Фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку, кој вчера постигна два гола на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах во 5 коло во Лигата на шампионите, вели дека неговиот тим пропуштил шанса за поубедлива победа. „Требаше да го „убиеме“ противникот на 3-1. Имавме два гола предност а на крајот имавме и голема среќа бидејќи ВАР го поништи голот за израмнување“ – изјави Белгиецот. „Во првите 40 минути напаѓавме многу добро, требаше да продолжиме и да одиграме похрабро. Јас сум задоволен во Интер“ – нагласи корпулентниот голгетер на „нероаѕурите“.
Author: dino
Еден од организаторите на играта на Реал Мадрид, Тони Крос, верува дека неговиот тим ќе презими во Европа иако вчера загуби на гостувањето во Украина во рамките на 5 коло во Лигата на шампионите. „Победите носат самодоверба, затоа мораме да го заборавиме дуелот со Шахтјор и да гледаме напред. Мора да победиме во последниот меч во групата. Немаме друг избор“ – вели Крос. „Не искористивме неколку шанси во првиот дел. Потоа примивме наивен гол. Тешко е кога ќе загубите, но, верувам дека тоа ќе се промени“ – изјави фудбалерот на Реал Мадрид.
Тренерот на Интер, Антонио Конте, имаше можност да се израдува на победа на теренот на Борусија Менхенгладбах во претпоследното коло во групната фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Токму триумфот од 3:2, ги задржа шансите на италијанскиот тим да го продолжи престојот во Европа. „Апсолутно заслуживме да победиме. Покажавме дека имаме квалитет. Треба да продолжиме да работиме и да ги радуваме нашите навивачи“ – вели Конте. Интер во последната рунда ќе мора да го победи Шахтјор и да го чека исходот на мечот Реал Мадрид-Борусија Менхенгладбах.
Доцна синоќа на 66-годишна возраст почина познатиот кошаркарски работник, Анте Дуковски, кој најголемиот дел од кариерата како играч и како тренер го помина во МЗТ Скопје. Дуковски ги носеше дресовите на Борец (Велес), Жито Вардар и Работнички а кога се определи да влезе во тренерските води имаше можност да работи со великаните на кошарката не само од нашава земја туку и од непосредното опкружување. Дуковски имаше повеќе активности и со нашите репрезентации а беше дел и од Спортската Академија. Неговата последна задача ја реазлираше како дел од тренерскиот тим на Академија ФМП.
Голманот на Еурофарм Пелистер, Благојче Трајковски, очекува неговито тим да одигра добар меч на теренот на Тимо Требиње во Лигата на Европа. Битолчани утре во вечерниот термин ќе гостуваат во Словенија. „Сега треба Еурофарм Пелистер да игра добро во текот на целиот натпревар а не само во едно полувреме. Паднавме во вториот дел и на првиот и на вториот натпревар. Недостатокот на натпревари нè чини два бода. Против Шафхаузен тоа ни се повтори, неодамна целиот тим излезе од карантин непосредно пред натпреварот и веднаш се виде таа слабост. После карантин тешко се игра“ – вели Трајковски. „Против Рајн Некар Левен…
Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ги очекува гостувањето во Словенија кај Тимо Требиње во рамките на Лигата на ЕХФ. Стратегот на битолчани, Жељко Бабиќ, вели дека на теренот нема фаворити посебно што многу екипи имаа проблеми со ковид-19. „Видовме дека Тримо Требње ја победи Татабања, иако унгарскиот тим беше фаворит. Мислам дека улогата на фаворит не треба ни да се спомнува. Важно ни е што се враќаме во натпреварувачки ритам, ова ни е трет натпревар во низа, имаме интензитет на тренинзите, играчите се подготвени подобро од пред 10-15 дена и очекувам добра презентација на нашиот тим“ – вели Бабиќ. „Од…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер, ја опиша играта на неговите фудбалери во текот на целиот натпревар против Саутемптон како „фантастична“. Екипата од Олд Трафорд победи како гостин со 3: 2 и покрај тоа што на полувремето имаше негатива од два гола. Клучот за победата на „црвените ѓаволи“ беше влегувањето во игра Единсон Кавани, кој даде два гола и направи една асистенција. „Одлично е да се освојат трите бода во последен момент со пресврт. Тимот станува посилен. Не сакам да обрнувам толку многу внимание на постигнатите голови бидејќи мислам дека бевме одлични на целиот натпревар“ – вели норвешкиот тренер.
Лаутаро Мартинез кој влегува во плановите на неколку великани во европскиот фудбал, има намера во зимскиот трансфер период да го напушти италијанскиот состав Интер. Според весникот – „Марка“, напаѓачот побарал од неговиот агент, Жорже Мендес, да ја интензивира потрагата по нов клуб. Не е тајна дека за врвниот голгетер се заинтересирани Барса и Реал Мадрид како и неколку екипи од Англија. Во одредени шпекулации дури се вклучува и тимот на ПСЖ. Бидејќи Аргентинецот не сака да го продолжи договорот, јасно е дека „нероаѕурите“ нема да сакаат да им се повтори приказната со Мауро Икарди и затоа најверојатно ќе го продадат…
Менаџерот на фудбалерите на Саутемптон, Нуно Еспирито Санто, изјави дека во еден миг се уплашил за животот на Раул Хименез кој на вчерашниот меч со Арсенал имаше тежок дуел со противничкиот играч, Давид Луиз. Мексиканецот и фудбалерот на „топчиите“ се удрија со главите по што играчот на „волците“ веднаш беше однесен во болница. „Тој е подложен на испитување. Тој е свесен и добро ако можам воопшто да ја користам таа дефиниција. Инцидентот беше крајно непријатен и ние сме загрижени. Дури и лекарите од клубот беа во паника кога го видоа онесвестен. Сега знам дека е во добри раце “ -…
Мерките против КОВИД-19 ќе ги зголемат трошоците за Олимписките игри во Токио за околу 960 милиони долари, соопштија организаторите. Јапонските медиуми објавија дека вкупната сума за Токио 2020 е зголемена за 1,9 милијарди долари иако претходно имаше информација дека буџетот ќе биде околу 12,6 милијарди долари. Интернационалниот олимписки комитет, пак, процени дека одлагањето на Игрите за една година поради пандемијата со корона-вирусот, ќе извлече од касата најмалку 800 милиони долари за да се покријат дополнителните трошоци.
