Author: dino

Фудбалерите на Арсенал ја продолжија лошата серија во Премиер лигата откако доцна синоќа загубија на домашен терен од Барнли со 1:0. „Топчиите“ си постигнаа автогол (Обамејанг) и заработија црвен картон (Џака) . Токму тие два момента му донесоа неславен рекорд на лондонскиот тим гледано во освоените бодови во почетокот на сезоната. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, вели дека неговиот тим не заслужил да загуби. „Желбата на играчите да победат беше очигледна. Создадовме многу гол-позиции, но, црвениот картон на Џака  не извади од ритам. Имавме целосна контрола над натпреварот и требаше само да постигнеме гол” – прокоментира Артета.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, вели дека Каи Хаверц допрва ќе ги покаже вистинските квалитети бидејќи се уште чувствува последици откако го прележа корона-вирусот. 21-годишниот германски плејмејкер во ноември мораше да пропушти три меча бидејќи беше позитивен на Ковид-19. Хаверц во текот на летото беше купен за големи 70-ет милиони евра од Баер (Леверкузен). „Мора да му дадеме време на Хаверц. Тој е голем талент кој треба да се адаптира на нашата лига. Знам дека ќе биде одличен“ – вели Лампард.

Read More

32 екипи ќе учествуваат во ждрепката за 1/16-финалето во Лигата на Европа – 24-те кои ги зазедоа првите две места во групите на турнирот и 8-те кои останаа трети во групите во Лигата на шампионите. Како и во Лигата на шампионите, носители во ждерпката ќе бидат домаќини на реваншот од 1/16 финалето. Тимови од една земја и оние кои беа во иста група во лигата не можат да се натпреваруваат едни против други. Првите натпревари од 1/16 финалето ќе се играат на 18 февруари а реваншите се закажани за 25 февруари. Носители: Милан, Арсенал, Ајакс, Бриж, Динамо (Загреб), Хофенхајм, Лестер,…

Read More

Денеска во попладневниот термин ќе бидат формирани двојките првиот елиминациски филтер во Лигата на фудбалските шампиони. Екипите кои ги зазедоа првите места во групната фаза ќе имаат предност да бидат домаќини во реваншите. Првите натпревари од 1/8 финалето ќе се играат на 16/17 и 23/24 февруари а реваншите се закажани на 9/10 и 16/17 март. Носители: Баерн (Минхен), Реал Мадрид, Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи, Борусија (Дортмунд), Јувентус и ПСЖ. Неносители: Атлетико Мадрид, Борусија (Менхенгладбах), Порто, Аталанта, Севилја, Лацио, Барселона и РБ Лајпциг.

Read More

Светската фудбалска федерација го објави скратениот список за наградата – „The Best“, која ќе ја додели на 17 декември. Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски , кој ги обедини пехарите во Бундес лигата, Купот на Германија и Лигата на шампионите, се наметнува како главен кандидат да го добие вреднуваното признание. Покрај него во конкуренцијата се вметнати и Лео Меси и  Кристијано Роналдо. Кај голманите за наградата конкурираат:  Мануел Ноер (Баерн Минхен), Алисон Бекер (Ливерпул)  и Јан Облак (Атлетико Мадрид). Кај тренерите најголеми шанси да го добие признанието на ФИФА има тренерот на Баварците, Ханси Флик. Негови конкуренти се Јирген Клоп…

Read More

Фудбалерот на Евертон, Хамес Родригез, ќе го пропушти утрешниот меч со Челзи во Премиер лигата, објави тренерот на „карамелите“, Карло Анчелоти. Колумбиецот кој има три гола и три асистенции во тековнава сезона, се здоби со повреда на мечот со Барнли и затоа е надвор од тренажен процес. „Хамес има болки и не тренира. Не е сериозно, но, нема да биде подготвен за в сабота. Мислам дека ќе тренира повторно од наредната седмица. Не сакам да ризикувам против Челзи. Се надевам дека ќе може да игра на наредниот меч против Лестер“ – објасни Анчелоти. Италијанецот потенцираше дека капитенот, Колман не е…

Read More

Норвежанецот Јоханес Дејл ја оствари првата победа во кариерата во Светскиот куп во биатлон откако го освои спринтот на 10 километри во австрискиот зимски центар Хохфилзен. 23-годишниот Дејл пукаше без грешка и помина патеката за 23:32,5 минути. Веднаш зад него се сместија Французите, Квентин Фијон-Меј и Фабиен Клод. Победникот во Светскиот куп во последните две сезони, Јоханес Тингес Бјо од Норвешка, остана на четвртото место. По досегашните 5 трки во светското рангирање, води  Тингес Бјо со 253 поени, пред Себастијан Самуелсон (Шведска) со 215 и Холм Лагреид (Норвешка) со 177 поени. Утре во Хохфилзен ќе има штафетна трка на 6…

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, најави дека ќе прави ротации бидејќи ќе има максимално збиен распоред во преминот од старата во новата година. Неговиот тим за 21 ден, ќе одигра 7 натпревари, шест во Премиер лигата и еден за Лига купот. „Имаме огромен број натпревари во Премиер лигата. Вистината е дека нивото тука е многу повисоко отколку во Лигата на Европа“ – вели Португалецот. „Имаме меч и со Стоук Сити во Лига Купот. Тие играат добро  во Чемпионшип. Нормално е да направам ротации на толку многу натпревари. Дел од фудбалерите сега ќе добијат поголема минутажа“ – изјави Мурињо…

Read More

Германскиот фудбалски репрезентативец, Џошуа Кимих, од наредната недела ќе може да продолжи со тренинзите во Баерн (Минхен) додека Корентин Толисо (проблеми со мускулите) влезе во трениг процес, но, нема да игра на утрешниот меч со Унион (Берлин). Тоа го соопшти главниот тренер на Баварците Ханси Флик на прес-конференцијата пред натпреварот. „Толисо тренираше вчера, ќе видиме како неговото тело ќе реагира по денешниот тренинг. Кимих закрепнува многу добро и можеби наредната недела ќе учествува во одредени активности” – рече Флик. Кимих којн имаше операција на коленото закрепнува побрзо од очекуваното. Првичниот план беше тој да се врати на терените дури кон…

Read More

Фудбалерот од средниот ред, Ентони Марсијал, ќе му биде на располагање на Оле Гунар Солскјер за утрешното дерби против Манчестер Сити додека напаѓачот, Единсон Кавани, ќе мора да го помине фитнес тестот за да добие дозвола да настапи, нагласи тренерот на Манчестер Јунајтед. Двајцата пред неколку дена го пропуштија решавачкиот натпревар со РБ Лајпциг кога нивниот тим загуби со 3:2 и беше елиминиран од Лигата на шампионите. Солскјер на средбата со новинарите нагласи дека Де Геа ја има неговата поддршка иако во последните неколку мечеви направи големи грешки. Тој не сакаше да прецизира дали Шпанецот ќе го започне мечот со…

Read More