Завршната серија од традиционалната турнеја – „ Четири новогодишни скокалници“ која ќе се одржи на 6 јануари во Бишофсхофен (Австрија) ќе биде без публика, соопштија организаторите.
Иако првично беше најавено дека ќе има ограничен број гледачи, Јохан Пихлер, претседател на ски-клубот Бишофсхофен, објасни дека тоа нема да се случи од финански причини. Поради пандемијата со ковид-19, без гледачи ќе се одржат и турнирите во Оберстдорф и Гармиш-Партенкирхен во Германија и Инсбрук (Австрија).
Според проценките, во претходните години околу 100.000 навивачи ги следеле настаните на четирите скокалници во Германија и Австрија.
