Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани, несвесно се вмеша во сериозен скандал само неколку часа по неговиот одличен настап на мечот со Саутемптон. Уругваецот влезе како резерва и кумуваше на големиот пресврт и победата од 3:2 иако противникот имаше предност од 2:0. Сега 34-годишниот напаѓач може да се соочи со казна поради објава на социјалните мрежи. Кавани на Инстаграм сподели објава во која имаше фотографија од стриптизетата и текст на шпански јазик кој гласи „Те сакам, Матадоре“. Како одговор, играчот напишал „Грацијас Негрито!“. Бидејќи неговите зборови имаат расистичка подлога, Британските медиуми тврдат дека ФА ќе го испита случајот. Според правилата,…
Author: dino
Фудбалерите на Арсенал по вчерашниот пораз на домашен терен од Вулверхемптон останаа на 13 бода по првите 10 натпревари со што го забележаа најслабиот почеток на сезоната гледано во последните 39 години. На лондончани тоа им се случи и во сезоната 1981/82 кога по десет кола имаа 12 бода. За целата ситуација вината ја презема тренерот, Микел Артета. „Нашиот противник од два шута постигна два гола. Во второто полувреме игравме добро, создадовме прилики кои ги промашивме. Ќе мора да ја корегираме играта“ – потенцираше тренерот на „топчиите“. Неговиот состав во наредното коло го чека градското дерби со Тотенхем.
Возачот на Хас, Роман Грожан, кој вчера на трката во Бахреин успеа во последен миг да го напушти запалениот болид, вели дека „хало“ системот (заштитникот во кокпитот) практично му го спасил животот. 34-годиниот возач во Формула 1, кој беше хоспитализиран со видливи повреди на рацете, по пат на социјалните мрежи испрати порака до фановите. -Здраво на сите. Сакам да ви кажам дека сум добро. Ви благодарам за пораките. Да не беше „хало“ системот, една од најдобрите кои беа воведени, веројатно немаше да бидам тука пред вас“ – стои во објавата на Грожан. -Благодарам и до медициснкиот тим во болницата како…
Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, го одреди списокот на патници за утрешното гостување во Словенија кај Тримо Требње. Мечот во групата „Д“ кој ќе започне во вечерниот термин од 20.45 часот, доаѓа во рамките на новата рунда во Европа лигата на ЕХФ. Хрватскиот стратег се определи да ги остави во Битола, Граџан, Ѓукиќ и Кукуловски. На табелата засега води Рајн Некар Левен со 4 бодови, Кадетен има 3 а Тримо Требиње и ГОГ по два бода. Битолчани имаат 1 реми и два пораза додека тимот на Татабања е последен без бод.
Леополдо Луке кој му беше личен лекар на Диего Армандо Марадона, потенцира дека нема што да крие и дека во целата процедура на лекување нема никаква грешка. Ненадејната смрт на легендата на светскиот фудбал предизвика лавина реакции и шпекулации а во целата ситуација се вклучи обвинителството во Аргентина. „Во смртта на Марадона нема медицинска грешка. Се направи се што можеше, го продолжив неговиот живот колку што можев“ – вели Луке кој призна дека имал мала расправија со неговиот пациент неколку денови пред да почине.
Фудбалерот на Рома, Един Џеко, призна дека неговиот тим вчера загуби заслужено во дербито со Наполи одиграно во Серија „А“ бидејќи противникот покажа далеку подобра партија и влезе крајно мотивирано во средбата. Наполитанците победија со убедливи 4:0 со погодоците на Инсиње, Руиз, Мертенс и Политано, со што се изедначија со „волчицата“ на табелата. Двата тима имаат по 17 бодови. „Одигравме лошо, тоа мора да го признаеме. Имавме многу грешки на сите делови на теренот. Треба брзо да го заборавиме мечот и да се насочиме кон наредните натпревари. Има уште многу до крајот, сезоната е долга“ – потенцираше корпулентниот напаѓач на…
Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, по вчерашното дерби на теренот на Челзи кое заврши 0:0 во рамките на Премиер лигата, истакна саркастично дека неговиот тим не е коњ во трката туку мал пони и дека разликата е видлива. На тоа реагираше неговиот колега на клупата на „сините“, Френк Лампард. „Жозе може да каже што сака, но, тие се на врвот на табелата. Сон има девет голови а Хари седум, инвестираа многу “ – вели малдиот тренер на Челзи. „Герет Бејл седи на клупата, Деле Али не е тука. Мислам дека разликата е многу мала а Жозе може да…
Ѕвездата на Барселона, Лео Меси, откако постигна погодок на вчерашниот меч со Осасуна направи потег со кој му оддаде почит на неговиот сонародник, легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона, кој пред неколку денови почина во Буенос Аирес. Аргентинецот го соблече дресот за да го покаже другиот што го имаше под него со логото на Њуелс Олд Бојс или клубот во кој играше Диего кон крајот на кариерата. Веднаш по мечот одигран на „Камп Ноу“, тренерот на Барса, Роналд Куман, го искоментира тој момент. „Се работи заголем играч: прво поради играта и голот и второ поради гестот кон Марадона. Не знаев дека…
Шкупи со победа го започна настапот во елиминациската фаза во Лигата на шампионите во футсал. Вечерва во Скопје нашиот тим славеше сигурно на дуелот со ирскиот првак Блу Меџик Даблин со убедливи 3:0. Сефери погоди во почетокот на мечот, гостите потоа постигнаа автогол додека точка на дуелот стави Соареш во самата завршницата. Ждрепката за наредната рунда ќе биде организирана на 9 декември додека мечевите од 1 /16 финалето ќе бидат одиграни догодина 12 до 17. Јануари.
Британецот, Луис Хамилтон, со болидот на Мерцедес забележа нова победа откако беше најбрз на трката возена за Големата награда на Бахреин. Истата имаше три г инцидента кои за среќа завршија без последици по инволвираните. Интересно е тоа што и два ги предзвика рускиот возач Данил Квјат, кој прво удри во болидот на Ромен Грожан кој експлодираше а потоа на речиси идентичен начин го предизвика и вториот инцидент со Строл преку контакто со гумите. Третиот инцидент се случи кога се запали моторот на Серхио Перез. Трката продолжи до крајот со безбедносното возило. Британецот успеа да победи пред Макс Ферстапен, и Алекс Албон…
