Челниците на фудбалскиот состав Јувентус му поставиле ултиматум на Паоло Дибала кој не сака да ја продолжи соработката бидејќи не му се исполнети финансиските побарувања. Познато е дека Аргентинецот бара плата од 15-20 милиони евра годишно додека „старата дама“ му нуди максимални 10 милиони. Медиумите во Италија објавија дека управата му поставила ултиматум на напаѓачот да го прифати понуденото или догодина ќе биде продаден.
Author: dino
Шпанскиот фудбалски состав Атлетико Мадрид објави спогодбено ја прекинал соработката со напаѓачот Диего Коста. Клубот наведува дека тоа се должи на лични причини на фудбалерот и дека договорот е раскинат шест месеци пред да истече. Тоа значи дека „пргавиот“ голгетер по втор пат го напушти Атлетико Мадрид откако тоа го направи и во 2014 година по шест успешни сезони. Коста за шпанскиот тим има одигран 215 мечеви со ефект од 83 гола и 36 асистенции.
Норвешкиот фудбалски интернационалец во редовите на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, ја надмина повредата и ќе може да се врати на теренот во почетокот на наредната година. Тој најверојатно ќе биде во тимот на „милионерите“ на мечот со „волците“ закажан во рамките на 14-то коло во Бундес-лигата. „Рехабилитацијата на Халанд беше успешна. Очекуваме да биде активен на мечот со Волфсбург на 3 јануари “ – изјави спортскиот директор на Дортмунд, Мајкл Зорк. Одличниот напаѓач кој од почетокот на сезоната има 17 голови и три асистенции, поради повреда, мораше да пропушти дури седум натпревари.
Скијачот од САД, Рајан Кохран-Зигел, оствари најдобар резултат на денешната трка во супер-велеслалом возена во италијанскиот ски-центар Бормио и која се бодува за Светскиот куп во алпско скијање. Американецот патеката ја помина за 1:29.43 минути или за 79 стотинки побрзо од вториоВинсент Крихмајер од Австрија и трето пласираниот Адријан Смисет Сејерстед од Норвешка кој задоцни 94 стотинки. Утре на истата локација ќе биде возена и третата сезонска трка во спуст. Во светското рангирање, води Алексис Пинтуро од Франција, пред Норвежанецот Омот Килде и Марко Одермат од Швајцарија.
Англискиот фудбалски состав Њукасл кој е дел од Премиер-лигата, нема намера да купува нови играчи во јануарскиот трансфер период. Според објавеното од страна на медиумите на Островот, менаџерот Стив Брус, дефинитивно нема да добие финансиски средства за засилувања иако во континуитет се соочува со повредени и заболени фудбалери од ковид-19. Анализата вели дека токму од тие причини, екипата не ги покажува посакуваните резултати бидејќи првите ѕвезди на тимот, Алан Сент-Максимин и Рајан Фрејзер, подолг период се надвор од ростерот.
Шпанскиот тренер на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, планира да испрати понуда до играчот за врска на Севилја, Жоан Жордан, објавија англиските медиуми. „Топчиите“ имаат лоша сезона а главниот проблем е тоа што имаат повредени играчи и краток ростер. Затоа Артета сака да обезбеди свежа крв во јануарскиот трансфер период а изборот паднал на 26-годишниот Жордан кој има договор со Севилја до јуни во 2023 година и откупна клаузула од 60 милиони евра. Се претпоставува дека таа сума може да биде преполовена и трансферот набрзо да се реализира.
Ким Клајстерс која подолг период нема активности на тениските терени, нема да патува на Отвореното првенство на Австралија иако доби покана од страна на организаторот. Белгијката која во 2011 година успеа го подигне победничкиот пехар на терените во Мелбурн, очигледно не е подготвена да се врати во професионалните води ниту во почетокот на новата сезона. Првиот Грен Слем во 2021 година ќе стартува на 8. Февруари и ќе се реализира под посебни ригорозни протоколи за заштита од Ковид-19 и без присуство на публика.
Данскиот фудбалски интернационалец во редовите на Интер, Кристијан Ериксен, набрзо ќе ги напушти „нероаѕурите“ бидејќи не е задоволен од минутажата што му ја дава Антонио Конте. Италијанските медиуми тврдат дека за неговите услуги е заинтересиран францускиот ПСЖ кој деновиве треба да го назначи Маурисио Почетино на местото на отпуштениот Томас Тухел. Тоа е само уште еден момент кој најавува дека Ериксен може да замине на „Паркот на принцовите“ бидејќи има одлични релации со аргентинскиот стартег од времето поминато во редовите на Тотенхем. Воедно, Интер сака да ја искористи ситуацијата и затоа може да понуди i трампа за да го добие…
Фудбалерите на Арсенал со вчерашната победа против Челзи ја прекинаа лошата серија во Премиер-лигата. Тренерот на „топчиите“, Микел Артета, вели дека значајниот триумф треба да донесе нови нешта во неговиот состав. „Нема ништо подобро од победа против Челзи во лондонското дерби и тоа на „Боксинг Деј“. Се надевам дека работите ќе се придвижат кон подобро“ – потенцираше Артета. „Имавме проблеми со заболени фудбалери од ковид и со повредени. Мислам дека добро го започнавме мечот и имавме контрола на теренот. Треба да продолжиме така и да имаме самодоверба“ – изјави Артета.
Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, по поразот на гостувањето кај Арсенал во тековното коло во Премиер-лигата, вели дека Тимо Вернер кој беше ангажиран во текот на летото како големо засилување воопшто не ги исполнува очекувањата. Менаџерот на „сините“ откако се осврна на прикажаното на мечот со „топчиите“, посебно се насочи и кон бледите партии на напаѓачот кој беше купен од германскиот РБ Лајпциг. „Одигравме лошо во првиот дел. Ќе видиме што ќе правиме со Вернер. Тој не одигра ништо ниту во поле ниту пред голот на противникот. Ќе треба да разговарам со него иако мислам дека краткото време…
