Author: dino

Главниот тренер на РБ Лајпциг, Јулијан Нагелсман, ги нарече неговите фудбалери „машини“ откако го совладаа Манчестер Јунајтед со 3-2 и обезбедија место во елиминациите во Лигата на шампионите. „Бев прилично нервозен на крајот од натпреварот иако имавме многу поголема контрола врз противникот. Момците го исполнија планот особено во првото полувреме“ – вели Нагелсман. „Во вториот дел Јунајтед покажа подобра игра.Мислам дека судиите беа на висина на задачата. Мегваер играше со рака, тоа се гледа на снимката. Моите фудбалери денеска беа како „машини“, тоа ме прави среќен“ – вели тренерот на германскиот состав.

Read More

Фудбалерите на Барселона ја продолжија лошата серија откако доцна синоќа загубија на домашен терен од Јувентус во рамките на последното 6 коло во Лигата на шампионите. Тоа сосема очекувано го натера голманот на Каталонците, Андре Тер Штеген, да упати критики кон соиграчите. „Не можеме да правиме такви грешки. Кога компликуваме непотребно примаме голови. Секоја наша грешка ја користи противникот.Треба да излеземе од сегашнава ситуација. Мора да се вратиме во победнички ритам“ изјави голманот на Барселона.

Read More

Ракометарите на Вардар до крајот на годинава ќе одиграат еден заостанат меч кој поради пандемијата со ковид-19 мораа да го прескокнат на стартот на сезоната во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ на 22 декември од 20.45 часот ќе гостуваат во Унгарија кај ПИК Сегед. Македонскиот тим кој во изминатиот период беше во изолација поради заразени играчи со ковид-19, набрзo ќе се врати во тренинг процес. Во досегашниот дел од сезоната која е крајно дискутаблна со оглед на големиот број на одложени средби, Вардарци одиграа пет дуели со ефект од 1 победа, едно реми и три пораза.

Read More

Во групата  „Е“ денеска ќе има два меча од последното 6 коло кои ќе бидат одиграни во Франција и Англија со почетокот во 21.00 часот.  Составот на Рен ќе ја пречека Севилја, двата тима немаат натпреварувачки мотив бидејќи Шпанците си обезбедија место во елиминациите додека Французите по само 6 средби ќе ги завршат обврските во Европа. За домаќините нема да настапат Ругани, Гомис и уште некОлку првотимци додека за тимот од Пиринеите нема да играат:  Акуна, Ескудеро и Хадади. Главен судија ќе биде Франковски од Полска. Паралелно ќе се реализираи  средбата во Англија меѓу Челзи и Краснодар. И тука ќе…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска на домашен терен ќе се обидат да дојдат до првата победа во тековнава сезона во Европската лига која премиерно се реализира под капата на ЕХФ. Во Битола ќе гостува составот на Тримо Требње кој пред седум денови успеа да слави на домашен терен против избраниците на Жељко Бабиќ. Дуелот меѓу нашиот состав и екипата од Словенија кој е закажан во рамките на 6. коло на Европската лига ќе започне од 20:45 часот. Во групата „Д“ води Рајн Некар со 6 бодови пред Тимо со 4 и Кадетен Шафхаузен кој има три. Следуваат ГОГ со 2…

Read More

Медиумите во Англија започнаа со шпекулации дека тренерот на Арсенал, Микел Артета, набрзо ќе заработи отказ доколку тимот ја продолжи лошата серија во Премиер лигата. „Топчиите“ се наоѓаат на 15. место со само 13 освоени бодови. Според предвидувањата, тимот од Лондон исто така ќе се обиде да ангажира и врвен голгетер бидејќи има крајно лош ефект на реализација. Според потенцираното, Арсенал сака да го ангажира Собослаи од Салцбург кој има откупна клаузула од 25 милиони евра. Доколку тоа се случи, тимот од Австрија ќе има право да добие 20 проценти од сумата која ќе биде платена за Унгарецот доколку потоа…

Read More

Португалскиот стратег на клупата на Тотенхем, Жозе Мурињо, се осврна на критиките дека неговиот тим форсира дефанзивен фудбал и дека ги користи контра-нападите како главно оружје. „Приказните за поседот на топката се повеќе за спортските филозофи отколку за мене. Никој никогаш не слушнал дека сум рекол: „Го загубив натпреварот  иако имав повеќе посед“  вели Специјалниот кој се наврати и на периодот поминат во Манчестер Јунајтед. „Освоив три титули – Лига купот, Комјунити шилд и Лига Европа. Замислете ги другите кои никогаш не го направиле тоа“ – потенцираше Мурињо.

Read More

Јоаким Лев кој седи на клупата на Германија не крие дека е задоволен од квалификациската група за пласман на Свесткото фудбалско првенство во Катар во 2022 година. Неговата репрезентација е првиот фаворит во групата во која се уште и Македонија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн. „Мора да ја оправдаме улогата на фаворити, секако, немаме намера да потцениме ниту еден од противниците. Сепак, јасно е дека очекуваме да бидеме во Катар“ – изјави селекторот на Германија.

Read More

Нашиот фудбалски капитен, Горан Пандев, посакува пред полни трибини да го одигра квалификацискиот меч против Германија за пласман на Свесткото првенство во Катар во 2022 година. Македонија вчера ги дозна противниците за наредниот квалификациски дел а токму „панцирите“ се  најатрактивната селекција која треба да гостува во нашава земја. „Би сакал да играм со Германија во Скопје пред полни трибини. Имаме квалитет да се бориме за второт место во групата“  – потенцираше Пандев. Квалификациите за Муднијалот ќе бидат реалзирани од март до ноември во 2021 година а нашата репрезентација покрај со Германците ќе ги одмери силите и со Романија, Исланд, Ерменија…

Read More

Мино Раиола кој е агент задолжен за трансфери на дел од големите фудбалски ѕвезди, во последното интервју наведе дека Јувентус требало да го купи Златан Ибрахимовиќ, за да му биде партнер во нападот на Кристијано Роналдо. „Јувентус требаше да го обезбеди потписот на Златан“ – потенцираше за „Туто Спорт“ контроверзниот агент задолжен за трансфери кој откри дека Пол Погба најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед. Ибрахимовиќ откако ги напушти САД се определи да се врати во Серија „А“ во дресот на Милан и најверојатно таму и ќе ја заврши кариерата.

Read More