Скијачот од САД, Рајан Кохран-Зигел, оствари најдобар резултат на денешната трка во супер-велеслалом возена во италијанскиот ски-центар Бормио и која се бодува за Светскиот куп во алпско скијање.
Американецот патеката ја помина за 1:29.43 минути или за 79 стотинки побрзо од вториоВинсент Крихмајер од Австрија и трето пласираниот Адријан Смисет Сејерстед од Норвешка кој задоцни 94 стотинки. Утре на истата локација ќе биде возена и третата сезонска трка во спуст.
Во светското рангирање, води Алексис Пинтуро од Франција, пред Норвежанецот Омот Килде и Марко Одермат од Швајцарија.

