Author: dino

Претседателот на фудбалскиот состав Наполи, Аурелио Де Лаурентис, му одговори на тренерот на Јуве, Андреа Пирло, кој деновиве ја искоментира одлуката дека двете екипи сепак ќе мора се сретнат на зелениот терен иако првично „старата дама“ ги доби бодовите службено. Целата ситуација започна откако Наполи не замина во Торино со образложение дека има заболени од Ковид-19 и дека мора да ги почитува препораките од здравствените власти кои се косеа со правилата на Серија „А“. Потоа мечот службено му беше доделен на Јуве по што наполитанците реагираа кај повисоките инстанци а нивната жалба беше прифатена. „Пирло треба да мисли само за…

Read More

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Нејмар се најде на удар на јавноста во Бразил откако се обелодени дека организира масовна забава во Бразил. Дваесет и осумгодишниот играч и покрај пандемијата на корона-вирусот, покани 500 луѓе на приватна журка до Нова година. Играчот на францускиот тим изнајмил и соседна куќа за околу 5.000 евра како и бенд да свири на забавата. Бразил е една од најпогодените земји од пандемијата на Ковид-19. Според статиситката, таму се починати повеќе од 190.000 луѓе.

Read More

Натпреварите во англиската Премиер лига без присуство на публика повеќе личат на тренинг, изјави фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ. „Натпреварите без присуство на гледачи на стадионите се како бледи копии или само како тренинг. Пандемијата на коронавирусите ги направи работите крајно различни. Ливерпул во друга ситуација никогаш нема да загуби  7:2 против Астон Вила“ – изјави Матиќ. Манчестер Јунајтед наредниот меч ќе го одигра утре на теренот на Лестер. Во моментов, минимален број навивачи имаат дозвола да присуствуваат на натпреварите во одредени делови на Англија.Тоа не е случај со стадионите во Манчестер.

Read More

Дефанзивецот на фудбалскиот состав Арсенал, Шкодран Мустафи нема да се пресели во Барселона, пренесува денеска весникот – „Мундо Депортиво“. Во текстот се наведува дека каталонскиот клуб нема намера да потпише со 28-годишниот Германец додека неговиот агент за тарнсфери изјави, дека сепак се преговара со шпанскиот гигант. Мустафи во тековнава сезона одигра 8 натпревари за Арсенал, но, не успеа да постигне гол. Неговата трансферна вредност се проценува на околу 12 милиони евра.

Read More

Тренерот на Шефилд Јунајтед, Крис Вајлдер, изјави дека фудбалерот, Сандер Берже, имал успешна операција на ногата и дека нема да се појави на теренот во наредните три месеци. 22-годишниот играч за врска се повреди на дуелот со Манчестер Јунајтед во изминатата недела. „Тоа е навистина голема загуба за нас. Тој нема да игра најмалку три или четири месеци” рече Вајлдер на денешната средба со новинарите. Шефилд има само два бода од 14 одиграни натпревари и се наоѓа на 20-то место во Премиер-лигата. Популарните „сечила“ наредниот меч ќе го одиграат на 26 декември на домашен терен против Евертон.

Read More

Најдобрите тенисери ќе учествуваат на Австралија Опен, изјави Директорот на првиот сезонски Грен Слем, Крег Тајли.  Собирот во Мелбурн кој ќе се реалзира под посебни протоколи поради пандемијата со ковид-19  ќе започне во февруари. „Пријавите за учество набрзо ќе се затворат. Очекува да дојд еи Федерер. Ќе обезбедиме летови за сите учесници кои ќе треба да направат тест за корона-вирусот“ – нагласи Тајли. Квалификациите за прв пат ќе се играат во Доха од 10 до 13 јануари. Потоа сите што ќе обезбедат место во главната шема ќе се преселат на терените во Мелбурн.

Read More
NBA

Кошаркарите на ЛА Клиперс го добија градското дерби со Лејкерси на стартот на новата сезона во НБА лигата. Тие практично во текот на целиот меч имаа контрола врз резултатот и славеа со 116:109 . Најдобар кај победникот беше Џорџ со 33 поени, пред Ленард со 26 додека Леброн Џејмс реализира 22 поени. Треба да се напомене дека Лејкерси пред мечот ги добија шампионските прстени кои се најскапите во историјата. На истите има симбол во чест на Коби Брајант – „црна мамба“, која е изгравиран зад бројката. Во вториот меч во текот на ноќта, Бруклин славеше против Голден Стејт со 125:99.…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Андреа Пирло, ја прокоментира одлуката на Италијанскиот олимписки комитет кој наложи мечот со Наполи да се одигра иако „старата дама“ првично го доби на „зелената маса“. „Разочаран сум бидејќи други тимови  имаа поголеми проблеми а мораа да играат, тоа не е фер“ -вели Пирло. „Не велам дали одлуката е правилна или не, но, имаше екипи кои беа во потешка ситуација“ – нагласи тренерот на „старата дама“.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја искоментира состојбата во Арсенал и најавите дека неговиот колега, Микел Артета, најверојатно ќе добие отказ бидејќи „топчиите“ играат катастрофално. „Ќе биде грешка ако му врачат отказ. Знам дека Артета е одличен тренер и заслужува да добие поддршка“ – изјави Гвардиола. „Знам дека Арсенал ќе направи грешка ако се определи да го отпушти Артета. Тој успеа за краток период да им обезбеди две титули“ – потенцираше шпанскиот тренер.

Read More

Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти, пред денешната пресметка со Манчестер Јунајтед откри дека имал понуда да го води тимот од „Олд Трафорд“, но, ја одбил. „Можам да кажам дека имам фантастичен однос со Сер Алекс Фергусон. Се сретнавме кога тој реши да се пензионира, тој сакаше јас да го наследам, но во тоа време бев блиску до Реал Мадрид и одбив“ – вели тренерот на Евертон. „Манчестер Јунајтед е фантастичен тим, сум имал многу битки против Сер Алекс Фергусон кога бев тренер на Челзи“ – потенцираше италијанскиот тренер.

Read More