ги исполнат барањата и затоа ќе го стават на трансфер листата. Претходно се појавија иннформации дека одличниот дефанзивец може да добие понуда да се пресели во Реал Мадрид иако и неколку тимови од Англија се заинтересирани за неговиот потпис.  

Read More

Фудбалскиот состав на Рома ќе биде драстично ослабен за денешното гостување кај Кротоне во новото коло во Серија „А“. Тренерот Фонсека е болен и нема да седи на клупата додека на списокот на отсутни се ставени и фудбалерите: Сантон, Спинацола, Педро, Миранте, Фацио, Заниоло и Калафиори. „Волчицата“ остана и без првиот напаѓач Един Џеко, кој се повреди на мечот со Сампдорија и по препорака на лекарскиот тим остана во Рим.

Read More

Серхио Рамос по завршувањето на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид. Клубот и фудбалерот не можат да се договорат околу условите. Mедиумите пренесуваат дека пред два дена, Рамос, имал состанок со претседателот, Флорентино Перез, на кој го информирал дека има понуда од ПСЖ. Покрај Серхио Рамос и Лукас Васкез не ги прифатил условите кои му ги нуди клубот за да потпише нов договор. Единствениот кој има намера да ја прифати понудата е Лука Модриќ бидејќи сака кариерата да ја заврши во Реал Мадрид.

Read More

Самоил Симев поднесе оставка на позицијата – директор на ФК Вардар, но, ќе остане во клубот за да помогне околу расчистување на долговите. „Минаа 7 години како сум назначен на позицијата од која заминувам. Сакам да изразам благодарност до г-дин Самсоненко за укажаната чест да се биде дел од најголемиот спортски бренд ФК Вардар но и за се она што тој го направи на спортски план со сите колективи. Благодарност до медиумите, подржувачите, критичарите и најверните – Комити. Посебна благодарност до сите фудбалери и тренери низ годините од првиот тим и младинските категории, колеги вработени во клубот, кампот и Академијата“…

Read More

Фудбалерот на Челзи, Кристијан Пулишиќ, не е задоволен од перформансите на тимот и затоа апелира до соиграчите максимално да се насочат кон наредните предизвици. „Се наоѓаме во тежок период. Тоа може да му се случи на секого. Сега треба да работиме“ – вели фудбалерот на „сините“. „Нема да биде лесно, но, мора да покажеме карактер. Ни претстојат значајни натпревари кои мора да ги добиеме за да влеземе во добра серија” – потенцираше Пулишиќ.

Read More

Луис Хамилтон и луѓето од Мерцедес во Формула 1 имаат сериозни разлики во преговорите за продолжување на соработката, тврди шефот на екипата, Тото Волф. Седумкратниот светски шампион поставил повеќе услови за да го потпише новиот договор, но, тие не им се допаѓаат на луѓето од германскиот тим. Прво: Хамилтон побара повеќе од 40 милиони евра колку што му беа понудени, потоа побара 10% од парите заработени од Мерцедес за шампионската титула кај конструкторите и трето, седумкратниот светски шампион инсистира на  договор од четири години додека Мерцедес е подготвен за две сезони.

Read More

Германскиот фудбалски тренер, Томас Тухел,  сака да се пресели во Премиер-лигата и да биде нов менаџер на Челзи доколку Франк Лампард заработи отказ поради серијата на лоши резултати. „Сините“  нанижаа неколку порази а медиумите на Островот шпекулираат дека челниците од „Стемфорд Бриџ“ ќе немаат друг избор и ќе мораат да се разделат со Лампард иако засега му даваат поддршка. Според германскиот весник – „Билд“, Тухел откако си заминa од ПСЖ сака брзо да се врати на работа и внимателно ја следи ситуацијата во Челзи.

Read More