Фудбалерите на Ливерпул вчера одиграа нерешено 1:1 на теренот на Њукасл во рамките на 16 коло во Премиер лигата а нивниот тренер, Јирген Клоп, вели дека е задоволен од играта а не и од резултатот. „Мислам дека денеска заслуживме да победиме. Имавме многу шанси што не ги искористивме. Можеме да играме подобро“ – вели германскиот стратег. „Нормално е дека сме разочарани иако нема причина за тоа. Противниците во Англија се многу силни и се случуваат такви нешта“ – изјави тренерот на „црвените“.
Author: dino
Светската ракометна федерација (ИХФ) објави дека публиката ќе биде присутна на Мундијалот кој ќе се реализира од 13 до 31 јануари во Египет. Иако голем број на спортски настани беа одложени а дел поминаа без присуство на гледачи поради пандемијата со Ковид-19, ИХФ ќе остане на идејата да им дозволи на љубителите на ракометот да ги исполнат салите во Египет. Познато е дека ние нема да патуваме во земјата на фараоните, но, остануваме прва резерва доколку некоја селекција во последен момент го откаже учеството.
Големата ѕвезда на Јувентус, Кистијано Роналдо, планира да остане уште долго на фудбалските терени иако во февруари ќе наполни 36 години. „ Возраста не е значајна. Се чувствувам одлично и максимално сум посветен на тоа што го работам. Сакам да го освојам Мундијалот во Катар во 2022 година“ – вели Португалецот кој се осврна и на ситуацијата со навивачите. „Да играш на стадион без навивачи е како да доаѓаш во циркус и да не гледаш кловн. Сите сме луди со пандемијата и искрено се надевам дека навивачите брзо ќе се вратат” – рече Роналдо
Италијанскиот тренер на клупата на Евертон, Карло Анчелоти, вели дека е задоволен од прикажаните партии иако во еден период неговиот тим се соочи со серија на слаби резултата пред се поради големиот број на повредени и болни фудбалери. „Многу сме подобри од претходната сезона. Мисламд ека не можеме да бидеме конкурентини за титулата, но, можеме да се бориме за место во Лигата на шампионите“ – вели тренерот на „карамелите“. Тимот од „Гудисон парк“ утре ќе игра против Вест Хем во рамките на 17-то коло во Премиер-лигата.
УО на Фудбалската федерација на Македонија, одлучи да додели премија од 23.000 евра на младата селекција за одличните игри и резултати во квалификациите за ЕВРО 2021 година. У-21 селекцијата заврши на второто место во групата веднаш зад големиот фаворит Шпанија и само поради новиот систем на УЕФА не успеа да замине на Континеталниот собир. Наградата од ФФМ е секако одличен потег и треба да претставува дополнителна мотивација за наредните елиминациски предизвици.
Фудбалерите на Арсенал вчера славеа на теренот на Брајтон со што направија две врзани победи во Премиер-лигата вклучувајќи го претходно и дуелот со Челзи. Нивниот менаџер, Микел Артета, вели дека со трумфот во лондонското дерби бил направен првиот значаен чекор за надминување на кризата. „Сакавме да постигнеме добар резултат. Фактот што го победивме Челзи пред три дена ни даде уште поголем стимул. Успеавме и ги зедовме трите бода” – не го криеше задоволството Артета по вчерашната минимална победа од 1:0. „Горд сум на играчите. Лаказет е во добра форма и верува во неговите квалитети. Пред паузата не создадовме многу шанси,…
Челниците на фудбалскиот состав Милан, не успеаа да го добијат судскиот случај поврзан со 5,3 милиони евра, информира – „Газета дело Спорт“. Станува збор за тужбата што ја поднесе поранешниот директор на клубот, Звонимир Бобан , кој беше вмешан во скандал со извршниот директор, Иван Газидис. Откако управата одби да му ја исплати сумата, Хрватот го префрли случајот во Судот во Милано. Таму донесоа одлука дека „росонерите“ треба да ја платат сумата. Победата на Бобан се уште не е конечна, бидејќи калчо-лигашот најверојатно ќе се жали кај повисоките инстанци.
Австриецот, Матијас Мајер е победник на денешниот спуст кој се возеше во италијанскиот ски-центар Бормио и кој се бодува за Светскиот куп во алспко скијање. Второто место го освои неговиот сонародник, Винсент Крихмајер додека трет беше Урс Кринбил од Швајцарија. Освојувачот на големиот Кристален глобус и лидер во генералниот пласман, Александар Амод Килде, кој оствари само шесто време, успеа ја задржи лидерската позиција во спуст со 190 поени пред Мајер со 158 поени. Килде води во генералниот пласман за сезоната со 465 бода, пред Алексис Пентуро (Франција) со 462 бода и Марко Одермат (Швајцарија) кој има 391 бод. Сега шампионатот…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер, не се согласува со идејата да се направи пауза во јануари во Премиер-лигата откако се зголеми бројот на заразени фудбалери и членови на екипите со ковид-19. „Не гледам како тоа би било корисно. Кога тогаш ќе ги играме тие мечеви. Сите знаеме дека сезоната е тешка и мислам дека таквиот прекин нема да донесе големи промени “ – изјави Норвежанецот. Новото масовно тестирање во клубовите на англиската елита, покажа нови 18 случаи со КОВИД-19 што е најголема бројка досега. Мечот Манчестер Сити и Евертон е одложен а денешниот дуел Тотенхем – Фулам е…
Менаџерите на екипите од Премиер лигата со контрадикторни ставови ја пречекаа идејата за прекинување на англискиот шампионат за две недели со цел да се ограничи ширењето на корона-вирусот. Вчера беа регистрирани рекордни 18 позитивни тестови кај играчите и вработените во екипите од Премиер-лигата, со што се роди идејата за двонеделна пауза на шампионатот во јануари. Менаџерот на Вест Бромвич, Сем Алардајс се согласува со идејата за прекин. „Кога ги слушам новините околу вирусот кој мутира и кој се шири многу побрзо од претходниот, мислам дека е најдобро решение да се прекине првенството. Јас имам 66 години и последно што сакам…
