Author: dino

Женската македонска фудбалска репрезентација со победа ги заврши квалификациите за ЕП откако славеше на теренот на Казахстан со 3:0. Победникот беше решен во првите 45 минути кога нашите репрезентативки постигнаа три гола. Два беа дело на Рочи во 11-тата и 34-минута додека Елма Шемсовиќ постигна погодок во 37-та минута. Македонија на крајот го освои четвртото место во групата во која покрај нашиот денешен противник беа и селекциите на Франција, Австрија и Србија.

Read More

Ракометниот состав на Вардар по мечот со Киелце пријавил дека има неколку заразени играчи кои беа на гостувањето во Полска. Тоа првично го потврди и противникот на Вардарци кој сега ќе оди во изолација. „Киелце доби информација за четири позитивни играчи на коронавирус во редовите на Вардар, кои во средата, на 25 ноември, играа во салата „Легионов“. Поради тоа, целата екипа на Киелце оди во самоизолација која ќе трае до 1 декември“, соопштија од Киелце. Македонскиот состав ќе мора да оди во изолација а ЕХФ ќе треба да ги одложи неговите дуели со ПСЖ и Порто.

Read More

Ќатип Османи од денеска  ќе седи на клупата на нашиот прволигаш Ренова. Тој беше тренер на „гипсарите“од 2012 до 2017 а потоа седеше и на кормилото на Шкендија и на Шкупи. Османи во редовите на тетовскиот клуб  го наследи Бујар Ислами, кој си поднесе оставка откако забележа серија на лоши резултати.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација останува на 65.место на ФИФА ранг листата. Тоа значи дека победите против Грузија и Естонија и поразот од Ерменија, не влијаеја на нашиот пласман во светското рангирање. Од нашите противниците на наредното Европско првенство, најдобро рангирана е Холандија на 14 место,  Австрија е 23-та а веднаш зад неа е Украина. На врвот на листата води Белгија, пред Франција и Бразил.

Read More

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, константно реагира околу набиениот распоред кој делува по здравјето на фудбалерите. Германецот е разочаран од менаџерирањето на термините од страна на водечките луѓе во Премиер лигата во корелација со телевизиите кои ги имаат правата за преноси. На неговите последни критики околу термините и календарот, посебно по вчерашниот пораз од Аталанта, се надоврза и тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо. „Клоп дојде тука во 2015-та година а јас пристигнав во Англија во 2004-та година.  Досега ништо не е променето. Не можеме да ја добиеме битката“ – вели Португалецот.

Read More

Италијанскиот фудбалски стратег, Фабио Капело, откако го анализираше вчерашното дерби во Лигата на шампионите меѓу Интер и Реал Мадрид, му посочи на тренерот на „нероаѕурите“, Антонио Конте дека треба да го промени системот. Калчо-лигашот континуирано ја форсира формацијата 5-3-2 со тројца стопери во одбраната што според Капело мора веднаш да се промени за доброто на тимот. „Тројца дефанзивци против еден напаѓач на Реал Мадрид значи дека сте комплетно инфериорни во средниот ред. Интер повеќе ми се допадна во вториот дел иако имаше играч помалку. Тимот на Конте не функционира со тројца стопери и пет дефанзивци, мора да има промени“ –…

Read More

Управниот одбор на Фудбалската федерација набрзо треба да одлучи што ќе се случува со селекторот, Игор Ангелоски кој има тековен договор до крајот на годината. Бидејќи нашите најдoбри фудбалери направија историски успех токму под диригентскаат палка на Анегловски и обезбедија место на Европското првенство, јасно е дека тој треба да остане и понатаму на функцијата. Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, во денешното интервју се обиде да ја долови неговата слика околу репрезентацијата. „Видете, јас бев уверен дека ние ќе се пласираме на ЕП. Јасно ми е што се се шпекулираше пред мечот со Косово. Па затоа велам да даде Господ…

Read More

Квалификациите за Европското кошаркарско првенство во Талин во кои ќе учествува и нашата репрезентација, дефинитивно ќе се реализираат зад затворени врати. Имено, Владата на Естонија го прифати предлогот на министерот за култура, Тонис Лукас, сите натпревари во затворено да се играат без публика поради ситуацијата со Ковид-19. Во така наречениот „балон“, ќе учествуваат домаќинот, Италија и Македонија. Наш прв противник ќе бидат „аѕурите“ додека во втората средба ќе излеземе на мегдан со Естонија.

Read More

Фудбалерите на Академија Пандев, Силекс, Македонија ЃП и Струга обезбедија место во последниот елиминациски дел во националниот Куп. Академија Пандев направи изненадување совладувајќи го на домашен терен Шкупи со 2 спрема 1, Македонија ЃП беше сигурна на стадионот на Беласица и победи со 4:1. Силекс по изведувањето на пеналите ја елиминираше Шкендија откако мечот заврши без голови додека Стружани славеа минимално против Ренова со 1:0. Двојките за полу-финалето допрва ќе бидат одредени а натпреварите ќе бидат одиграни догодина на 7 април.

Read More

Ненад Димитријевиќ нема да биде дел од Македонската кошаркарска репрезентација на квалификацискиот турнир во Талин. Тој не е опоравен максимално откако ја доби битката со Ковид-19 и по препорака на лекарките нема да патува за Естонија. Таму нашите репрезентативци покрај со домаќинот ќе излезат на мегдан и со Италија. Потврда за отсуството на играчот на Хувентуд дојде и од нашата „куќа на кошарката“. „По вчерашните детални прегледи кои Ненад Димитријевиќ ги направи во клиниката ‘Жан Митрев’ во Скопје, препораките се дека дека тој не е во можност максимално да тренира и да се натпреварува“ – изјави Гечевски

Read More