Фудбалерот на Наполи, Дрис Мертенс, кој се повреди на вчерашното дерби со Интер, ќе мора да паузира подолг период, објави денеска калчо-лигашот. Офанзивниот играч за врска има проблеми со лигаментите на левиот зглоб. Тој по три недели ќе мора да оди на нови прегледи. Тоа значи дека Мертенс ќе се врати на фудбалските терени во 2021година. Фудбалерот на Наполи ќе мора да ги пропушти натпреварите со Лацио, Торино, Калјари и Специја.
Author: dino
Поранешнито фудбалер на Манчестер Јунајтед, Енди Кол, процени дека „црвените ѓаволи“ не се конкурентни во трката за шампионската титула во Премиер-лигата. „Мислам дека приоритет за Манчестер Јунајтед треба да биде пласманот во Лигата на шампионите. Секој сака да игра во таа конкуренција“ – вели Кол. „Екипата треба добие квалитет и да биде во друштвото на најдобрите. Мислам дека има многу осцилации во играта и тоа треба да се промени. Треба да се изгради шампионски состав“ – нагласи некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.
Тренерот на фудбалерите на Барселона, Роналд Куман, вели дека е задоволен од играта и победата (2:1) на вчерашниот меч со Реал Сосиедат во рамките на шпанскиот елитен шампионат. „Првото полувреме беше фантастично, требаше да постигнеме повеќе голови. Одигравме отворен меч“ – потенцираше Холанѓанецот. „Одигравем одлично во поле без топка. Тоа многу ми се доаѓа. Имавме континуирано притисок и така треба да продолжиме. Реал Сосиедат се покажа како одличен противник“ –потенцираше тренерот на Каталонците.
Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, по двата нерешени меч во серија, вели дека екипите на Јувентус и на Интер остануваат главни кандидати за освојување на Скудетото. Неговиот тим има само бод предност пред „Старата дама“ и „нероаѕурите“. „Имаме квалитет да се бориме со најсилните екипи. Знам дека претставуваме изнеандување, но, Интер и Јуве секогаш се гледаат како првите кандидати за титулата“ – вели Пиоли. „На дел од натпреварите останавме без значајни фудбалери од првата постава. Мислам дека примаме многу голови, тоа треба да се корегира“ – потенцираше тренерот на Милан.
Медиумите во Италија наведуваат дека фудбалерот на Аталанта, Папу Гомез, има големо недоразбирање со тренерот, Џан Пјеро Гасперини и најверојатно набрзо ќе си замине од екипата. Според одредени наводи, Интер е сериозно заинтересиран за ветеранот и сака да го трампа Кристијан Ериксен, кој не ги исполни очекувањата на челниците од „Сан Сиро“. Ако дојде до трансфер, проблем ќе биде платата на Данецот во висина од 7,5 милиони евра по сезона бидејќи екипата од Бергамо не може да си ја дозволи таа сума.
Фудбалерите на Јувентус денеска ги очекува дерби мечот со Аталанта во Серија „А“. Нивниот тренер, Андреа Пирло, вели дека противникот мора да се респектира. „Ќе биде тежок меч и тоа против силен тим. Гледаме дека напредуваат не само во Серија А, туку и во ЛШ. Не сум изненаден од нивната упорност, затоа што тие играат така веќе неколку години“ – вели Пирло. „Со огромна почит ќе се соочиме со Аталанта, тоа е одлична нова реалност во нашиот фудбал што е изградена благодарение на работата на Гасперини“ – нагласи тренерот на „старата дама“.
Фиорентина ги демантира вчерашните објави дека во текот на зисмкиот трансфер период ќе се обиде да го ангажира рускиот фудбалер, Александар Кокорин. Тоа денеска го соопшти, Андреа Манчини. „Кокорин е фантастичен фудбалер. Во Серија А, многу екипи се заинтересирани за него. Нашиот клуб има други приоритети покрај трансферите. Ние сме на 17-то место и треба да ги добиеме наредните натпревари” – рече Манчини. 29-годишниот Кокорин во тековнава сезона има постигнато само 2 гола за Спартак (Москва).
Завршната серија од традиционалната турнеја – „ Четири новогодишни скокалници“ која ќе се одржи на 6 јануари во Бишофсхофен (Австрија) ќе биде без публика, соопштија организаторите. Иако првично беше најавено дека ќе има ограничен број гледачи, Јохан Пихлер, претседател на ски-клубот Бишофсхофен, објасни дека тоа нема да се случи од финански причини. Поради пандемијата со ковид-19, без гледачи ќе се одржат и турнирите во Оберстдорф и Гармиш-Партенкирхен во Германија и Инсбрук (Австрија). Според проценките, во претходните години околу 100.000 навивачи ги следеле настаните на четирите скокалници во Германија и Австрија.
Претседателот на Германската фудбалска федерација, Фриц Келер, донираше 1% од годишната плата за добротворни цели. Неговата фондација го поддржува социјалниот проект – „Духот на фудбалот“ во Ерфурт (Германија). „Корона-вирусната криза јасно стави до знаење колку сме зависни еден од друг во нашето општество и дека можеме да се справиме само со огромните социјални предизвици на нашето заедничко време“ – рече Келер. Фондацијата – „Заедничка цел“, која е основана во 2017 година има поддршка од тренери и играчи како што се: Јирген Клоп (Ливерпул), Нагелсман (РБ Лајпциг), Марко Роуз (Борусија Менхенгладбах), Серж Гнабри (Баерн Минхен), Тимо Вернер (Челзи) и Матс Хумелс…
Jанис Адетокумбо ќе остане во редовите на НБА тимот на Милвоки откако „Бакси“ успеаја да го убедат да потпише нов договор за наредните пет години со вкупна вредност од 228 милиони долари. Грчкиот кошаркар ќе има просечна годишна плата од 45,6 милиони долари со што ќе биде рекордер и ќе има поголеми примања од Џејмс Харден и Расел Вестбрук. Адетокумбо откако ја продолжи соработката со Милвоки се огласи на социјалните мрежи. – Благословен сум што ќе бидам дел од Милвоки во наредните пет години.
