Двајца позитивни на Ковид -19 покажале последните тестирање во редовите на фудбалскиот состав Барселона. Медиумите во Шпанија објавија дека станува збор за луѓе од стручниот штаб но, нивните имиња не се соопштуваат. Итересно е дека тренерот, Роналд Куман, не се појави на задолжителната средба со новинарите пред утрешниот меч со Атлетик Билбао. Сега се појавија одредени шпекулации дека раководството на Ла Лига може да го одложи мечот.
Author: dino
Во текот на ноќта во најсилната светска кошаркарска конкуренција беа одиграни повеќе средби. Еве ги постигнатите резултати: Орландо – Кливленд 103-83 Филаделфија – Шарлот 118-101 Атланта – Њујорк 108-113 Мајами – Оклахома Сити 118-90 Торонто – Бостон 114-126 Хјустон – Далас 100-113 Милвоки – Детроит 125-115 Њу Орлеанс – Индијана 116-118 (по прод.) Голден Стејт – Сакраменто 137-106.
Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати, може да се врати на терените во почетокот на февруари, пренесува весникот – „АС“. Фудбалерот кој во ноември имаше операција на менискусот на левото колено може да биде подготвен да заигра и еден месец порано од предвиденото. Каталонците се надеваат дека Фати ќе може да се појави на мечот со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. 18-годишниот Фати на стартот на сезоната одигра 10 меча и постигна 5 голови.
Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, ќе се обиде да го ангажира играчот на Реал Мадрид, Иско, објавија медиумите во Англија. Шпанецот не влегува во плановите на тренерот, Зинедин Зидан и најверојатно ќе добие зелено светло да си замине од „Сантијаго Бернабе“. Според најавите, лондончани првично сакаат да го ангажираат Иско како позајмен играч до крајот на сезоната а потоа и да му го откупат договорот. Артета токму во младиот фудбалер гледа идеален заменик на Месут Озил кој набрзо треба да го напушти стадионот – „Емирати“.
Медиумите во Англија објавија дека тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, планира да се ослободи од најмалку шест фудбалери во текот на зимскиот трансфер период. Според наведеното на излезната врата од „Олд Трафорд“ се: Брендон Вилијамс, Даниел Џејмс, Џеси Лингард, Маркус Рохо, Серхио Ромеро и Фил Џонс. Норвешкиот тренер сака да собере одредена сума на пари и да купи пред се дефанзивни фудбалери. „Црвените ѓаволи“ по серијата на одлични резултати се наоѓаат на делба на првото место во Премиер-лигата.
Англискиот фудбалски состав Арсенал на првиот ден од преодниот рок потврди дека младиот Вилијам Салиба ќе замине на позајмица во екипата на Ница до крајот на сезоната. -Вилијам Салиба замина во тимот од француската Лига 1. Трансферот е со цел фудбалерот да поминува повеќе време на теренот – стои во соопштението на „топчиите“. 19-годишниот фудбалер кој дејствува во одбраната е младински репрезентативец на Франција.
Фудбалерите на Ливерпул вчера загубија на теренот на Саутемптон со минимални 1:0 со што ја продолжија лошата серија во Премиер-лигата. Избраниците на тренерот Јирген Клоп по двата нерешени меча со ВБА (1:1) и Њукасл (0:0) вчера останаа со празни раце на гостувањето кај Саутемптон кој се покажа како вистински кошмар за фаворитите. Медиумите анализираат дека главен виновник за лошата серија на „црвените“ е анемичноста во нападот бидејќи на три меча постигнаа само еден гол.
Нашите најдобри ракометни судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе бидат дел од Светското првенство во Египет кое ќе започне кон средината на месецов. Светската ракометна федерација (ИХФ) денеска и официјално го ибјави списокот на 19-ет судиски двојки меѓу кои влегуваат и нашите. Покрај Николов и Начевски, уште 13. судиски двојки се од Европа, три се од Африка и по една од Јужна Америка и Азија.
Поранешниот дански репрезентативец, Бо Свенсон, го презеде кормилото на фудбалскиот состав Мајнц кој има само една победа во 14 кола и се наоѓа на претпоследното место во Бундес-лигата. 41-годишниот стратег во еден период од кариерата (2007-2014 година) играше токму за германскито состав. Интересно е тоа што Свенсон е четвртиот тренер во клубот од почетокот на сезоната. Прв беше Ахим Бајерлорцер потоа Јан-Мориц Лихте додека на неделниот меч со Баерн Минхен на клупата седеше Јан Сиверт. Новиот тренер на Мајнц ќе дебитира в сабота на домашен терен на мечот со Ајнтрахт Франкфурт.
Италијанскиот фудбалски состав Аталанта на првиот ден од преодниот рок го купи репрезентативецот на Данска, Јоаким Меле, кој досега ги бранеше боите на белгискиот Генк. Иако нема детали за трансферот, медиумите на „Чизмата“ објавија дека тимот од Бергамо морал да плати 10 милиони евра за да го добие потписот на Меле. „Јас сум динамичен играч. Исто така, сакам да напаѓам по страничните позиции“ –изјави 23-годишниот дефанзивец за веб-страната на новиот клуб. Аталанта ја отвори годинава со убедлива победа против Сасуоло со 5:1 со што се искачи на седмото место во Серија „А“.
