Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, кој ја доби наградата од ФИФА за најдобар во годинава, откри дека на времето имал постигнато договор со Алекес Фергусон за трансфер во Манчестер Јунајтед. „Јас бев заинтересиран да играм за Манчестер Јунајтед, но, Борусија Дортмунд не ме пушти да заминам“ – изјави Полјакот во последното интервју. Напаѓачот на Баварците кој ја реализира осмата сезона во гигантот од Минхен, има постигнато 266 голови на 307 мечеви.
Author: dino
Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета ги повика играчите да го искористат како катализатор утрешното четвртфинале во Лига Купот против Манчестер Сити. „Топчиите“ го имаат најлошиот старт во Премиер лигата во последните 46 години. „Треба да се обидеме да го освоиме Лига Купот. Тоа може да биде одлична работа. Досега ги елиминиравме Лестер и Ливерпул. – потенцираше Артета. „Нема да биде лесно против Манчестер Сити, но токму такви мечеви ни се потребни. Во клубот чувствувам поддршка и целосна увереност дека ќе го поминеме тешкиот период. Обамејанг нема да игра против Сити“ – изјави тренерот на Арсенал.
Денеска во Данска ќе заврши Европското ракометно првенство за жени. Од 18.00, Франција и Норвешка ќе играат за златото додека од 15.30, Хрватска и домаќинот ќе се борат за бронзата. В пресрет на последните мечеви беше одреден Ол Стар тимот на континенталниот собир. Голманската позиција ја има Тофт од Данска, крилните места се резервирани за екс-вардарките, Херем и Радичевиќ додека во бековската линија се избрани Норвежанките Офтедал и Мерк и Русинката, Бобровникова. Најдобар пикер е Дебелиќ од Хрватска а најдобар дефанизивец, Хаугстед од Данска. За МВП е прогласена Естел од Франција.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ќе го одиграат првиот меч во новата сезона во СЕХА лигата која ќе има крајно редуциран распоред. Во салата „Боро Чуревски“ во Битола од 17.45 часот ќе гостува екипата од Србија, Металопластика, која е аутсајдер во групата во која се уште и ППД Загреб (Хрватска) и Татран Прешов (Словачка).Тренерот на Битолчани Жељко Бабиќ, очекува добар меч и освојување на првите бодови во регионалната конкуренција. „Металопластика има агресивна одбрана и навситина одлична контра. Добри се во транзиција, станува збор за компактна екипа која има одличен тренер. Ние сакаме да победиме“ – нагласи Бабиќ.
Првиот човек на Ред Бул во Формула 1, Кристијан Хорнер, изјави дека Себастијан Фетел и Нико Хулкенберг никогаш не биде вистински кандидати за пополнување на второто место во екипата. По слабиот почеток на сезоната од страна на Алекс Албион, луѓето од Ред Бул најавија ангажирање на друг возач по што започнаа шпекулации со имињата на Хулкенберг и Фетел. На крајот, Ред Бул го избра Серхио Перез. „Немаше друг. Имавме многу среќа што Серхио немаше тим. Тоа ни даде доволно време да почекаме до крајот на сезоната и потоа да одлучиме како ќе продолжиме “ – вели Хорнер.
Естер Ледецка од Чешка забележа изненадувачка победа во супер-велеслалом реализиран во Светскиот куп во алпско скијање кој се одржа во Вал д’Изер, Франција. Второто место го освои Корин Зутер (Швајцарија) додека трето време забележа освојувачката на големиот кристален глобус во изминатата сезона, Федерика Брињоне (Италија). Токму тој редослед го имаме и во врвот на рангирањето во таа дициплина гледано по првата сезонска трка. Што се однесува до вкупното рангирање во Светскиот Куп, првото место го има Петра Влахов (Словачка) пред Мишел Гисин (Швајцарија) и Марта Басино (Италија). Наредната трка од Светското првенство за жени ќе биде во Земеринг, Австрија на…
Францускиот стратег на клупата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кој има договор до 2022 година, објасни дека нема преговори за продолжување на соработката со челниците од „Сантијаго Бернабе“ . „Не преговараме, имам договор и нема да барам ништо. Среќен сум во еден од најдобрите клубови на светот“ – изјави тренерот на „белите“. Шпанските медиуми шпекулираат дека Зидан кој се врати на клупата на Реал Мадрид во 2019 година, најверојатно нема да добие продолжување на договорот.
Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил, кој е избришан од списокот на тренерот Аретата за тековнава сезона, реагираше преку социјалните мрежи по вчерашниот пораз на „топчиите“ на гостувањето кај Евертон. Неговиот тим загуби со 2:1, со што ја продолжи серијата од седум меча без остварена победа во Премиер- лигата. Германецот кој најверојатно во 2021 година ќе си замине од „Емирати“, веднаш по дуелот одигран на „Гудисон парк“ напиша на Твитер дека му се крши срцето затоа што Арсенал не игра како што треба.
Голгетерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, со двата гола на вчерашниот меч со Парма успеа да го израмни ефектот на Омар Сивори поставен во 1961 година. Португалецот е петтиот играч кој постигнал најмалку 32 гола во Серија А во една календарска година. Ѕвездата на Јуве ќе има можност да го надмине и Стефан Ниерс, кој во 1951 година постигна 33 гола. На челната позиција се наоѓа Фелисеу Борела со 41 гол од 1933 година пред Гунар Нордал со 36 голови од 1950 година.
Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, е прогласен за најдобар фудбалер за 2020 година во изборот на Меѓународната фудбалска федерација.Церемонијата на доделување на наградите се одржа виртуелно а домаќини на програмата во Цирих беа реномираниот англиски спортски новинар Решмин Чоудури и легендарниот холандски фудбалер Руд Гулит. Левандовски кој за Баварците одигра 47 натпревари и постигна 55 голови, беше еден од најзаслужните за освојување на Бундеслигата, германскиот Куп и Лигата на шампионите.За репрезентацијата на Полска одигра 14 натпревари во 2019 и 2020 година, на кои постигна осум гола.Англичанката Луси Бронзе (Манчестер Сити) беше прогласена за најдобра фудбалерка, стратегот на Ливерпул, Јирген…
