Напаѓачот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед , Единсон Кавани, кој заработи суспензија од 3 средби и парична казна од 100 илјади фунти поради растистички коментар на социјалните мрежи, доби поддршка од асоцијацијата на Професионалните Фудбалери во Уругвај. Корпулентниот напаѓач го напиша терминот – „негрито“, кога одговори на порака на – „Инстаграм“ по што ФА му ја определи казната за расизам и го суспендираше. – Бараме ФА веднаш да ја поништи казната против Единсон Кавани и да го исчисти неговото име во светот, со оглед на тоа што истото беше неправедно извалкано со казната, – гласи објавата на уругвајските фудбалери предводени…
Author: dino
Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, го опиша утрешното полуфинале во Купот Карабао против второлигашот Бранфорд како негов „најзначаен“ меч откако го презеде кормилото на лондончани. Неговиот тим се надева дека по долги 13 години повторно ќе го освои трофејот. „Клубот долги години го чека трофејот. Ако победиме на два меча ќе го освоиме. За мене секој пехар е значаен. Мислам дека тоа се однесува и за играчите и за луѓето во Тотенхем“ – изјави Португалецот. Мурињо досега три пати ја освоил наградата со Челзи и еднаш со екипата на Манчестер Јунајтед.
Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, посакува да му се повтори изминатата година бидејќи му беше исполнета со многу моменти за паметење. Неговите фудбалери ја освоија осмата последователна титула во Бундес-лигата, потоа Купот на Германија, Лигата на шампионите, германскиот и европскиот Супер-куп. „Само што завршивме исклучителна година. Иако паузата беше кратка, сепак беше значајна. Ништо не се промени во однос на нашите цели. Ние сакаме да бидеме што е можно поуспешни исто како и во изминатата сезона“ –потенцираше Флик. Баварците првиот меч во 2021 година ќе го одиграат утре против екипата на Мајнц во рамките на Бундес-конкуренцијата.
Помошниот тренер во екипата на Борусија (Дортмунд), Един Терзиќ, се надева дека враќањето на Ерлинг Холанд на утрешниот меч со Волфсбург ќе донесе радосни моменти во екипата. Холанѓанецот по речиси еден месец ја санираше повредата и сега е подготвен да му помогне на тимот во битката зависок пласман. „Се обидовме полека да го вратиме Ерлинг. Навистина сме среќни што ќе може повторно да игра. Тој е исклучително значаен за нас” -додаде времениот заменик на Лусиен Фавр.
Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, вели дека сите успеси во 2020-та година треба да се заборават и мислите да се насочат кон утрешниот дуел со Беневенто. „Ги имаме основите и мора да додадеме мотивација на секој натпревар. Треба да одиме на победа“ – вели Пиоли. „2020 година беше добра затоа што сите мои фудбалери се обидоа да го покажат целосниот потенцијал. Ја започнуваме годинава со голем ентузијазам и верба во нашите квалитети” – додаде тренерот на „росонерите“.
Историскиот пласман на нашите најдобри фудбалери на Евро-шампионатот беше највпечатливиот и најрадосниот момент за македонската спортска јавност во 2020 година. Селекторот, Игор Ангеловски, во новогодишното интервју за Спортско радио 90,3 ФМ, нагласи дека е горд на сите што го облекоа македонскиот дрес и дека нашата репрезентација може да биде пријатно изненадување на континеталниот собир. Покрај разговорот со популарниот „Мрме“, во текот на нашата новогодишна програма ќе можете да слушате повеќе интервјуа и разговори со видни личности од мак-спортот како што се: Даниел Димески – претседател на МОК Наумче Мојсовски- директор на Агенцијата за млади и спорт Филип Поповски -ген. секретар…
Сите професионалци во италијанската Серија А, меѓу нив и нашите Горан Пандев (Џенова), Илија Несторовски (Удинезе) и Елиф Елмас (Наполи) ќе мора задолжително да се вакцинираат, за да нема никаков прекин во Серија А. „Идејата за колективно вакцинирање е неколкупати споменувана вклучително и во разговорите со Асоцијацијата на играчи (АИЦ). Очигледно е дека нема друга алтернатива, ако се погледне што се случуваше во изминативе десет месеци“ – вели Франческо Браконаро од лекарската комисија. Италијанците по 10 дена пауза од недела повотрно се врачаат на фудбалските терени во Серија „А“.
Рекордерот по освоени титули во историјата на Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, ќе ја добие титулата – сер, најавуваат медиумите од Островот. Тој набргу ќе ја добие титулата која потекнува од средниот век и со која се именуваат личностите кои имаат врвни достигнувања во нивните бранши на делување. Само тројца возачи од Формула 1 претходно ја добија титулата „сер“. Тоа се: Џеки Стјуарт, Џек Бребем и Стерлинг Мос.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Касемиро, одби да го коментира судењето на вчерашниот меч со Елче кој заврши 1:1 со што беше запрена победничката серија на неговиоt состав. „Кралевите“ имаа предност по првиот дел а домаќинот успеа да зиедначи во 52 минута откако судијата Хорхе Фигероа покажа на белата точка. Токму тој миг не сакаше да го коментира играчот на гостите. „Ние не зборуваме за судиите. Постојат луѓе кои се задолжени да коментираат за судиите и ВАР. Нашите ривали добро нè проучуваат и се обидуваат да ни создадат проблеми” – изјави искусниот фудбалер.
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, се надева дека неговите фудбалери ќе ја задржат челната позиција и на крајот од сезоната и ќе се израдуваат на титулата. Тoa последен пат се случи во 2014 година. „Минатата сезона ја постигнавме нашата цел и игравем во Лигата на шампионите. Таму бевме одлични со Ливерпул, но, потоа загубивме во четвртфиналето“ – вели Симеоне. „Сега започнавме добро. Фудбалерите се мотивирани и треба да продолжиме со истиот ритам“ – потенцираше тренерот на шпанскиот состав.
