Author: dino

Втората веле-слаломска трка  од Светскиот куп во алпско скијање која требаше да се реалзира денеска во италијанското зимско одморалиште, Санта Катерина  е презакажана за утре поради лошите временски услови. Имено, обилните снежни наноси го оневозможија одржувањето на настанот по што организаторите го одложија за 24 часа, соопшти Интернационалната скијачка федерација – ФИС. Ќе потсетиме дека Хрватот, Филип Зубчиќ, успеа да победи вчера во првата сезонска трка пред Жан Кранец (Словенија) и Марко Одермарт (Швајцарија). Во светското рангирање по три трки, води Пинтуро пред Зубчиќ и Одермарт.

Read More
NBA

Кошаркарот, Тристан Томпсон, кој беше ангажиран како големо засилување за НБА тимот, Бостон Селтикс, најверојатно ќе пропушти поголем дел од поготовките за новата сезона. 29-годишниот центар има повреда на Ахиловата тетива, потврди тренерот на тимот, Бред Стивенс, кој сепак остави простор дека поранешниот играч на Кливленд Кавалирс ќе биде подготвен за првиот натпревар и тоа против Милвоки на 23 декември. Томпсон во ноември му се приклучи на Бостон како слободен играч и потпиша двегодишен договор вреден 19 милиони долари.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Барселона, Роналд Куман, беше максимално изнервиран по вчерашниот пораз на теренот на Кадиз (2:1) со што Каталонците го имаат најлошиот почеток на една сезона гледано од далечната 1987/88. „Загубивме поради  грешка која покажува дека имаме недостаток на концентрација и несериозност. Јас сум навистина многу разочаран” – рече холандскиот стратег. „Не можам да објаснам зошто примаме такви лесни голови. Доминиравме а не успеавме да победиме. Поразот дефинитивно не одалечи од трката за титулата. Ќе мора да продолжиме да се бориме“ – нагласи изнервирано тренерот на шпанскиот состав.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, го прогласи Челзи за фаворит за титулата во Англија во тековнава сезона. „Сините“  доцна синоќа го победија Лидс со 3:1 на домашен терен и го запоседнаа врвот во Премиер-лигата со бод предност пред Ливерпул и Тотенхем кои имаат еден натпревар помалку. „Врз основа на досега одиграните натпревари, Челзи е фаворит за шампионскиот пехар. Тие имаат најдолга клупа, одлични играчи кои се многу компактни. Челзи има варијабилност во составот и може да направи промени во текот на натпреварите” – изјави тренерот на Ливерпул.

Read More

Португалскиот фудбалер во Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, вчера имаше рекорден ефект  против Вест Хем иако играше само во второто полувреме. Тој асистираше за голот на Пол Погба или вкупно гледано беше дел од 8 шанси за 45 минути. Тие бројки му донесоа рекорд на гостински терен во Премиер лига во последните 4 сезони. Во исто време, тој направи 11 асистенции откако дебитираше во Премиер лигата за толку кратко време. 26-годишниот Бруно Фернандеш може да се пофали дека постигнал и најмногу голови во Премиер лигата  – 35 или 7 повеќе од Кевин де Бруин од Манчестер Сити.

Read More

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини изјави дека медицинските лица кои се во првите редови во борбата против ковид-19, ќе имаат приоритет за купување на влезници за Европското првенство на кое премиерно ќе учествува и Македонија. „Знам дека е премалку, но, чуствувам потреба на медицинскиот персонал на скромен начин да им се оддолжиме за пожртвуваноста. Да им ја искажеме нашата почит за работата што ја прават и да покажеме дека сме општество што цени вистински вредности. Најсреќен би бил кога во јуни 2021 година нашите медицински лица би ги замениле маските и скафандерите со навивачки реквизити, кога трагите од нив и…

Read More

Фудбалерот на Милан, Хакан Чалханоглу, нема намера да ја продолжи соработката со тимот од Милано доколку не му се исполнат пред се финансиските побарувања. Турчинот кој заработува 2,5 милиони евра, сака да му се зголеми платата на седум додека „росонерите“ остануваат на понудата од 5 милииони по сезона. Бидејќи 26-годишниот играч ја одработува последната година од договорот, постојат реални шанси тој да си замине од клубот доколку добие поволна понуда. Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус ги направил првите контакти со неговиот агент и дека луѓето од Торино се расположени да му ги исполнат барањата.

Read More

Младиот фудбалер на Челзи, Били Гилмор, влегува во плановите на италијанскиот с Наполи, објавија денеска медиумите во Англија. Според наведеното,  составот за кој игра нашиот Елиф Елмаз, размислува да го ангажира времено 19-годишниот играч со опција да му го откупи договорот. Тоа може да се случи во наредниот трансфер период. Гилмор кој потекнува од школата на Глазгов Ренџерс, во 2017 година се пресели во академијата на Челзи а една година подоцна потпиша професионален договор до летото во 2023 година.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, утре ќе го запише 700 –от меч во тренерските води. Шпанецот најави дека сака долго да остане активен и дека е задоволен од сегашната бројка. „700 натпревари!  Да направам уште 700 а потоа ќе се повлечам. Направивме неверојатни работи заедно со сите во клубот, се надевам дека ќе продолжиме да го правиме тоа и во иднина” – изјави Гвардиола. Тренерот на граѓаните“ најави дека  Серхио Агуеро нема да се појави на утрешниот меч со Фулам во Премиер лигата.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативен голман, Столе Димитриевски, заработи казна од 4 меча поради црвениот картон и навредите упатени кон судијата на средбата со Леганес во второлигашкото друштво на Шпанија. Тоа значи дека чуварот на мрежата на Рајо Валјекано ќе ги прескокне дуелите против Логроњес, Лас Палмас, Жирона и Алкоркон и ќе се врати на теренот на 10 јануари на гостувањето кај Мирандес. Неговиот тим пред новата викенд-рунда се наоѓа на 8 место на табелата.

Read More